12.07.2015 Views

преземи PDF документ - T-Mobile

преземи PDF документ - T-Mobile

преземи PDF документ - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Книжевно пријателство12. Роман на годинатаНајголемата книжевна награда во Македонија со Т поддршка се додели по 12. пат.Годинашен лауреат е романот „Човекот што ги сакаше калинките“ од Душко Родев, авредносниот ваучер од 150 000 денари го врачи Димитар Ковачевски, Извршен директорна Областа за комуникација на ниво на Групација.ПрофилДушко Родев е современ македонски писател,книжевно активен половина век. Автор ена 6 романи, три збирки раскази и две драми.По негово сценарио е снимен и ТВ-филмот„Дивеч за отстрел“. Добитник е на повеќенајугледни награди за расказ во Македонија,застапен во повеќе антологии. Романот „Човекотшто ги сакаше калинките“ е издание одминатата година на „Македонска реч“.Од 1999 година кога почна да се доделуваоваа значајна книжевна награда на „Утринскивесник“ која првенствено го поттикна развојотна жанрот, беа наградени најразличниостварувања, во смисла на тематски интерес инаративна реализација. Добитниците, од годинав година ја градат своевидната антологијана најдобрите македонски романи, промовирајќинови писателски имиња или докажувајќиги веќе афирмираните. Со оглед на фактотдека ова е награда за најдобар романесктеннаслов, а не автор, наградените романи на „Утринскивесник“ се најрепрезентативната едицијаво Македонија, најдобриот книжевен производподготвен за пошироко претставувањена македонските книжевни досези.Годинашниот победник, романот „Човекотшто ги сакаше калинките“ зад својот поетиченнаслов произлезен од една одлична, симболичнаи повеќезначенска сцена во романот,донесува одмерена и книжевно издржана историографскаприказна за Илинденскиот период,за војводата Асенов и неговата несреќнаневеста – Ана Малешевска. Врз автентичнаисториска предлошка, но поаѓајќи од еден личен,психолошки ракурс, од навидум минорниотдетаљ, миг, поглед, (по)мисла, Родев ја доцртуваголемата историска мапа на вистината,како што тоа веќе поодамна се прави и допрваво најрелевантната домашна и светска книжевнапродукција. Спокојно и раскажувачки мошнеискусно, Родев напишал роман скромен пообем, но суверен во дострелот и жанрот. „Човекотшто ги сакаше калинките“ се чита брзо,се заборава бавно, тоа е роман за минатото,за вистината, љубовта, за недоразбирањето, зазанесеност и заведеност од мигот, од чувството,од збудаленото лично што посегнало позаедничкото... Ваквото суптилно, високо литерарнодоисцртување на беглите факти и состојбиод историското минато придонесува за штопојасна претстава за денот денешен. Историографскатафикција не е помодност, таа е еденвид глад на книжевната сегашност.Сите досегашни добитници на Роман на годината1999 – „Куќата на Мазарена“, Слободан Мицковиќ2000 – „Папокот на светот“, Венко Андоновски2001 – „Бунар“, Димитар Башевски2002 – „Разговор со Спиноза“, Гоце Смилевски2003 – „Изгубениот жегол“, Милован Стефановски2004 – „Куклите на Росица“, Оливера Николова2005 – „Џахиз и истребувачите на кучиња“, Пајо Авировиќ2006 – „Снегот во Казабланка“, Кица Колбе2007 – „Нишан“, Блаже Минески2008 – „Индиго Бомбај“, Јагода Михајловска-Георгиева2009 – „Дваесет и првиот“, Томислав Османли2010 – „Човекот што ги сакаше калинките“, Душко РодевТвој Клуб 31

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!