13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 годинаПрекуграничните преносни можности на Република Македонија во целост гизадоволуваат потребите за увоз на електрична енергија за целиот анализиран период 2010 – 2020година, а истовремено се овозможува непречен транзит на електрична енергија низ регионот.16.11. СТРУИ НА КУСИ ВРСКИСпоред анализата на тековната состојба, алармантна е состојбата во ТС Кавадарци, кадевредноста на струјата на куса врска ја надминува расклопната струја на инсталиранитепрекинувачи во постројките. Струите на куси врски надминуваат повеќе од 80% од расклопнатаструја на инсталираните прекинувачи во 110 kV постројки во: ТС Скопје 1 (83%), ТС Скопје 4 (82%)и ТС Дуброво (96%). Во ТС Битола 2 опремата има резерва од околу 25%.Максималните вредности на струите на куси врски за планираната состојба наелектроенергетскиот систем за долгорочен период треба да послужат при проектирање и изборна нова високонапонска опрема која се инсталира во преносната мрежа на РепубликаМакедонија. Најголем пораст на струите на куси врски се очекува во охридско-преспанскиот ибитолскиот регион. Порастот се должи на новата 400 kV интерконекција кон Албанија и изградбана 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид.16.12. ДИНАМИЧКА СТАБИЛНОСТДинамичкиот модел на македонскиот електроенергетскиот систем сè уште е во развојнафаза и не е комплетен. Имено, недостига фино нагодување и верификација на динамичкиот модел.Поради тоа, динамичките симулации во оваа Студија имаат само илустративен карактер и служатза генерална проценка на стабилноста на електроенергетски систем.Пресметките покажуваат дека системот е стабилен при сите испитувани пореметувања.Тоа значи дека преносната мрежа го исполнува критериумот за транзиентна стабилност насистемот.Доколку постојната заштита правилно ја извршува својата функција може да се сметадека кусите врски нема да предизвикаат транзиентна нестабилност на генераторите.Системот е стабилен и при преодни процеси со средно времетраење во случај на испадна некоја од големите генераторски единици. Електроенергетски систем на Македонија ерелативно мал во споредба со европскиот енергетски систем. Оттука, само мал дел однедостатокот на моќност се покрива од резервите за примарна регулација кај домашнитеагрегати (неколку MW), додека остатокот од дебалансот се обезбедува преку интерконективнитеврски со соседните системи.16.13. ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕНОСНАТА МРЕЖА ПОСЛЕ 2020 ГОДИНАВо фокусот на истражувањата во оваа Студија за развој на преносна мрежа е периодот2010 – 2020 година. Обработени се неколку референтни години и анализирани се голем број насценарија, при што се воочени проблеми и предложени се решенија за нивно надминување.Решенијата претставуваат капитални инвестиции од редот на неколку милиони евра и со животенвек над 40 години. Секое предложено решение треба да има долгорочна вредност кое ќе гизадоволи техничките критериуми. Разгледуваните проблеми и понудените решенија во 2015 и2020 година не може правилно да се оценат доколку не се направи проценка на нивнитекарактеристики во наредните 10 до 15 години.Со оглед на животниот век на високонапонската опрема и елементи, инвестицискитеодлуки донесени денес или во блиска иднина ќе ги одредуваат перформансите на мрежата водекадите што доаѓаат. Затоа се препорачува развојните приоритети да се водат од стратешкатавредност на очекуваните резултати наместо од краткотрајните локални придобивки.291

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!