13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 годинаНерасположивоста на 220 kV водови кон Косово најмногу се одразува на смалување наразмената на електрична енергија на релација север – југ. Во вакви услови критична вредностможе да достигне оптоварувањето на далекуводот ТС Скопје 5 – ТЕЦ Косово Б со што сеограничува преносниот капацитет на целата интерконекција север – југ: Ниш – Косово – Скопје –Дуброво – Солун.Обемот на размена на електрична енергија помеѓу електроенергетските системи наМакедонија и Србија и регионалните транзити се зголемуваат од година во година. Преноснитесистем-оператори се соочуваат со отежната оперативна состојба, посебно кога се реализирааттранзити кон Македонија, Грција и Албанија и ремонтите на преносните елементи кои гиподдржуваат тековите во насока од север кон југ. Уште повеќе, недостатокот на производниобјекти во јужниот дел на Србија доведува до исклучително лоши напонско-реактивни приликиво тој дел од мрежата. Затоа е потребна нова интерконективна врска на 400 kV напонско ниво напотегот од Македонија кон Србија (Ниш).Оправданоста на новата интекронекција е истражувана во неколку наврати, (17) и (18).Сите студии недвосмислено ја потврдуваат потребата и функционалноста на далекуводот.Изработена е cost/benefit анализа за согледување на оправданоста на инвестицијатаспоредувајќи ги сите трошоци и приходи од изградбата на 400 kV интерконекција, при што тие севалоризираат земајќи ја предвид просечната стапка на инфлација.Годишната цена на погон на далекуводот е комбинација од фиксни трошоци ипроменлива добивка. Фиксните трошоци се состојат од почетната инвестиција и погонскитрошоци, додека како променлива добивка се разгледуваат приходи од:намалување на загуби на електрична енергија,зголемување на прекуграничниот преносен капацитет,пораст на транзити меѓу системите во регионот,порамнување на разликата во цена на електрична енергија во регионот,изнајмување на телекомуникациски услуги.Коефициент на рентабилност на проектот е r = 1.12 (>1), што значи дека инвестицијата ецелосно исплатлива. Се проценува дека времето на исплатливост на инвестицијата нема да бидеподолго од 11 години, што е значително помалку од половина животен век на инвестицијата.Покрај придобивките разгледани во економската анализа во студиите за оправданост,постојат и други позитивни ефекти од интерконекцијата во прилог на општествените вредности(social welfare) кои е тешко финансиски да се квантификуваат.Новата интерконекција има многу важно значење и за зголемување на сигурноста наснабдувањето на македонскиот електроенергетски систем бидејќи се отстранува ризикот одпојава на несигурни режими и делумни распади на системите од југоисточна Европа кои веќе сеслучиле неколкупати.Различни земји во регионот го достигнуваат врвното оптоварување во различнипериоди од годината. Зголемените преносни капацитети поради новата интерконекцијаовозможуваат да се користи поголем дел од производствените резерви од другите системи припокривање на режимите со врвни товари, со што се намалуваат инвестициите во производниобјекти за националните резерви на врвна моќност.Зголемените преносни капацитети и развојот на пазарот се предуслов за регионалендиспечинг кој доведува до намалени трошоци за производство на глобално ниво порадирасположливоста на производни објекти со различен тип на погон и ниска цена на производство.152

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!