11.07.2015 Views

ЗЕЛС годишен извештај 2012

ЗЕЛС годишен извештај 2012

ЗЕЛС годишен извештај 2012

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Годишен извештај <strong>2012</strong>ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ 40ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ЗЕЛС(1972-<strong>2012</strong>)„ - 40 “На 26 април, <strong>2012</strong> година, во хотелот „Холидеј ин “ во Скопје, ЗЕЛСорганизира свечената конференција по повод одбележувањетона јубилејот „40 години во служба на општините”. (1972-<strong>2012</strong>). ВоСтатутот на ЗЕЛС, 26 април е прогласен за Ден на ЗЕЛС и Ден наопштините во земјава, бидејќи на овој датум, во 1972 година сеодржало Основачко собрание и била формирана Заедницата наопштини и градови на Македонија. Иницијатива покренале тогашнитепретседатели на собранија на општините: Куманово, Кочани,Охрид, Скопје и Тетово. Претставници на околу 30 општини,во просториите на „Салонот 19-19 “, лоциран во барака број12, во Градот Скопје, го усвоиле Статутот на Заедницата, донелестратегиски документи и одлуки за начинот на нејзината работа.За прв претседател на Заедницата бил избран тогашниот претседателна Собранието на Град Скопје, Драгољуб Ставрев. Билоформирано Претседателство, Надзорен одбор и Одбор за комуналенопштински систем, како и одбор за урбанизам и комунално–станбени прашања. Со тоа, како што е запишано во архивскитедокументи „создадена е цврста платформа за најширокасоработка на комуните во Македонија“.На академскиот час, присуствуваа актуелни градоначалници,но и претставници од некогашните структури на Заедницата,претставници на Владата на Република Македонија и Собраниетона РМ, претставници од дипломатскиот кор и од меѓународниорганизации присутни во нашата земја кои се значајни поддржувачина активностите на Заедницата, како и голем број пријателина ЗЕЛС, соработници и медиуми. Во името на Владата на РепубликаМакедонија, присутните ги поздрави Владимир Пешевски,заменик на претседателот на Владата на РМ, задолжен за економскипрашања, а говореше и министерот за локална самоуправа,Невзат Бејта. Поканата за свеченоста, ја прифатија и поголемброј на претставници од дипломатскиот кор во земјава, а краткиобраќања имаа амбасадорот на Европската унија, во земјава,Аиво Орав, потоа амбасадорот на САД, Пол Волерс, како и амбасадоротна Швајцарија, Стефано Лазарото. Меѓу гостите беаи претставници од српската и турската асоцијација на локалнивласти, а стигнаа честитки и од албанската и бугарската асоцијација.Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, во својот говорпотсети на историскиот развој на ЗЕЛС и паралелно на развивањетона локалната власт, со сите свои падови и издигнувања.Периодот во деведесеттите години од минатиот век, беше потенциранкако најтежок за Заедницата, поради силната централизацијана власта. И во вакви услови, Заедницата презела значајниактивности и следните пет години ја водела битката прединституциите во државата, за враќање на редот во „развластените“општини. На 1 ноември, 1995 година, се донесува нов Законза локална самоуправа, во кој се дефинирани 123 општини иГрадот Скопје, а во членот 10, став 5, е утврдено: „ единиците на37

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!