M E D I C U S - Shoqata e Mjekëve Shqiptarë të Maqedonisë-Hipokrati
M E D I C U S - Shoqata e Mjekëve Shqiptarë të Maqedonisë-Hipokrati
M E D I C U S - Shoqata e Mjekëve Shqiptarë të Maqedonisë-Hipokrati
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
ЛИЧНИ ТРОШОЦИ (2005 По лице % Вкупно население

година)

во денари

во денари

Вкупна потрошувачка за 2,469 100 5,028,994,995

здравствени услуги

Лекови и помагала 1758 71 3,580,791,090

Вонболнички услуги 558 23 1,136,565,090

Болнички услуги 153 6 311,638,815

Извор: Годишен статистички извештај за 2006 година

Според горенаведените сознанија, населението (2.036.855 жители) во

Македонија троши вкупно 5 милијарди денари во самофинансирање (директно од

џеб) која сума пресметана по глава е во износ од 2470 денари. Меѓутоа, бидејќи

оваа сума веќе вклучува и 513 милиони во партиципација, дополнителниот трошок

за здравствена заштита која се плаќа од џеб е 4,5 милијарди денари која сума е

приближно 2217 денари по глава годишно (5).

Табелата упатува на фактот дека поголемиот дел од самофинансирањето во

здравствената заштита се средства во висина од 3581 милиони денари (71%) кои се

трошат на лекови и помагала. Ова е релативно висока сума кога ќе се спореди со

она што го финансира Фондот за истите ставки (11).

Следниот поголем трошок на средства од сопствен џеб е за вонболничка

заштита кој е во висина од 1137 милиони денари или 20% од сумата која ја троши

ФЗОМ за истата ставка на заштита (недостаток на податоци ја отежнува поделбата

помеѓу трошоците за општи лекари и специјалистичка вонболничка зашита).

Во 2007 година ние спроведовме истражување за можностите на

здравственото осигурување во Република Македонија. Анонимно беа анкетирани

2352 лица, од кои 537 беа лекари, 640 медицински персонал (сестри, акушерки,

техничари, лаборанти и др.), 496 пациенти, а 680 беа немецински персонал

(правници, економисти, социолози, психолози и др.). Преку методот на експертска

оценка беа интервјуирани вкупно 59 лица, од кои 42 менаџери (на здравствени

домови, општи болници, приватни болници и универзитетски клиники), како и 17

експерти од областа на јавното здравство. Пациентите беа избрани со намера –

анкетиран беше секој пациент кој престојувал во здравствената установа најмалку

10 дена. Истражувањето беше реализирано во работните денови во деветмесечен

период – од 07 мај 2007г. до 19 фебруари 2008г., и тоа во сите градови и скоро во

сите здравствени установи во Република Македоиија.

Резултатите од истражувањето во делот на доброволното здравствено

осигурување се прикажани во Табела 4, Табела 5 и Табела 6. Добиените резултати

само ги надополнуваат сознанијата од предходното истражување, така што се

добива права слика за можностите на здравственото осигурување во нашата држава

(10).

Имено во Табела 4, јасно се гледа подготвеноста на населението за

доброволното здравствено осигурување, каде што дури 73,3% од анкетираните се

изјасниле позитивно за прифаќање на ваков тип на осигурување. Високиот процент

се должи на подготвеноста на населението за споделување и осигурување на

ризикот од непредвидени трошоци за здравствените услуги.