12.07.2015 Views

2011 ГОДИШЕН - Zels

2011 ГОДИШЕН - Zels

2011 ГОДИШЕН - Zels

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ <strong>2011</strong>за локална самоуправа за вметнување на забелешките одЗЕЛС за измени во Законот на игри на среќа, со кои се бараутврдување на износ од 2% на сите уплати извршени заопштите и посебните игри на среќа, кои би биле утврденикако изворни приходи на општините и би се алоциралево согласност со местото каде истите настануваат. Овиесредства локалните власти би ги давале за поддршка вообласта на програмите за спорт на младите. Управниотодбор на ЗЕЛС ја поддржа иницијативата на општинаГевгелија, за иницирање на измени во Законот за води,односно за редефинирање на улогата на општината, околунадлежноста на речните корита и врз основа на правилникда може да вршат контролата на правните и физички лица,кои експлоатираат песок, чакал и камен од коритата.Целта е овие стопански субјекти да стекнат обврска посекое експлоатирање, да го уредат речното корито, за дасе спречи излевање на реките во околните земјоделскиповршини. На УО на ЗЕЛС стана збор и за иницијативата наопштина Илинден за дополнување и измена на Законот заживотна средина, во делот на висината на надоместокотза производство на нафта и нафтени деривати. Поаѓајќиод принципот на супсидијарност, на кој е засновансистемот на локалната самоуправа во РМ, начелото„загадувачот плаќа“, во согласност со кое загадувачоте должен да ги надомести трошоците за отстранувањена опасноста од загадување на животната средина, сепредлага воведување на локален надомест, во согласностсо Законот за финансирање на единиците на локалнатасамоуправа, без директни импликации во буџетот.16-та седница на УО на ЗЕЛСНа 16-тата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, штосе одржа на 28 февруари, <strong>2011</strong> година, во просториитена Асоцијацијата, се дискутираше за можностите наопштините за издавање на општински обврзници. Наседницата присуствуваше и министерот за финансии, ЗоранСтаврески, кој го презентираше Прирачникот за издавањена за издавање на општински обврзници: одлука на Советотза задолжување и одлука за издавање на општинскиобврзници/ барање на мислење за задолжување до МФ/ согласност од Владата на РМ/ барање за одобрениеза издавање на хартии од вредност до КХВ/ решениеод Комисијата за хартии од вредност за општинскиобврзници, подготвен од страна на Министерство зафинансии. Членовите на УО беа запознаени со постапкатаиздавање на хартии од вредност/ емитување на општинскиобврзници по пат на приватна или јавна понуда. Бешепрецизирана и содржината на барањето на мислење доМинистерството за финансии, а,исто така, беа разгледании видовите на понудите: приватна понуда (познатинвеститор, институционални инвеститори, ограничен бројинвеститори и претходен договор за откуп на обврзници)и јавна понуда (непознат инвеститор и јавен повик зазапишување и купување обврзници). Беше заклучено декаЗЕЛС ќе го дистрибуира овој прирачник до сите општини,заедно со презентираниот материјал, а беше и договоренода се одржи заедничка конференција на која ќе се отвористручна расправа за целите, постапката и системот наиздавање на обврзници.На седницата беа изгласани и членови во Комитетотза градежно земјиште – сопственост на РепубликаМакедонија, во согласност со Законот за градежноземјиште, каде се утврдени надлежностите и на овојКомитет во однос на издавањето на лиценци за управувањесо градежното земјиште на општините. Номиниранибеа: Рамиз Мерко, градоначалник на општина Струга,Александар Петрески, градоначалник на општина Охрид иМаријан Ристески, градоначалник на општина Прилеп. Насостанокот присуствуваа и претставници од невладинатаорганизација која го реализира проектот „ Ден на дрвото“,кои ги запознаа со процесот на спроведување на акцијата,при што беше потенцирано дека општините може да18

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!