26.11.2014 Views

1 отворена постапка бр. 73 /2012 за доделување на ... - мепсо а.д.

1 отворена постапка бр. 73 /2012 за доделување на ... - мепсо а.д.

1 отворена постапка бр. 73 /2012 за доделување на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

командно сигнални и напојни кабли и носачи на каблови,

темелен заземјувач и внатрешно заземјување на ККО,

електрично осветлување и приклучоци,

телефонска инсталација,

климатизација,

надворешно заземјување и громобран,

надворешно осветление,

градежни работи за разводна постројка,

градежни работи за командно контролен објект,

водовод и канализација

испитување и пуштање во погон

проект на изведена состојба

Технички спецификации Дел I

1. ПРЕДМЕТ НА РАБОТА

Работите и услугите кои ќе се изведуваат со овој Договор се: расчистување на теренот и нивелација,

оградување, патишта во трафостаницата, дренажа, отстранување на шутот, изработка на

фундаменти, изградба на команден објект, изведба на примарни и секуднарни врски на опремата,

позеленување, испитување на опремата и пуштање во работа.

2. ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ПРОЕКТОТ

ТС Петровец 110/35/10 kV е предвидена да биде нова преносна - дистрибутивна трафостаница

лоцирна во просторот околу постојната трафостаница 35/10 kV.

Локацијата на постројката се наоѓа во катастерска општина Петровец на патот Скопје-Гевгелија.

110 kV разводна постројка ќе биде изведена со класична опрема за надворешна монтажа, поставена

на поцинкувани носачи, т.е. ќе биде класичен тип на постројка.

Постројката ќе биде изведена во “H” шема со четири прекинувачи на моќност, со еден систем на

собирници со подолжно секционирање.

110 kV разводна постројка ќе биде надворешен тип со две собирници поврзани со секционен

раставувач и на секоја посебно поврзани по едно трафо и далкуводно поле.

Собирниците ќе бидат изведени со цевни проводници од алуминиумска легура, а врските помеѓу

апаратите ќе бидат комбинирани т.е. ќе бидат изведени од цевни проводници од Al и легура од AL-Fe

јаже и соодветна опрема.

Собирниците од секоја секција, од едната страна ќе бидат потпрени на потпорни изолатори, додека

на спротиваната страна ќе бидат потпрени на половите од подолжниот раставувач и тоа на височина

од 6 m.

Целата високонапонска опрема како и носачите за истата ги дава Инвеститорот.

За да се оствари поврзување на далекуводите со 110 kV разводна постројка предвидени се три

челично решеткасти столбови со височина од 12 m, поставени намеѓусебно растојание од 9 м, кои

меѓу себе се поврзани на височина од 9 m со попречна профилна греда-ригла.

На крајните два столба од порталите се предвидува да се монтираат заштитни громобрански јарболи

со височина од 3 m.

За потребите на транспортот, утовар и истовар со монтажа и на најгабаритната опрема, предвидени

се транспортни патишта и патеки.

За водење на каблите низ разводната постројка и до командно-контролниот објект, како и до

командната просторија на АД ЕСМ предвидени се кабловски канали.

Предвидени се два главни кабловски канали со димензии 600x600 mm и соодветни кабловски регали

за водење на кабловите на нив, и повеќе помошни кабловски канали со димензии 300x300mm и

200x200 mm.

Под транспортните патеки предвидени се PVC цевки за водење на каблите.

Системот за заземјување ќе претставува заеднички систем со АД ЕСМ. Тој ќе претставува здружен

заземјувачки систем, односно истовремено заштитен, погонски и громобрански заземјувач. На истиот

ќе треба да се поврзат, неутралната точка на 110 kV трансформатори, примарните кола на 110 kV

напонски трансформатор, секундарните кола на струјните трансформатори, металоксидните

одводници на пренапони, сите метални делови на електричните уреди и апарати, столбови, портали,

носачите на опрема, кабелските регли, внатрешниот заземјувач на командниот објект,

громобранската заштита.

37

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!