26.11.2014 Views

1 отворена постапка бр. 73 /2012 за доделување на ... - мепсо а.д.

1 отворена постапка бр. 73 /2012 за доделување на ... - мепсо а.д.

1 отворена постапка бр. 73 /2012 за доделување на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА

7.1 Начин, услови и рокови на плаќање

7.1.1 Начинот на плаќање е вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) и ќе се врши преку

авансна фактура и времени и конечни ситуации, за секој дел од предметот на набавката пооделно.

7.1.2 Договорниот орган се обврзува да му исплати на Носителот на набавката до 20% од вкупната

вредност на договорот, како аванс (ако се бара), веднаш по потпишување на договорот од двете

страни и и достава на авансна фактура и банкарска гаранција за авансното плаќање.

7.1.3 Времените ситуации ги испоставува носителот на набавката во примерен рок по завршување на

делови од градбата, придружени со градежна книга и записник за извршени работи.

7.1.4 Конечните ситуации носителот на набавката ги доставува после целосно завршување на

работите, односно после добивањето на Одобренијата за употреба на објектите, согласно Законот за

градење (Сл. весник на РМ бр.39 од 22.03.2012 год), придружени со градежна книга и записник за

целосно завршени работи.

7.1.5 Времените ситуации ги опфаќаат сите испорачани стоки, извршени услуги и изведени работи за

пооделните делови од градењето од страна на носителот на набавката.

7.1.6 Конечните ситуации ја опфаќаат вкупната договорена вредност на работите предмет на

набавката.

7.1.7 Договорниот орган ќе ги исплаќа времените ситуации поднесени од носителот на набавката во

рок од 15 дена, а конечните ситуации во рок од 30 дена од денот на приемот на истите.

7.1.8 Времените ситуации договорниот орган ќе му ги исплаќа на носителот на набавката во висина од

95% од нивната вредност, намалени за висината на вкупниот аванс за тој дел, а 5% времено ќе задржи

на име на дел од цената за отстранување на евентуалните недостатоци воочени од договорниот орган

при ставањето на објектите под напон и на евентуалните недостатоци утврдени од надлежните органи

при добивањето на Одобренијата за употреба на објектите.

7.1.9 Задржаниот износ договорниот орган ќе му го исплати на носителот на набавката после

отстранувањето на сите евентуални недостатоци и добивањето на Одобренијата за употреба на

објектите, преку добиените конечни ситуации.

Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној

утврден во оаваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде отфрлена од страна на

комисијата за јавни набавки.

7.2 Рок и динамика на изведување на работите

7.2.1 Рокот на изведба на работите за двата дела одделно ќе тече од денот на воведување во работа

на Изведувачот односно од обезбедување на Одобрение за градба од страна на Инвеститорот.

7.2.2 Рокот за изградба ќе биде:

- За Дел I 110 кV РП – седум (7) месеци од воведување во работа.

- За Дел II 110 кV ДВ Приклучок – два (2) месеци од воведување во работа.

7.2.3 Воведувањето во работа, ќе биде извршено за секој дел посебно после извршената набавка на

опремата и создадените услови за работа.

7.2.4 Работите предмет на набавката како за Дел I така и за Дел II ќе се сметаат за завршени со

извршените интерни технички приеми од страна на Инвеститорот и ставање на објектите под напон.

7.2.5 Работите предмет на набавката како за Дел I така и за Дел II ќе се сметаат за целосно завршени

со добивањето на Одобренијата за употреба на објектите, согласно Законот за градење (Сл.весник на

РМ бр.39 од 22.03.2012 год).

7.2.6 Рокот и динамиката на изведување се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и динамика

на изведување поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе

биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

7.3 Разлики во цена (корекција на цени)

7.3.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе

останат фиксни за целото времетраење на договорот.

7.4 Авансно плаќање

7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка е дозволено авансно плаќање од најмногу 20% од

вредноста на склучениот договор. Економскиот оператор го предвидува бараниот аванс во својата

понуда.

7.4.2 Пред исплата на авансот, носителот на набавката е должен да обезбеди банкарска гаранција за

авансното плаќање во висина на договорениот аванс.

7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот

7.5.1 Исполнувањето на договорот се гарантира со доставување на банкарска гаранција од страна на

Носителот на набавката.

18

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!