11.07.2015 Views

ЗЕЛС годишен извештај 2012

ЗЕЛС годишен извештај 2012

ЗЕЛС годишен извештај 2012

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ВИЗИЈА, МИСИЈА ИСТРАТЕГИСКИ ЦЕЛИ4Заедница на единиците на локалната самоуправа наРепублика Македонија (ЗЕЛС) е непрофитна организацијаи единствена национална асоцијација во која на доброволнаоснова членуваат сите 84 општини и Градот Скопје, какопосебна единица на локалната самоуправа. Таа е основана на26 април, 1972 година, како Заедницата на општини и градовии овој датум е утврден во Статутот на ЗЕЛС и прогласен за „Денна општините”. Во април, 1998 година, на конститутивнатаседница на новата структура, Заедницата на општини иградови и статутарно се трансформира во ЗЕЛС, односно годобива сегашното име - Заедница на единици на локалнатасамоуправа на Република Македонија. Оваа година ЗЕЛСго одбележа јубилејот на четириесетгодишното постоењена Заедницата, со организирање на свечена академија, подмотото „ЗЕЛС 40 години во служба на општините”.За реализација на целите, ЗЕЛС ги вклучи сите интелектуалнии технички капацитети на општините, формирајќи посебникомисии (вкупно 13) кои ги опфаќаат надлежностите налокалните власти, како и професионални мрежи (вкупно 14)на општински одговорни лица. Во рамките на ЗЕЛС функционираати три единици: ЗЕЛС тренинг центар (ЗТЦ), потоа, ЗЕЛСединица за поддршка на електронски услуги (ЗЕПЕ) и Канцеларијана ЗЕЛС за информирање, со седиште во Брисел (Белгија).За ефикасно функционирање, во согласност со Статутот наЗЕЛС, утврдени се следниве органи:Генерално собрание, составено од 85 градоначалници;Управен одбор, составен од 19 члена;Надзорен одбор, составен од 5 члена;Комитет на советите, составен од 12 члена.Поддршка на работата на овие тела, дава стручната службана ЗЕЛС. ЗЕЛС дејствува и на меѓународно ниво. Таа е членкана: ЦЕМР – Совет на европските општини и региони, НАЛАС -Мрежата на националните асоцијации на локални власти одземјите во Југоисточна Европа, АЛДА - Асоцијација на агенцииза локална демократија и ја игра улогата на Секретаријат наградоначалниците –делегати во Конгресот на локалните ирегионалните власти на Советот на Европа (ЦЛРАЕ) и на Заедничкиотконсултативен комитет меѓу Република Македонија иКомитетот на регионите на Европската унија. ЗЕЛС придонесуваза развој на локалната демократија и за успешно спроведувањена децентрализацијата на власта и дава активен придонесво залагањата на нашата земја, за влез во Европскатаунија и во НАТО.Активностите на ЗЕЛС и напредокот на децентрализацијата вонашата земја, сè повеќе предизвикуваат интерес кај поголемброј асоцијации на локални власти од други земји и странскидржавни институции кои сакаат да соработуваат со ЗЕЛС и дацрпат непосредни искуства од активностите на Заедницата, зашто оваа година, ЗЕЛС го посетија повеќе странски делегации.Во декември, ЗЕЛС прими делегации од Република Молдавијаи од Украина, а во претходниот месец и од регион од Турцијаи Кина.ЗЕЛС беше во фокусот на интересот во периодот на градењетона регулативата за децентрализација на власта, нонејзината улога е уште позначајна денес, во процесот наимплементирање на пренесените надлежности на општинитеи развивањето на локалните власти во правец на создавањена „општина по мерка на граѓаните”, или „европскаопштина“.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!