Телефони: HTC Desire SЖелба за повеќеНајновиот фејслифт на најдобрата Android серија од HTC го потврдува маркетиншкиотслоган со кој се продава – „Земи го најдоброто – и подобри го!“Екранот на HTC Desire S со големина од 3.7“ (9,4 cm) со резолуцијаод 480 x 800 има Gorilla Glass дисплеј кој е отпорен на секакви механичкипредизвици кои купчето клучеви може да ги предизвика воџебот.Фабрички, уредот доаѓа со најновата верзија на Android 2.3(Gingerbread) оперативен систем кој со себе носи подобрувања какобрзина и едноставност на интерфејсот, подобро управување и контролаврз апликациите кои работат во позадина (потрајна батерија),внесување текст и слично. Android 2.3 го олеснува внесувањето натекст со помош на маркери и multitouch гестови за полесно движењеи уредување на текст, па така не се ни чувствува недостатокот наscroll. Секако големата новина за оние кои редовно кубурат со просторза апликации и успеваат да ги искористат 1,1 GB интерна меморијаза апликации, е дека Android 2.3 на HTC Desire S нуди можностда ги инсталирате и префрлите постојните апликации на SD картичката.„Возење на телефонот“Процесорите кои го „возат“ телефонот се 1 GHz Scorpion- централенпроцесор и Adreno 205 - графички процесор кој помага да се снимаати репродуцираат видео клипови со резолуција од 720 p и 30 fps.Одлична е и можноста за репродукција на DivX видео која доаѓа инсталиранасо самиот телефон.Уште една новина на новите Android уредие и можноста за користење на WiFi адаптероткако интернет acess point за други безжичникорисници. DLNA опцијата, пак, ќеви овозможи директно пуштање на клипови,слики и музика од вашиот телефон на вашиотдомашен телевизор без помош на каблии дополнителни поврзувања. Дознајте гопасвордот на домашната мрежа на вашиотпријател (демек, да проверите нешто итно),и приклучете му се на телевизорот правејќиинтервенции во неговата омилена здодевнатурска серија, заради која ни пијачка уштене ве послужил. Клипчињата што ги правиHTC Desire S можно е да се и технички подобриод серијата.„Огледалце, огледалце мое“Примарната камера има 5 MP за одличнифотографии со стабилизација на сликата, аза снимање во секакви услови постои можностаза вклучување LED блиц. Секундарнатакамера може да се користи за видео разговори,а за дамите, постои и опцијата да секористи како огледалце за да си ја провератшминката.Во самиот уред е преинсталирана и апликацијаза GPS авто-навигација која ги зачувувамапите на SD картичката (не е потребен податоченсообраќај во роаминг), но доколкусакате да ја користите треба да се плати временскиограничена лиценца која може да сеплати со картичка од самиот телефон и нее посебно скапа. Вградената апликација зачитање е-книги ги препознава форматите нае-книги на вашата SD картичка и автоматскиги додава во листата. Читањето никогаш небило полесно.Bluetoooth, дигитален компас, акселерометар,канцелариски алатки, е-пошта, умнобирање (мојата омилена Android опција) сеуште нешто што зеленото Android 2.3 роботчеможе да ги среди за вас. Во моментов тоастрашно се досадува чекајќи на полица воT-<strong>Mobile</strong> продавница – дајте му работа, гобива!Ј. Г.8 Твој Клуб
ZTE V9 SmartpadСите за таблет,таблет за секого!Не мина долго време од појавувањето на првиот таблет на македонскиотпазар, до појавувањето на верзијата која секој може да си ја дозволи. Сеработи за таблет со Android 2.1 произведен од ZTE. Што? Не сте чуле за ZTE?ZTF e четвртиот најголем производител восветот според бројот на продадените уреди.Добро, и не е толку страшно - и HTC беше „некојсикинески производител“ пред 3-4 години.Фокусирајќи се на она што се нуди (а нена логото на ZTE), „од прва“ може да се забележидека се работи за производ сосемасличен на конкурентските - дисплеј од 7” (17,8cm) дијагонала на екранот со резолуција од800 x 480 и само 400 грама тежина. Мора дасе признае дека карактеристикиве се идеалниза искрено дефинирање на уредот какомобилен. Денешните преносни компјутери– лаптопи, делуваат големи како фрижидерикога ќе се постават до ZTE Smartpad.А функционалноста?Интернет, социјални мрежи, разговори, филмови, е-книги, e-пошта,SMS, канцелариски алатки и сите апликации што можат да се презематод Android маркетот – ви треба ли нешто повеќе од мобилниотуред? Можеби малку појак процесор од Qualcomm MSM7227 600MHz, ама тоа речиси и не се чувствува. Интернет пристапот е овозможенпреку 3G мрежата со помош на вградената SIM картичка којаво T-<strong>Mobile</strong> може да се добие со некоја од податочните тарифи, купувајќиго и самиот уред по супер цена. Доколку, пак, имате безжичнамрежа во вашиот дом, на работа, или во омиленото кафуле, можетеда го користите и вградениот WiFi адаптер. Одлична играчка за помладитечленови на семејството кои ќе ве оставаат раат на вашиот „сериозен“таблет или лаптоп, додека не сфатите дека ги правите сосемаистите работи - Facebook и Angry Birds.Фронталната камерата можете да ја користите за разговори прекувидео повик или Skype, а заднинската од 3 MP, иако не е јака странана уредот, ќе заврши работа... ZTE e идеален придружник за патување– било да се работи за гледање филмови на задното седиште,читање е-книги, навигација до саканата дестинација со вградениотGPS или за одговарање на службена е-пошта, а батеријата од3400mAh сигурно ќе издржи 6-7 часа агресивно користење.Вградени се и FM радио, дигитален компас, акцелерометар иBluetooth преку кој може да се приклучат слушалки со микрофон зада се користи уредот за разговори.Ако по сето ова, сè уште ви пречи другите да го гледаат она ZTE логои само затоа не би го купиле, имајте предвид дека шишенце ацетончини само 50 денари...Ј. Г.Твој Клуб9