13.07.2015 Views

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

Студија за развојна преносната мрежа на ... - мепсо а.д.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Студија за развој на преносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010 – 2020 година7.10. ДИНАМИЧКА СТАБИЛНОСТ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМВо оваа секција се прикажани резултатите од анализите на динамичка стабилност наелектроенергетскиот систем.7.10.1. Анализа на транзиентна стабилностДинамичкиот модел на македонскиот електроенергетскиот систем сè уште е во развојнафаза и не е комплетен. Имено, недостига фино нагодување и верификација на динамичкиот модел.Поради тоа, прикажаните резултати имаат илустративен карактер и служат за генерална проценкана стабилноста на електроенергетски систем.Резултатите од симулациите го прикажуваат динамичкиот одѕив на системот прикарактеристични пореметувања наведени во секција 3.6 и на слика 11. Дефинираните куси врскисе појавуваат во првата секунда од симулацијата и траат 100 ms. Потоа грешката се „чисти“ соисклучување на повредениот вод. Осцилациите се снимени во период од 10 s што е доволносистемот да достигне нова стационарна состојба. За илустрација на осцилациите користени седијаграми кои ги генерира софтверскиот пакет PSS TM E. Заради подобра прегледност на излезнитерезултати, погонските променливи се групирани според сличност на два дијаграми за секоепореметување, и тоа на еден дијаграм аглите на роторите на турбогенераторите, а на другдијаграм аглите на роторите на хидрогенераторите. Скалата на дијаграмите е иста за една групана величини што помага при споредба на одѕивите на системот при различни пореметувања.Пресметките покажуваат дека системот е стабилен при сите испитувани пореметувања.Тоа значи дека преносната мрежа го исполнува критериумот за транзиентна стабилност насистемот.Условите во стационарната состојба може значително да влијаат на однесувањето нагенераторите за време на пореметувањето. Во табела 28 е даден преглед на стационарнатасостојба во електроенергетскиот систем на Македонија која претходи на пореметувањата. Вотабелата може да се видат различни параметри кои го опишуваат ангажирањето на генераторите:напонот на генераторските собирници (ETERM),напонот на возбудниот систем (EFD),активна моќност (POWER),реактивна моќност (VARS),фактор на моќност на генераторот (P.F.),агол на магнетното поле на роторот во однос на статорот (ANGLE).107

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!