Ексклузивно: Концертот на „Џамироквај“ во ВиенаМаестрална фанк одисејашто доаѓа кон вас со 36 000милји на часВеројатно малкумина сè уште останаанезапознаени со „Џамироквај“ (Jamiroquai)и со сензациите и фасцинациите што овојбенд ги предизвикува, подеднакво на своитестудиски албуми, како и на живите сценскинастапи. Она што можеби не го знае секоје дека името на бендот, всушност е игривакомбинација од поимите „Jam session“(џем сесија) и „iroquai“, инспирирано оддомородното американско племе Iroquois.Кои се, всушност, „Џамироквај“?Со завиден ентузијазам, професионалности музичка перфектност, „Џамироквај“ сеизвонредна британска џез-фанк и асид-џезформација, која својата кариера ја започнаво 1992 година во Лондон, предводенаод шармантниот Џеј Кеј. Оттогаш наваму,галопираат на топ листите со повеќе од 20 топсинглови, над 25 милиони продадени копииод своите 7 студиски албуми, Греми награди,платинести изданија, и еден куп признанија,отмено спакувани во неверојатната 19-годишнакариера. По неколку претрпени измени восоставот, моменталната постава на бендот,која повеќе од очекуваното ја растресе ивоодушеви публиката во „Штадхале“, Виена,е: Џеј Кеј (Jay Kay) фронтмен и вокал, ДерикМекКензи (Derrick McKenzie) тапани, Роб Херис(Rob Harris) гитара, Шола Акингбола (SolaAkingbola) перкусии, Мет Џонсон (Matt Johnson)пијано и Пол Тарнер (Paul Turner) бас гитара.„Одите до Виена, само за концерт?“Изминатите 1 038 километри автопат нарелацијата Скопје – Виена, веројатно незначат многу повеќе од бројка, особено когазнаете каде одите и што ве очекува таму. Когасте запознаени со топлината и убавинитена Виена во пролет, кога сте маѓепсани одгостоприемливоста и ведрите лица, сончевитеградини и возвишените виенски градби. Но,пред сè... кога сте понесени од помислата заенергијата и моќните звуци што ве очекуваат...и настапот на составот што отсекогаш стесакале да го слушнете на совршено место, восовршени услови, беспрекорно, баш како штодоликува...А Виена сама по себе е бескрајна. Редум20 Твој Клуб
3Најтопла препорака – никако не пропуштајте ги!Во рамките на концертната промоција на новиот албум „Rock Dust StarLight“, „Џамироквај“ во моментов се на европска турнеја. На наше огромнозадоволство, турнејата вклучува концерти на неколку дестинации близу донас. Токму на 21 јуни ќе настапуваат на нам веќе добро познатиот T-<strong>Mobile</strong>InMusic Festival, а доколку Загреб ви се чини далеку, без грижи, затоа штобританскиот состав ќе одржи концерт и на српскиот „Егзит“ фестивал, наПетроварадинската тврдина во Нови Сад, на глАВНИОТ стејџ, претпоследнатавечер, на 9 јули. Во Јули се спомнува и Скопје, останува да видиме... Повеќеинформации за бендот, настапите и албумите, побарајте на официјалниотсајт, како и на социјалните мрежи:http://www.jamiroquai.com; http://www.twitter.com/jamiroquai;http://www.myspace.com/jamiroquai; http://www.youtube.com/jamiroquaivideohttps://www.facebook.com/pages/Jamiroquai/6220201117музеи, галерии, театри, изложби, концерти...Има толку што да се пишува, опишува ираскажува... нешта и случувања коиштоверојатно ќе останат да бидат напишани вонекоја следна прилика, бидејќи акцентотостанува само на едно место и едно случување– „Џамироквај“ во виенската „Штадхале“.Џеј Кеј: „Ако го испорачаш соодветно,функционира. Златно правило!“За да се долови перфектноста на музикатаи автентичноста во изведбата на составкако „Џамироквај“, неизбежна, а и повеќеод важна, е формата. А Виена, веројатное совршениот избор за вакво комплетнодоживување. Огромна концертна сала сосовршена акустика, разбрана, културна ирасположена публика, моќно, мегаломанскоозвучување и студено австриско пиво,зачинето со фанки шизење и неуморнавокална изведба од страна на харизматичниотЏеј, е секако најсоодветната испорака напакетот од „камења, прав, светлина и ѕвезди“…И како недоброј пати досега, целта ги оправдасредствата, а правилата на Џеј повторно сепокажаа соодветни. „Оставете ја музиката дазборува“... да биде во центарот на вниманието...„Запрете со сè што правите и навлезете вогрувот...“.Космичката девојка го пресретнадиско ИндијанецотИзведбата ги надмина очекувањата … Какоконцертна промоција на новиот, последенстудиски албум на „Џамироквај“, публикатабеше подготвена да слушне поголем дел одновите хитови. Но, воодушевувањето за дабиде уште поголемо, а импресиите пожестокиод кога и да е, бендот сервираше фантастичнаинтерпретација на старите добри хитови,несебично збогатени со нови, подобри одкога и да е, џем-сесии, заводливи аранжмани,интригантни интроа и неверојатен балансна фанки-грувот и музичката прецизност наБританците. Извонредната сценографијазбогатена со висечки планети и ѕвезденитела, пламна во мигот кога тие се појавијана сцената. Присутните „космички девојки“испраќаа гласни воздишки и му дадоа на Џеј„нешто што никој друг не може да даде“. Икако што им прилега на светските музичари,„Џамироквај“ несебично ја „употреби јасилата“ за публиката несомнено да се„почувствува токму како што треба“. Пријатноизненадена, цели два часа „едноставнотанцуваше“ и неуморно ги пееше стиховите насвоите омилени песни. И сосема очекувано,целата сала успеа да го почувствува слаткото„патување без движење“ кон една поинаква,музичка хармонија. Еуфорично патување низмузиката на Џеј, патување кон неповторливатафанк одисеја...И секако, верувајќи во моќта насподелувањето, ова беше ретко фасцинантеннастан којшто вредеше (и мораше) да сесподели.Марија СтарделоваТвој Клуб 21