13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 година12. ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕНОСНАТА МРЕЖА ПОСЛЕ 2020 ГОДИНАСО ОСВРТ НА 2030 ГОДИНА12.1. ОСНОВНИ ПРЕТПОСТАВКИ ЗА КРЕИРАЊЕ МОДЕЛ НА ПРЕНОСНАТА МРЕЖА ЗА 2030 ГОДИНАВо фокусот на истражувањата во оваа Студија за развој на преносна мрежа е периодот2010 – 2020 година. Притоа обработени се неколку референтни години и анализирани се големброј на сценарија, при што се воочени проблеми и предложени се решенија за нивнонадминување. Решенијата претставуваат капитални инвестиции од редот на неколку милиониевра и со животен век над 40 години. Секое предложено решение треба да има долгорочнавредност кое ќе ги задоволи техничките критериуми. Разгледуваните проблеми и понуденитерешенија во 2015 и 2020 година не може правилно да се оценат доколку не се направи проценкана нивните карактеристики во наредните 10 до 15 години.Со таа цел дополнително е изработен модел со референца 2030 година. При изработкана моделот 2030 година користени се следните претпоставки:Подлога е сценариото со најголем пораст на оптоварување и на интензивен план заградба на нови производни објекти, 2020 – P3% – A – HN.Прогнозиран е константен пораст на дистрибутивното оптоварување од 1.5%, додеказа директните потрошувачи не е предвиден пораст на оптоварувањето. Активнотооптоварување на потрошувачите на ниво на преносна мрежа, во моментот насистемскиот максимум изнесува 2488 MW (без загуби на активна моќност во преноснамрежа), од кои 2119 MW припаѓаат на дистрибутивната потрошувачка, а 369 MW надиректните потрошувачи.Во периодот од 2020 до 2030 година не се предвидува влегување во погон на новидистрибутивни трансформаторски станици. Зголеменото оптоварување ераспределено на трансформаторските станици од појдовното сценарио.Во периодот од 2020 до 2030 година не се предвидува влегување во погон на новипроизводни објекти. Дополнителните потреби заради зголеменото оптоварување сеобезбедуваат со зголемен увоз од Романија и Бугарија. Увозот во 2030 годинаизнесува 250 MW и е зголемен за 300 MW во однос на појдовното сценарио од 2020година.Конфигурацијата на регионалната мрежа останува непроменета во однос на 2020година.12.2. АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА И ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО 2030 ГОДИНАСо оглед дека моделот 2030 година опфаќа далечен временски хоризонт кој вклучувамногу неизвесности во поглед на пораст на оптоварување, градба на нови производни објекти,конфигурација на мрежата во регионот и развојот на пазарот на електрична енергија, анализитеза 2030 година го немаат истото ниво на детали и квалитет како анализите за периодот2010 – 2020 година. Овие анализи се генерален индикатор за состојбата која може да се очекуваво преносната мрежа. Тие даваат груба проценка на квалитетот на понудените решенија и гиидентификуваат потенцијалните проблеми кои во иднина треба да се истражуваат.Во 2030 година се очекува дека за режимот без испаднати елементи високо оптоварени(над 60%) ќе бидат следните преносни водови:110 kV далекувод ТС Ѓ. Петров – ТС Скопје 1-А со оптоварување 82%.110 kV далекувод ХЕЦ Вруток – ТС Полог со оптоварување 78%.252

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!