11.07.2015 Views

ЗЕЛС годишен извештај 2012

ЗЕЛС годишен извештај 2012

ЗЕЛС годишен извештај 2012

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Собранието на РМ, со цел зголемена соработка при разгледувањена законите кои се однесуваат на локалната самоуправа иконструктивни консултации со општините во подобрувањето назаконската регулатива во полза на општините.Одржана 11-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛСво ОхридНа седницата беа разгледани значајни документи и планови заработењето на Заедницата, кои треба да бидат усвоени од највисокототело на ЗЕЛС, Генералното собрание. Студијата за банка наопштините беше презентирана од страна на експертите избранина објавениот јавен тендер на ЗЕЛС. Членовите на УО истакнаадека ваква банка ќе биде исклучително во функција за општините,особено при искористувањето на средствата од европскитефондови, каде најчесто се финансира дел од проектот, па потоасе префрлаат средствата. Беше истакнато дека банката ќе биде вополза на сите општини, а особено во полза на помалите општини,кои располагаат со многу мали буџети. Управниот одбор заклучида се прошири Студијата со дополнителни елементи кои ќедадат резултати за степенот на нејзиното позитивно работење иутврдување на можните начини на функционирање. На седницатабеше образложен Предлог - планот за работа на ЗЕЛС за 2013,буџетот на ЗЕЛС за 2013 година и Планот за јавни набавки за 2013година. Управниот одбор на ЗЕЛС едногласно ги усвои овие документи.Пред Управниот одбор на ЗЕЛС беше презентиран и Акцискиотплан на ЗЕЛС за развој на нови политики и промоција налокални иницијативи во справувањето со климатските промени<strong>2012</strong> – 2015 година. Со овој план, ЗЕЛС е меѓу водечките асоцијацииод регионот кои имаат изработено ваков документ. Во Акцискиотплан се предвидува формирање на Фонд за финансирањена проекти од областа на енергетска ефикасност, како и изработкана анализа за воспоставување компании за енергетски услуги(ЕСКО), а се предвидува и можноста за отворање на посебна единицаво ЗЕЛС која ќе им помага на општините во однос на подготвувањестудии за енергетска ефикасност и објавување на тендериод оваа област. Управниот одбор разгледуваше и предлозии барања кои до ЗЕЛС ги доставија неколку општини. Еден одпредлозите се однесуваше на предлогот за измени на Законот запатниот сообраќај, за добивање на лиценца за патен сообраќај иза комбиња со 8+1 седиште. Беше укажано дека изведување наопштински превоз на патници, вклучително и заеднички превозсо соседна општина со комбиња од 16+1 седиште не е можно воридскопланински општини со тешко пристапни патишта со тесниулички во кои големи комбиња немаат пристап. Беше разгледани предлогот за формирање на преговарачки тим со ЕВН заодредени проблеми со кои се соочуваат општините, меѓу кои иполезноста за поднесувањето на заедничко тужбено барања занаплата на комунална такса за судски спор. Беше заклучено дасе формира преговарачки тим од ЗЕЛС, а општините до ЗЕЛС дадостават листа со проблеми со кои се соочуваат, но и предлозикои ќе бидат искористени во преговорите со ЕВН. Управниот одборбеше запознаен и со намерата на клириншката куќа КИБСАД Скопје за соработка со ЗЕЛС на проект за имплементација наплаќања на услугите на локалната самоуправа кои не зависат одмобилен или картичен оператор, но ги користат поволноститена интернет пристапот од различни мобилни уреди до порталикои овозможуваат плаќање од трансакциската сметка на плаќачот,за што присутните едногласно дадоа поддршка за соработкана ова поле. Присутните беа запознаени и со дописот од Амбасадатана РМ во Белград, кој пристигна во ЗЕЛС, за иницијативаза билатерална политичка и деловна соработка на општините одРепублика Македонија со општините од Република Србија. Истотака, УО даде насоки, ЗЕЛС да испрати допис до општините, зада се утврди долгот на Агенцијата за финансиска поддршка наруралниот развој, по основ на реализирани проекти, а за кои несе префрлени средствата.18

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!