13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 година13. СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ ВО РАЗВОЈОТ НА ПРЕНОСНИТЕ МРЕЖИ13.1. ПРИМЕНА НА СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ПРЕНОСИТЕ МРЕЖИЕвропската преносна мрежа поминува низ период на брз и значаен развој како резултатна имплементацијата на обновливите извори на енергија и креирањето на заедничкиот европскипазар на електрична енергија. Во современи услови на работа преносната мрежа треба даобезбеди сигурни решенија за евакуирање на енергијата од новите извори на енергија како и одсегашните и идни конвенционални извори на енергија без да предизвика загушување. Од тиепричини капацитетот на постојната мрежа потребно е да се надгради или со оптимизацијата напостојната мрежа или со изградба на нови преносни објекти.Предизвикот со кој се соочуваат планерите на преносната мрежа е користење наефикасни решенија, без да се наруши доверливоста на европската преносна мрежа.Досегашните имплементирани решенија претставуваат ефикасни, доверливи ирасположливи технологии за пренос на електрична енергија на високонапонско ниво. Имајќи јапредвид одговорноста на преносните систем-оператори, тие се обврзани да вградуваатединствено добро разработени и развиени технологии. Сепак, тие мора да прибегнат и конистражување на нови технологии со цел да ги пресретнат идните барање за развој на преноснатамрежа.Во однос на примената, новите технологии може да се поделат на два дела:Технологии поврзани со подобрување на сегашната инфраструктура.Технологии поврзани со развојот на преносната мрежа.13.2. НОВИ И НЕКОНВЕНЦИОНАЛНИ ТЕХНОЛОГИИЗА ПОДОБРО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПОСТОЈНАТА ПРЕНОСНА МРЕЖАНајлесен начин за зголемување на преносниот капацитети на постојната мрежа еделумна оптимизација на одредени елементи на електроенергетскиот систем. Применливи се дверешенија:Прераспределба на тековите на моќност преку примена на FACTS уреди итрансформатори со фазно поместување.Зголемување на преносниот капацитет на коридорите за далекуводите без да сепромени надворешниот изглед.13.2.1. FACTS и трансформатори со фазно поместувањеСогласно Кирхоховите закони, тековите на моќност низ далекуводите се распределуваатсогласно нивната импеданција и независно од термичкото ограничување на оптоварувањето. Наовој начин одредени коридори може да бидат претоварени додека другите паралелни коридорисо поголема импеданција да бидат подоптоварени. FACTS уредите и трансформаторите со фазнопоместување може да помогнат за прераспределба на тековите на моќност од повеќеоптоварените водови во мрежата кон помалку оптоварените и на тој начин да овозможатоптимално искористување на преносниот капацитет на мрежата. Двете технологии серасположливи и добро проучени. Имајќи го предвид влијанието на овие уреди вопрераспределбата на тековите на моќност, потребна е соодветна анализа како во студиската фазатака и во реално време, со цел да се добие соодветно зголемување на преносниот капацитет. Ворегионот на Југоисточна Европа е инсталиран трансформатор со фазно поместување вотрансформаторските станици Дивача (SI) и Жерјавинец (HR), со цел да се спречат паралелните261

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!