12.07.2015 Views

преземи PDF документ - T-Mobile

преземи PDF документ - T-Mobile

преземи PDF документ - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Нови технологииSixthSense:Иднината на преносните компјутериСе сеќавате ли на сцените од филмот „Малцински извештај“ каде што Том Круз на работното место наместоекран на компјутерот работи во воздух на проекција на слика која се појавува во воздухот!? Или когаинспекторот Хорацио од CSI Мајами решава некој случај со помош на слична компјутерска технологијаи интерфејс, ефективно завршувајќи го со некоја „мудра“ реченица и драматично ставање на очилата засонце!? Епа, верувале или не, оваа технологија од филм веќе се префрла во вистинската реалност.Умните „чичковци и тетки“ од Институтот за технологијана Масачусетс (Massachusetts Instituteof Technology - MIT) решиле светот на преноснитекомпјутери и смартфони да го „извадат“ одвообичаената форма иод сè што е околу нас.Всушност, решиле данаправат компјутер, илипоедноставно, револуцијана сè што знаеме досегаза компјутерите и за телефоните.На овогодишнатаComputer-HumanInteraction (CHI) конференцијаво Бостон претставен е најновиотпрототип SixhtSence,носечка платформа која гопроширува физичкиот свет надигитални информации, прекууправувањето со помош нагестикулации.Замислете си да можете да ја проверите вашата е-поштана која било и каква било празна површина (ѕид, столче ислично), едноставно цртајќи го „мајмунчето @“ во воздухотсо прст, или да проверите колку е часот со цртање круг вовоздухот што ќе резултира со проекција на аналоген часовник. Сакатеда фотографирате? Само спојте ги палците со показалците во облик нарамка и веќе сликате!„Глуви и слепи“ компјутериД-р Пати Мајс (Pattie Maes), водителот на проектот, вели дека денешнитепреносни компјутери се корисни, но се „глуви и слепи“, т.е. мораме дапрестанеме да го работиме она што го работиме за да можеме да гипобараме информациите што ни се потребни во моментот. „Сакаме данаправиме систем кој донекаде ќе разбира каде се наоѓа корисникот,што работи и со кого е во интеракција. SixthSence тогаш активно можеда му ги дава достапните информации на корисникот, во зависност одситуацијата“, вели Maјс.SixthSence веќе доста се има променето откако идејата е зачната минататагодина. Во почетокот се состоел од веб камери прицврстени на вело-сипедска кацига, додека денес се состои од мали вебкамери и проектори со големина на кутија цигари коикорисникот ги носи околувратот. Со тоа доаѓа и смартфонкој го „врти“ SixthSenceсофтверот и овозможуваповрзаност со интернет.„Дигиталнооко“Камерата служикако „дигиталнооко“, односно гиснима движењатана палците и показалцитена корисникот.Софтверотна смартфонотги бара информациите на интернет кои биможеле да бидат од корист во моментот итогаш проекторот ја презема работата. Даречеме дека сте во книжарница и држитекнига. SixhtSence ќе го препознае тоа и ќесе поврзе на Amazon.com. Потоа ќе ви гиприкаже рецензиите и цените на самата обвивка на книгата.Исто така системот се приспособува кон корисникот,така што можете да одберете некој друг сервис (наместо Amazon) запреземање податоци.Хардверот кој е користен за прототипот и не е толку скап, само 350 долари,но софтверските барања е потешко да се исполнат, бидејќи системотсето време се обидува да открие каде се наоѓате и што сакате. Зарадитоа е тешко да се прават апликации од едно место, па водителите напроектот решиле SixhtSence да биде отворена (open source) платформа,така што сите заинтересирани ќе можат да прават апликации за него.Никој кој работи на развојот на SixthSence технологијата не верува декаво целост ќе бидат заменети лаптопите и смартфоните, туку дека во некоиситуации преку неа ќе биде поедноставно да се дојде до саканите информации.Водителите на проектот на шега додаваат дека нивниот изуме барем социјално поприфатлив, од, да речеме, Bluetooth слушалките,чии сопственици на улица изгледаат како да зборуваат самите со себе.18 Твој Клуб

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!