13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 годинаЗголемени инвестиции во производството на електрична енергија.Зголемен приход на преносниот систем-оператор, како резултат на зголемениоттранзит на енергија.Расположливиот и инсталиран хидропотенцијал на албанскиот електроенергетскисистем, отвора можност за подобрување на регионалниот диспечинг на електричнаенергија.За проучување на ефектите од интерконекцијата Македонија – Албанија – Италијаизработена е студија за оправданост: Feasibility Study of the 400 kV OHTL and 400 kV SubmarineCable Interconnections from Macedonia to Albania and to Italy - воденa од SEETEC со учество наKESH – Albania, MEPSO – Macedonia и TERNA – Italy.Заклучоците од Студијата може да се сублимираат во следните точки:Изведба на само делумна интерконекција меѓу македонскиот и албанскиот систем нее исплатлива од економски аспект.Комплетна реализација на проектот за интерконективно поврзување меѓуМакедонија, Албанија и Италија ќе овозможи регионални придобивки кои целосно јаоправдуваат инвестицијата.Главен извор за враќање на инвестициите за Македонија и Албанија е зголемениотприход од транзит на електрична енергија низ двете земји кон Италија. Италијапрофитира со пристап до евтини производни објекти како замена за италијанскитепроизводни објекти со големи оперативни трошоци.Интерконективната врска помеѓу Македонија и Албанија е со приближна должина од130 km, со проценета инвестиција од 40 милиони € и индикативен преносенкапацитет од 700 MW.За интерконекција кон Италија постојат неколку варијанти, од кои актуелни сеследните:• 400 kV DC подморски кабел Валона (AL) – Бриндизи (IT).• 400 kV DC подморски кабел Драч (AL) – Фоџа (IT).Интерконекцијата меѓу Албанија и Македонија ќе се реализира со 400 kV далекуводТС Битола 2 – ТС Елбасан, стандардна изведба со едносистемски челично-решеткасти столбови,спроводници тип ACSR 2x490/65 mm 2 кои имаат трајно дозволено оптоварување од I th = 1920 Aили S th = 1330 MVA и две заштитни јажиња од кои едното има оптички влакна. Со употреба наоптичките влакна во едното заштитно јаже ќе се постигне директна телекомуникациска врскапомеѓу соседните национални диспечерски центри.Коридорот на македонска територија започнува од ТС Битола 2 и паралелно сопостојниот 110 kV далекувод ТС Битола 4 – ТС Ресен – ТС Охрид 1 оди накај Охрид и Струга, запотоа да продолжи во подножјето на планинскиот масив Јабланица кон македонско-албанскатаграница, во близина на граничниот премин Ќафасан, види слика 128.Трошоците за реализација на далекуводот од ТС Битола 2 до граница, во должина од90 km се проценуваат на 23.4 милиони евра.Според последните преговори, МЕПСО и OST (албанскиот преносен систем-оператор)планираат да инвестираат секој во својата секција од 400 kV интерконективен далекуводТС Битола 2 – ТС Елбасан. Во подготовка е нова студија за оправданост на интерконекцијата којатреба да ги уважи новите пазарни услови и новите развојни планови на националните системи ворегионот.198

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!