Нови апликацииФорсквер: Забавата етаму каде што сум јас!Колку пати ви се случило да го заборавите телефонот дома и да се вратите по него, затоа што е повредени од паричник? Во постојано движење сме, секогаш со нашите мобилни електронски пријателчиња.Вистинската забава започнува кога тие мали пријателчиња ќе нè спојат со нашите милипријатели од вистинскиот живот, правејќи ни го животот поубав. Со потекло од Силиконската долина,најновиот хит во мобилните апликации ни го нуди Форсквер (Foursquare), апликацијата со којасе „чекирате“ каде сте, станувате „градоначалник“ ако доволно често сте на едно место, а група намногу корисници на едно место прави „рој“. Забавата е таму каде што сте!Ако сте отвориле „Нова Македонија“ на 24февруари ќе сте го прочитале следниовнаслов: „Прв организиран Форсквер-собирво Македонија“. Во него се спомнуваатТвитер, хаштаг, #4sqmk,.. ништо не ви ејасно?едноставно не знаете каде да излезетево среда навечер, можете да видитекои места се најпопуларни кај вашитепријатели, по категории. Освен тоа, можетеда оставите tip за одреденото место, например да препорачате нешто од менитоили амбиентот и да ги видите сите tips коисе оставени од други корисници. Одличназанимација за урбаниот авантуристи мапа на популарноста на градот,Игра на откривањеСекој корисник може да пријави ново местово мрежата на локации на Форсквер и даго смести во одредена категорија, и тукапочнува битката за „градоначалници“. Акосе најдете во непознат дел од градот илиА што е тоа Форсквер?Форсквер е гео-локациска апликација која се инсталира на вашиот телефон, се поврзува соGPS уредот на телефонoт, ги наоѓа местата околу вас и вие се „чекирате“ или „пријавувате“дека сте во ноќен клуб „Сектор“, дека плаќате сметка во Т-<strong>Mobile</strong> во ГТЦ или сè уште сте наработното место...16 Твој Клуб
изградена според критериумот на вашитепријатели. Пријатели, но во исто време и...конкуренција.Трка (битката е лута,а победата – слатка)Ако доволно често се пријавувате на некоеместо, станувате „градоначалник“ или „mayor“,а верувајте на популарните места тркатаза „градоначалник“ бара многу шетање ипријавување! На пример, голема трка е дасе биде „градоначалник“ на ГТЦ или на„Рамстор“, Плоштад Македонија, „Дал Мет Фу“и слични многу прометни места. Станувате„градоначалник“ кога ќе се пријавите повеќепати од претходниот „градоначалник“, пабитката е лута, а победата - слатка. Освентоа, собирате поени за секое пријавување, адобивате повеќе поени по различни основи –сте се пријавиле заедно со „градоначалникот“,се пријавувате на место каде вашиот пријателе „градоначалник“, првпат се пријавуватево место со одредена категорија итн. Освентоа, посебно слатки подароци се т.н. беџови,кои ви се доделуваат (како на извидниците),кога ќе направите нешто со одреден услов– ако се „чекирате“ во место означено какоCoffee Shop 10 пати, ќе го добиете Fresh Brewбеџот, а ако се „чекирате“ 10 пати во местокатегоризирано како Yoga Studio, добиватебеџ со име Downward Facing Dog. Дури има иедно „чекирање“ од вселената!ЗаедницаСе разбира, да играте игра сам воопштоне е забавно, нели? Затоа велиме декаполовина од играта се пријателите коиги имате на Форсквер. Можете да гипоканите пријателите од Твитер и Фејсбук,или да поканите некого по електронскапошта. Во секое време можете да следитекаде се пријавиле вашите пријатели и даоставите коментар или да закачите сликана некое пријавување. Галериите на сликиостануваат врзани за тоа место, па случајни„поминувачи“ ќе можат да ги гледаат и воиднина. По желба, можете да ги поврзетевашите движења и по другите социјалнимрежи и да правите broadcast насекаде.Создавачите на Форсквер бездругонасетувале дека заедницата е тајнатасостојка зад нивниот успех, па ги пресликалетркањето и играњето во групна активност;така ќе добиете специјален беџ т.н. „рој“ или„сворм“ ако се чекирате со 50, 250 или 500луѓе истовремено.Тоа се случи во Македонија - тоа е веста во„Нова Македонија“ со која го започнавме овојтекст. Во „Рамстор“, стотина луѓе се пријавијаедна сабота на крајот од февруари, и ги ставијаСкопје и Македонија на картата :) Тоа е една одоние работи – или си страстен обожавател илите иритира. Во која група спаѓате вие?Елена Христов, менаџер на кафе-барот „Опера“за вредноста на Форсквер„Како новоотворен кафе бар моравме да најдеме начин за да си го обезбедиме нашетоместо меѓу големиот број локали, па се обидовме да ги искористиме можностите што ги нудиинтернетот. Покрај тоа што сме активни на веќе популарните социјални мрежи Фејсбук иТвитер, се решивме да се активираме и на Форсквер и да понудиме специјална понуда за10% попуст за оној кој ќе ја заслужи титулата ‘градоначалник’ на кафе-бар ‘Опера’. ИакоФорсквер не беше популарен на почетокот, во последно време се забележува зголемен број‘чекирања’ најверојатно со порастот на понудата за паметни телефони од нашите оператори,поради што сме презадоволни. Форсквер е доста интересен, особено за новите бизниси,бидејќи преку корисниците многу брзо може да се рашири добриот збор, но мора и да севнимава затоа што лошиот се шири уште побрзо. Ги цениме и се радуваме на сите ‘совети’ ифотографии кои нашите гости ги споделуваат со нивните пријатели преку социјалните мрежина нашите профили. Со новата верзија на мобилната апликација на Форсквер беа додаденинови можности за промоција на ‘специјални понуди’, па во план ни е наскоро преку нив дапромовираме и понуда на летно мени со ладни кафиња и нови коктели.“Изненадувања, награди, вредност забизниситеЕдна од најпривлечните придобивки одкористењето на оваа апликација, освенвиртуелните награди како „градоначалник“или беџ е можноста за вистинска наградана одредени места. Значи, доколкусопственикот на одреден локал (кафуле,дискотека, кино, слаткарница...) одреди декана „градоначалникот“ му следува одреденпопуст, или дека ако се задоволи условотпетмина да се пријават во исто време, имследува попуст – само треба да го покажетевашиот телефон на службеното лице и годобивате ветеното. Речено – сторено!Многу брендови го користат Форскверза наградување на лојалноста на своитекорисници, на пример Starbucks, другиза промоција на своите производи – какобилборд кој дава бесплатен примерок храназа кучиња со секое пријавување на него, илипак, за зајакнување на брендот со оставањеtips. Кај нас, порталот 365.com.mk ја наградизаедницата со огромен број на tips кои гозбогатуваат искуството на урбано откривање,а брендови како Dormeo почнаа срамежливода се појавуваат со свои понуди на пазарот.Во Скопје има 6 места кои нудат некакванаграда за вас, откријте ги и забавувајте сево играта!Мапа на вашето задоволствоНе е доволно да го прочитате овој текст ида одлучите дали припаѓате во страстнитеобожаватели или во оние другите. Преземетеја соодветната апликација за вашиот телефонод App Store, Android Market или Ovi Store,пробајте дали ви одговара модусот на урбанооткривањe – и сами исцртајте ја мапата навашето задоволство во градот!Калина ЗографскаТвој Клуб 17