13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 година15.2.3. Преостанат капацитет – RCПреостанатиот капацитет – RC (Remaining Capacity) на системот е разлика меѓудоверливо расположливиот капацитет, 15.2.2, и оптоварувањето во референтниот режим кој сеанализира.Адекватноста на производство на електроенергетскиот систем се прогнозира прекувредноста на преостанатиот капацитет пресметана за нормални услови на работа, вореферентниот режим кој се анализира. Кога преостанатиот капацитет е позитивен RC > 0, тоазначи дека одредена количина од инсталираната моќност останува на располагање во системоти ќе може да се извезува од системот. Кога преостанатиот капацитет е негативен RC < 0, тоа значидека недостига инсталирана моќност во системот и ќе треба да се увезува одредено количествона моќност.Прогнозата на адекватноста на преносната мрежа се врши со споредба напреостанатиот капацитет RC и прекуграничниот преносен (интерконекциски) капацитет NTC. Когапреостанатиот капацитет е позитивен RC > 0 и помал од извозниот капацитет RC < NTC, тоазначи дека инсталираната моќност што е слободна во системот може да се извезува кон соседнитеелектроенергетски системи. Кога преостанатиот капацитет е негативен RC < 0 и според апсолутнавредност е помал од увозниот капацитет |RC| < NTC, тоа значи дека недостигот на моќност зазадоволување на оптоварувањето може да се увезува од соседните електроенергетски системи.15.3. ОЦЕНКА НА АДЕКВАТНОСТА НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМСпоред анализите илустрирани на слика 170, слика 171 и прикажани во табела 66,табела 67, македонскиот електроенергетски систем го исполнува критериумот за адекватност.За разгледуваниот период производството само делумно го исполнува критериумот заадекватност.Преостанатиот капацитет во режимите на системски максимум е негативен и за дватапланови за развој на нови електрични централи. Единствено во 2020 година во напредниот планза развој на нови електрични централи – А, во електроенергетскиот систем може да се јаватвишоци до 400 MW кои може да се извезуваат кон соседните системи. За сите други години,македонскиот електроенергетски систем во режимите на системски максимум не може даобезбеди доволно моќност од националните производни објекти, туку треба да увезува моќностза задоволување на потребите на потрошувачите. Адекватноста опаѓа во наредните неколкугодини и го постигнува денешното ниво на адекватност (2010 година) во 2015 година. Во 2020година, зависно од реализацијата на проектите за ХЕЦ Чебрен, ХЕЦ Галиште и ТЕЦ Битола 4,адекватноста на производството може да биде задоволена (план А) или повторно да се јавипотреба од увоз на моќност (план C).Генерално, коментарите за режимот со системски максимум важат и за зимските режимисо врвни оптоварувања (3 -та среда во јануари во 11:00 и 19:00 часот). Со оглед на понискотооптоварување во референтните временски точки во однос на системскиот максимум, сепроценува дека системот ќе биде избалансиран при што може да се јават потреби од увоз до 100MW.За летниот режим на врвни оптоварувања производството го исполнува критериумот заадекватност за целиот разгледуван период и за двата развојни планови на нови електричницентрали. Во летниот период може да се јават вишоци на производство од 200 MW до над1000 MW, зависно од разгледуваната година и планот за развој на производните објекти.279

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!