13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 година18.4. ПРИЛОГ ГПРОЦЕДУРА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИТЕИнвестициски планИнвестицискиот план кој произлегува од оваа Студија и кој треба да биде потврден одстрана на Регулаторната комисија за енергетика претставува основа за започнување нареализација на преносните проекти и подобрување на постојните објекти на преносната мрежаво краткорочниот, односно среднорочниот и долгорочниот период на планирање.Фисибилити студијаСо дефинирање на преносните проекти во инвестицискиот план се пристапува конподготовка на фисибилити студија за соодветниот проект. Фисибилити студиите заинтерконективните проекти се изработуваат заеднички во договор со соседните системоператори.Фисибилити студијата треба да ги содржи техно-економските анализи на соодветниотпроект за повеќе предложени алтернативни коридори/локации, економска валоризација напредложените варијанти, фисибилност на предлог-решението како и почетна оценка навлијанието врз животната средина.Услови за просторно планирањеСо потврдување на оправданоста на проектот со фисибилити студијата, во која седефинира коридорот/локацијата на објектот од предлог-решението, се пристапува конпотврдување на коридорот согласно просторниот план на Република Македонија иурбанистичките планови на соодветните општини каде е лоциран преносниот проект.Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање до Министерството заживотна средина и просторно планирање се доставува барање за добивање на услови запланирање на просторот. Агенцијата за планирање на просторот ги изработува Условите запланирање на просторот, но ако станува збор за минување во урбаниот опфат на општинитетогаш е потребно да се добие план од урбанистичкиот опфат од општините. Врз основа наиздадените Услови за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање напросторот, Министерството за животна средина и просторно планирање го издава Решението зауслови за планирање на просторот.Студија за оцена на влијанието врз животната срединаСогласно Законот за животна средина до Министерството за животна средина ипросторно планирање се доставува известување за намера за изградба на преносниот проект.Ова известување се објавува на web страната на Министерството.Со добивањето на известување за намера за изградба на преносниот проект,Министерството утврдува дали е потребна оцена на влијанието на проектот врз животнатасредина. Оваа постапка е позната како “screening”. Студијата за ОВЖС е задолжителна задалекуводите кои се со должина поголема од 15 km и со напонско ниво еднакво и поголемо од110 kV. Во оваа фаза за одредени случаи Министерството може да одреди дали оцената завлијанието врз животната средина е задолжително или не. Изработката на задолжителната студијаза ОВЖС е еден од условите и од меѓународните финансиски институции.Како резултат на постапката “screening” се определува обемот на оцената на влијаниетона проектот врз животната средина односно тоа претставува и основа на содржината настудијата. издава решение со кое се утврдува потребата од оценка на влијанието врз животнатасредина и се дефинира обемот на студијата. Ова решение за обемот се објавува на web странатана Министерството.302

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!