13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 годинаВаријанта 3: Изградба на 110 kV далекувод кон ТС Охрид 3Трета насока на решавање на проблемите е зајакнување на 110 kV мрежа со изградба нанова врска кон еден од напојните јазли на охридско-преспанскиот регион: ТЕЦ Битола илиХЕЦ Глобочица.За хидроелектричните централи во западниот дел, типично е производство во мал бројна часови и покривање на врвни оптоварувања во текот на денот. Имајќи го предвид нивниотпроизводствениот дијаграм, јасно е дека нема смисла да се гради уште еден 110 kV далекувод конХЕЦ Глобочица. Затоа останува новата врска да се изведе кон постојните термоелектричницентрали. Добрата страна на ваквото поврзување е што преку новиот вод се подобруваатусловите за снабдување на регионот и во режими со сува хидрологија.Од техничка гледна точка се можни повеќе решенија, со водови од која и да етрансформаторска станица во битолски и кичевски регион. Од множеството можни решенија,избрани се две подваријанти коишто имаат предност поради просторните можности запроширување на постројките и теренските коридори.110 kV врска се планира да се изведе со двосистемски далекувод со спроводници типACSR 240/40 mm 2 . Како стратешка определба на МЕПСО, наведена во секција 3.9, за напојувањена цели региони во кои не е предвиден развој на 400 kV мрежа, треба да се користатдвосистемски 110 kV далекуводи со класичен тип на спроводници ACSR 240/40 mm 2 .Подваријанта 3-А: 110 kV далекувод ТС Битола 1 – ТС Охрид 3Во подваријанта 3-А се предлага изградба на двосистемски 110 kV далекувод ТС Битола 1– ТС Охрид 3 со спроводници ACSR 240/40 mm 2 .Од постојните четири 110 kV трансформаторски станици во битолскиот регион,најповолна за изведба на врската кон охридско-преспански регион е ТС Битола 1. ТС Битола 4 иТС Битола 3 се урбани постројки во кои нема просторна резерва, а за врската кон ТС Битола 2 епотребен коридор подолг за 11 km кој поминува низ обработливи површини, така што може да сејават имотно-правни проблеми и нарушување на иригационата мрежа. Дополнително, сонапуштање на 150 kV интерконективен далекувод ТС Битола 1 – ТС Овчарани, во ТС Битола 1 сеослободуваат две 110 kV полиња кои може да се искористат за приклучување на новиотдалекувод.За реализација на ова решение се предвидува коридор паралелно со постојниотдалекувод ТС Битола 4 – ТС Ресен – ТС Охрид 2 и магистралниот пат Битола – Ресен – Охрид.Должината на 110 kV далекувод ТС Битола 1 – ТС Охрид 3 се проценува на 60.7 km.Подваријанта 3-Б: 110 kV далекувод ТС Сопотница – ТС Охрид 3Во подваријанта 3-Б се предлага изградба на двосистемски 110 kV далекуводТС Сопотница – ТС Охрид 3 со спроводници ACSR 240/40 mm 2 .Помеѓу ТС Сопотница и ТС Кичево избрана е ТС Сопотница поради две причини:коридорот кон Кичево има поголема должина и просторот во ТС Кичево е резервиран заприклучок на 110 kV далекувод кон ХЕЦ Бошков Мост.Коридорот на 110 kV далекувод ТС Сопотница – ТС Охрид 3 поминува низ потежокпланински терен, преку Плакенска Планина, и затоа се претпоставени поголеми инвестицискитрошоци за единечна должина. Должината на далекуводот се проценува на 44.3 km.10.13.2. Техно-економска анализа на варијантитеКарактеристиките на варијантите се илустрирани на сценариото 2015 – P3% – А – HN, носе тестирани на сите дефинирани сценарија за 2015 година, како и во 2020 година. За да сеизврши оценка на издржаноста на предложените варијанти, направени се симулации и запериодот после 2020 година (на модел 2030 година, види секција 12).193

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!