ljp-nemnozinski-zaednici-mkd
ljp-nemnozinski-zaednici-mkd
ljp-nemnozinski-zaednici-mkd
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
ИДСЦС

Локални јазични политики за немнозинските заедници

IV. СТУДИИ НА СЛУЧАЈ: ШЕСТ ПРИМЕРИ

НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ

ЈАЗИЧНИ ПОЛИТИКИ

Во ова поглавје ќе биде прикажана ситуацијата на шест истражувани ЕЛС:

градот Скопје (како најголема и најразвиена ЕЛС со „посебен статус“),

Општината Куманово (најголемата општина според број на население и

ЕЛС која имплементира специфичен модел на јазична политика кон

„помалите“ немонозински заедници), Општината Гостивар (ЕЛС која

користи три јазика во службена употреба и една од поразвиените ЕЛС во

спроведувањето на јазичните политики), Општината Чаир (урбана ЕЛС во

градот Скопје која неодамна воведе трет јазик во службена употреба),

Студеничани (рурална ЕЛС која неодамна воведе трет јазик во службена

употреба) и Долнени (мала рурална ЕЛС која формално користи четири

јазици во службена употреба). Критериумите за селекција на овие шест

ЕЛС за потребите на истражувањето беа претставени во Воведот на овој

документ. Овие шест студии на случај покажуваат дека специфичен модел

на јазична политика може да биде спроведен во согласност со контекстот и

потребите на секоја ЕЛС. Оваа можност произлегува од карактерот на

законска рамка која беше претставена во Поглавјето III. Тука, секоја студија

на случај е претставена во посебна секција.

ГРАД СКОПЈЕ

Градот Скопје е ЕЛС со „посебен статус“ во Македонскиот систем на

локална самоуправа. Во Градот Скопје, кој претставува посебна

административна единица, десет општини се инкорпорирани: Аеродром,

Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и

Шуто Оризари. Општините во Град Скопје ги остваруваат своите

надлежности по принципот на субсидијарност со надлежностите на Град

Скопје.

Градот Скопје има законска обврска да овозможи службена употреба на

албанскиот јазик во своите институции, јавни претпријатија и останатите

прашања во негова надлежност. Албанската заедница составува 20,49% од

популацијата и со тоа има гарантирана службена употреба, согласно

законската рамка. Мнозинството граѓани во Град Скопје се етнички

34