ljp-nemnozinski-zaednici-mkd
ljp-nemnozinski-zaednici-mkd
ljp-nemnozinski-zaednici-mkd
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
Локални јазични политики за немнозинските заедници

ИДСЦС

спроведување и исполнување на правото за употреба на мајчиниот јазик,

потребно е креирање на посебна буџетска линија во нивните буџети која

ќе се однесува на овие трошоци. Ова не е пракса во повеќејазичните ЕЛС.

Четврто, потребни се повеќе информирации за употребата на јазиците на

заедниците во рамките на ЕЛС, а Заедницата на единиците на локална

самоуправа (ЗЕЛС) беше задолжена за изготвување на овие информации. 3

Во периодот 2007 – 2008 година, ЗЕЛС имплементираше проект чија цел

беше поддршка на ЕЛС преку набавки на опрема за симултан превод за

седниците на општинските совети. Финансиските средства беа обезбедени

преку донации од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка

(Swiss Agency for Development and Cooperation, SDC). Вкупно 29 ЕЛС беа

опремени со кабини за толкувачи, слушалки, микрофини и останата

технички опрема неопходна за изведување на симултан превод. Во некои

ЕЛС кои користат два немнозински јазика беа набавени две преведувачки

кабини. Со ова, речиси сите ЕЛС во Македонија кои користат немнозински

јазик во официјална употреба, беа комплетно опремени за спроведување

на повеќејазични сесии на пленарните седници на општинските совети. 4

Во 2010 преку здружени напори на ССРД и Мисијата на ОБСЕ во Скопје,

започна процес за развивање на Акциски план за имплементација на

Законот за употреба на јазиците кои ги зборуваат најмалку 20% од

граѓаните на Република Македонија во единиците на локалната

самоуправа од 2008 година. Беше формирана работна група сочинета од

претставници на неколку релевантни министерства задолжена за

подготовка на Акциски план. Подготовката на Акцискиот план е завршена

во 2012, но до денес тој сеуште не е усвоен од страна на Владата, па

целокупниот процес во овој момент е „замрзнат“. 5

Исто така, во 2012 година, беше формиранo и посебно Одделение за

мониторирање на процесот на образование, култура и употреба на

јазиците, во рамки на Секторот за спроведување на рамковниот договор во

3

Извештај по однос на состојбата за имплементацијата на сите политики што

произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Влада на Република Македонија,

Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Скопје 2012, стр. 85.

4

Оваа информација беше добиена во интервјуто спроведено со претставник на ЗЕЛС.

5

Оваа информација беше добиена во интервјуата спроведени со претставници на ССРД

и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

13