13.07.2015 Views

Т Е Х Н О Л А Б доо Скопје СТУДИЈА - Министерство за ...

Т Е Х Н О Л А Б доо Скопје СТУДИЈА - Министерство за ...

Т Е Х Н О Л А Б доо Скопје СТУДИЈА - Министерство за ...

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за ОВЖС на проектот Жичарница Скопје – Водно2.9. Изградба на жичарницатаИзградбата на Жичарницата е планирана да се изврши во две фази. Во првата фаза ќебиде реализиран потегот од Средно Водно до врвот на Водно – Милениумски Крст. Вовтората фаза на реализација ќе биде изграден останатиот дел (потегот од црквата Св.Јован до Средно Водно).По изградбата на првата фаза, тој дел на жичарницата ќе може ведаш да се користи –од Средно Водно, како почетна станица, до Милениумскиот Крст. Ваквата можност ќеостане и по изградбата на втората фаза, односно на целата траса.Изведбените работи започнуваат со расчистување на теренот предвиден за заштитенпојас на трасата и за изградба на главните и помошните објекти – столбови, влезноизлезни станици, гаража, дополнителен паркинг, трафостаници, електрични кабли,водоводни и канализациони цевки итн.При расчистување на теренот ќе се врши сечење на нискостеблеста и високостеблеставегетација која зафаќа површина од околу 5ha. Целата Парк шума Водно зафаќаповршина од 4573ha, од која шумско обрасната е 2168,86 ha (47,4%). Имајќи го ова вопредвид, површината која треба да биде расчистена со сечење на вегетација изнесуваоколу 0,25% од вкупната пошумена површина на Парк шумата Водно.Во АНЕКС 3а даден е извадок од “Посебен план за одгледување и заштита на ПаркШума Водно за период 2007-2016 година“ изработен од Шумарски Факултет-Скопје,март2007 година, со посебни карти на насади, групирни во оддели, според типови навегетација и зафатена површина.Изградбата на фундаментите за столбовите се состои во изведба на подготвителниработи за ископ на дупки за фундаменти, шалување, армирање и бетонирање. Oсвенвратот на темелот, останатиот дел од фундаментот, односно основната темелна плочасе предвидува да биде покриена со вишокот на земја останат при ископот. Запристапот до местата на столбовите ќе се користи самиот заштитен појас, а кај тешкопристапните места ќе се прават дополнителни пристапни патишта или ќе сеупотребуваат долги флексибилни цевки за дотур на готов бетон, по слободен пад, доместото на ваквите фундаменти.Монтажата на металните столбови ќе се изведе со помош на хеликоптер. Имено,столбот и придружната опрема претходно ќе се донесат на соодветна локација каде ќесе монтираат во една целина, а потоа со хеликоптер ќе се транспортираат насоодветниот фундамент каде ќе се прицврстат. На ваков начин, самототранспортирање на претходно склопените елементи со хеликоптер, ќе се одвива брзо иконтинуирано и може да се изведе за неколку часа. Во последната фаза од монтажата,ќе се изврши поставување на јажето и сите дополнителни активности поврзани собезбедносната работа на жичарницата.Станиците и гаражата, кои се монтажни, исто така ќе се изградат со комбиниранаметода – прво изградба на фундаменти, а потоа монтажа на челичната конструкција.По завршување на работите, изведувачот на работите ќе ги расчисти локациите наградба од вишок ископан материјал, градежен шут и неискористен материјал.Технолаб, Скопје 9

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!