13.07.2015 Views

Т Е Х Н О Л А Б доо Скопје СТУДИЈА - Министерство за ...

Т Е Х Н О Л А Б доо Скопје СТУДИЈА - Министерство за ...

Т Е Х Н О Л А Б доо Скопје СТУДИЈА - Министерство за ...

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за ОВЖС на проектот Жичарница Скопје – Воднопомошните објекти. Овие влијанија се локални, на самите локации на градба (пример:при копање на дупки за изградба на фундаменти за столбовите, или за трите станицина жичарницата). Овие влијанија се времени и со мала магнитуда.Исто така во текот на фазата на изградба се очекуваат негативни влијанија врзамбиентниот воздух како резултат на емисиите на издувни гасови од работата наградежната механизација и зголемената фрекфенција на транспортните возила(камиони), како и при краткотрајната работа на хеликоптер. Овие влијанија се времени,мали и локални, на самата локација на градба или ограничени на дел од патеката надвижење при транспорт на опремата до местото на градба.Фаза на работаВо фазата на работа на жичарницата се очекуваат позитивни влијанија врзкавалитетот на амбиентниот воздух. Овие влијанија се индиректни, со оглед на фактотдека ќе се намали фрекфенцијата на патничките возила кои најчесто се користат припосета на парк шумата Водно, а со тоа ќе се намалат емисијата на издувни гасови вовоздухот.5.1.2. Влијанија врз површинските и подземните водиФаза на градбаВо фазата на изградба на жичарницата (главните и помошните објекти) не се очекуваатвлијанија врз површинските и подземните води затоа што локациите на градба сепланирани на места каде што нема водотеци, изворишта на вода или плитки подземниводи (заради обезбедување на стабилност на фундаментите), како и фактот дека приваквиот тип на градба се потребни мали количини на вода (потребна за изработка назавршни бетонски работи).Фаза на работаВо фазата на работа не се очекуваат значителни влијанија врз површинските иподземните води имајќи во предвид дека при функционирање на самата жичарница нее потребна технолошка вода, а со тоа не се генерира отпадна вода.За прифаќање на фекалните отпадни води, предвидена е изградба на канализацискаинфраструктура која во делот на долната станица на жичарницата (кај Црквата СветиЈован) ќе биде приклучена на примарните водови на градската канализација на Скопје,а за објектите на Средно Водно и врвот на Водно, на септички јами кои ќе бидатредовно чистени.Исто така не се очекуваат негативни влијанија врз површинските води како резултат нанесоодветно управување со отпадот, заради организираното собирање и одведувањена комуналниот отпад кое е предвидено во рамките на проектните активности.5.1.3. Влијанија врз почватаФаза на градбаВо оваа фаза се очекуваат негативни влијанија врз почвата затоа што за изградба нафундаментите на главните и помошните објекти на жичарницата потребно е да сеизвршат ископи на предвидените локации на градба. Овие ископи се однесуваат наотстранување на лабилните делови на почвата (хумусни и глинени слеви), односноископи до длабочина каде се јавуваат слеви со стабилни геомеханички карактеристики.Технолаб, Скопје 53

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!