13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 годинаПолошкиот регион се одликува со најголем пораст на потрошувачката на електричнаенергија што доведува до високо оптоварување и проблеми во преносната мрежа после 20-тинагодини од реализацијата на проектот за реконфигурација. Долгорочните проблеми едноставно серешаваат со дополнителна реконфигурација на 110 kV мрежа. Најоптимално решение е изведбана влез/излез на 110 kV далекувод ХЕЦ Вруток – ТС Скопје 1 во една од трансформаторскитестаниц во тетовскиот регион, со што се формираат врските ХЕЦ Вруток – ТС Тетово 1 (2) иТС Тетово 1 (2) – ТС Скопје 1. Ова решение ја елиминира потребата од преземање на корективнидиспечерски акции при испади, или надградби во мрежата во полошки регион во периодот до2030 година. Имајќи ја предвид и едноставноста на решението, се препорачува веднаш да сепристапи кон негова реализација.16.4.2. Охридско-битолски регионВо охридско-битолски регион проблематични се испадите на потегот: ТС Битола 1 –ТС Битола 4 – ТС Ресен – ТС Охрид 2 – ТС Охрид 1 – ТС Струга – ХЕЦ Глобочица. Со испад на110 kV далекувод ТС Битола 1 – ТС Битола 4, ТС Битола 4 и ТС Ресен остануваат да се напојуваатпреку 110 kV далекувод ХЕЦ Глобочица – ТС Струга, кој се преоптоварува. При овој испаднајнизок напон се јавува во ТС Битола 4 и изнесува 0.71 p.u., или 78 kV, а напони пониски оддозволените се јавуваат во ТС Охрид 1, ТС Охрид 2, ТС Ресен и ТС Струга. Проблеми од сличенкарактер се јавуваат и при испад на останатите далекуводи од овој регион. Причината за нискитенапони е несоодветна топологија на мрежата и недостиг од локална напонско-реактивнаподдршка. При наведените испади се појавуваат значителни падови на напон, така што големитепроизводни единици во западниот дел на Република Македонија (ХЕЦ Вруток, ХЕЦ Шпиље иТЕЦ Битола), поради електричната оддалеченост, не може да ги задржат напоните во дозволенитеграници. Всушност, проблемот во охридско-битолскиот регион е структурален бидејќи постојатголем број на потрошувачки јазли приклучени на единствена врска меѓу две оддалечени напојниточки.Започната е изградба на двосистемски 110 kV далекувод ТС Битола 3 – ТС Битола 4 сошто се затвора прстен на преносната мрежа во битолскиот регион и се зголемува сигурноста вонапојувањето. Со проектот за реконфигурација на мрежата во битолскиот регион зголемена есигурноста на потегот ТС Битола 2 – ТС Битола 3 – ТС Битола 4. Меѓутоа, проблемите со испади напотегот ТС Ресен – ТС Охрид 2 – ТС Охрид 1 – ТС Струга не се надминати. Проблемите се особенонагласени во услови на максимални оптоварувања и сува хидрологија, кога постои саморадијално напојување од преносната мрежа на поголем број на потрошувачки јазли и се јавуванедостиг од напонско-реактивна поддршка.При сува хидрологија, во недостиг на доволно производство на активна и реактивнамоќност во западниот дел од мрежата, единствена корективна акција за надминување на испадитена потегот ТС Струга – ТС Охрид 1 – ТС Охрид 2 – ТС Ресен е редукција на оптоварувањето застабилизирање на напонскиот профил и тековите на моќност. Со оглед на физичката природа напроблемот и можноста од напонски колапс во овој дел од мрежата, се предлага воведување наавтоматика (поднапонска заштита со редукција на оптоварување) за реализација наразгледуваната корективна акција. На идентификуваните проблеми и предложените мерки требада се посвети посебно внимание при дефинирање на одбранбена стратегија за системот.За трајно решавање на проблемите разгледани се повеќе варијанти за надградба намрежата:Варијанта 1: Изградба на 400/110 kV трансформаторска станица Охрид.Варијанта 2: Инсталирање на 110 kV компензаторски уреди во ТС Охрид 1.Варијанта 3: Изградба на 110 kV далекувод кон охридскиот регион:• Подваријанта 3-А: 110 kV далекувод ТС Битола 1 – ТС Охрид 3.285

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!