13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 годинадолгорочните проекти за нови производни објекти да е проследена со големи неизвесности.При градба на ХЕЦ Градец, железничката пруга Скопје-Гевгелија ќе биде потопена соформирањето на идната акумулација. Заради тоа пругата треба да се дислоцира на повисокониво, а овој обем на работи е значителен дел од инвестицијата на проектот. Зафатот надислокација на пругата внесува дополнителни неизвесности во проценките на периодот навлегување на електричната централа во погон. Затоа се разгледани и опции за состојбата вомрежата доколку е одложена реализацијата на проектот за ХЕЦ Градец.Доколку ХЕЦ Градец не биде во погон во 2020 година, критичен е испадот на 110 kVдалекувод ТС Дуброво – ТС Валандово. Критичен е и „огледалниот“ настан, односно испадот на110 kV далекувод ТС Бучим – ТС Радовиш кој води до преоптоварување на далекуводотТС Дуброво – ТС Валандово.Проблемите во валандовско-струмичкиот регион се разгледувани и во претходнитеистражувања (3). За решавање на состојбата во 2020 година, кога доцни изградбата на ХЕЦ Градец,разгледани се две варијанти:Изградба на уште еден 110 kV далекувод ТС Дуброво – ТС Валандово, со должина какои постојниот од L = 39.3 km.Изградба на 110 kV далекувод ТС Дуброво – ТС Струмица 2, со должина од околуL = 55 km.Во првата варијанта, при испад на далекуводот ТС Бучим – ТС Радовиш, потенцијаленпроблем во иднина (после 2020 година) ќе биде високото оптоварување на далекуводотТС Валандово – ТС Струмица 2. Овој далекувод е со спроводници тип ACSR 150/25 mm 2 . Затоа,втората варијанта се оценува како подобра.Всушност, првата варијанта може да се смета како прва фаза на реализација на вторатаваријанта.слика 155. Изведба на приклучокот на ХЕЦ ГрадецТС Дубровонов двосистемски110 kV далекувод ACSR 240/40 mm 22 x 27 MWХЕЦ ГрадецТС ВаландовоТС Нов Дојран ТС ГевгелијаТС Струмица 2Далекуводите ТС Дуброво – ТС Валандово и ТС Валандово – ТС Струмица 2 се изградени1971 година, и во 2020 година ќе имаат 50 години старост. Значи, во 2020 година и дватадалекуводи го привршуваат животниот век и ќе биде потребна нивна реконструкција.Имајќи ги предвид сите овие факти, за реализација на координирана надградба намрежата во валандовско-струмички регион се предлага следната динамика:Доколку проектот за градба на ХЕЦ Градец ја запази предвидената динамика,приклучниот далекувод кон ТС Валандово да се изведе како двосистемски. Со тоа сеобезбедува редундантност на приклучокот и можност за одлагање на иднатанадградба на мрежата во регионот. Подоцна, при реконструкција на старитедалекуводи, новите далекуводи од ТС Дуброво до ХЕЦ Градец и од ТС Валандово доТС Струмица 2 ќе се изведат како двосистемски и ќе се формираат врските:241

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!