13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 годинаЗа нормално работење на електроенергетски систем потребно е, во било кој јазол одсистемот, максималната вредност на струјата на куса врска да не ја надминува расклопнатамоќност на инсталираните уреди во јазелот. При планирање се проверува максималното ниво накусите врски, заради проверка на постојната и димензионирање на новата опрема, надолгорочен планирачки модел.Пресметката опфаќа само одредување на најважните величини: ефективнасуптранзиентна вредност на наизменичните величини на трифазна и еднофазна куса врска.Подетални пресметки се спроведуваат во посебни студии за куси врски.Минималната вредност на струјата на куса врска треба да достигнува задоволителнониво кое овозможува отстранување на грешките со заштитните уреди. Овие пресметки обично сеспроведуваат на оперативните модели и не се предмет на планирачките анализи; резултатите заминимални вредности на струи на куси врски се спроведуваат наменски при пуштање илипроверка на енергетската опрема.За пресметките на струите на куси врски се користи стандардот IEC 60909.3.6. ДИНАМИЧКИ СИМУЛАЦИИЕлектроенергетскиот систем се смета за стабилен во случај кога после некојнепредвиден испад или куса врска на елемент од системот, нивото на напонот и фреквенцијатаостануваат во рамките на дефинираните граници, ниту една производна единица не е излезена одсинхронизам и нема појава на каскадни испади.Пресметките се спроведуваат за краткорочен планирачки хоризонт, бидејќи заквалитетни динамички симулации потребни се точни параметри на синхроните генератори,возбудните системи и турбински регулатори.Анализите се спроведуваат за 2011 година, кога се претпоставува дека ќе бидат во погонновите електрични централи кои се во градба.За анализа на динамичките перформанси на македонскиот систем, следени се повеќевеличини:аглите на роторите и механичката моќност на сите генератори во македонскиотелектроенергетски систем приклучени на преносната мрежа,напоните во разводните постројки во близината на грешката,тековите низ 110 kV водови во близина на грешката,промената на фреквенцијата во системот.Посебно внимание е посветено на пореметувања кои може да се појават во близина наелектричните централи од западниот дел.Динамичките симулации опфаќаат:3-СКВ во близина на генераторските единици во траење од 100 ms,пресметка на критично време на исклучување на грешката – CFCT (Critical FaultClearing Time) за оценка на резервите на стабилност на 110 kV водови на потеготТЕЦ Битола – ХЕЦ Вруток.Всушност, се испитуваат феномените на т.н. транзиентна стабилност: дали системот еспособен да го задржи синхронизмот при појава на големо пореметување, како што е на примеркуса врска на преносен вод. Нестабилноста обично се манифестира како пролизгување(неконтролирано зголемување на аголот помеѓу векторот на напонот на роторот во однос навекторот на напонот на статорот) на некој генератор како резултат на недоволенсинхронизационен момент.27

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!