16.11.2014 Views

ljp-nemnozinski-zaednici-mkd

ljp-nemnozinski-zaednici-mkd

ljp-nemnozinski-zaednici-mkd

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ИДСЦС

Локални јазични политики за немнозинските заедници

РЕЦЕНЗИЈА: Григориј Месежников

Студијата за јавна политика Локални јазични политики за немнозинските

заедници: можности за поефективна имплементација на Јован

Близнаковски (ИДСЦС) ја прикажува моменталната состојба во врска со

употребата на мајчиниот јазик на етничките заедници на локално ниво во

Република Македонија. Студијата е изградена врз база на анкета со

употреба на страндардизиран прашалник спроведена во 17 единици на

локалната самоуправа од вкупно 31 единица кои користат повеќе од еден

службен јазик. Дополнително, во 6 избрани единици се спроведени полуструктуирани

интервјуа со официјални лица. Извршено е и деск?

истражување на законската рамка и официјалните документи на

единиците на локалната самоуправа. Студијата презентира серија на

препораки наменети да ја подобрат имплементацијата на јазичните права

на различните етнички групи кои составуваат(се) значаен дел од

популацијата на Република Македонија.

Користената методологија му овозможила на авторот да извлече добри

податоци за подоцнежна анализа на ситуацијата со јазиците во Македонија

и за понатамошно елаборирање на имплементација на јазичните права.

Студијата содржи структурни информации за етничкиот состав на

административните единици со мешана популација во кој делот на немакедонската

популација (етнички) надминува 20 проценти, како и за

праксата на употреба на немнозинските јазици во следните области:

седници на општинските совети, пишан превод на општинските

документи, пишување на таблите на општинските згради и имот, патните

знаци, службените гласници и процесот на пристап до информации од

јавен карактер.

Заклучоците презентирани од авторот се критични и прецизни, а

предложените препораки се реаалистични, практични и добро оправдани.

Студијата може да служи како мал прирачник за креаторите на политики,

како и основно информативно и аналитичко средство за застапувачки

активности.

Григориј Месежнков е претседател на Институтот за јавни работи (Institute for

Public Affairs – IVO), Братислава, Словачка

54

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!