07.08.2013 Views

Type: DML 504... DML 554... DM 504... DM 554...

Type: DML 504... DML 554... DM 504... DM 554...

Type: DML 504... DML 554... DM 504... DM 554...

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

што е дадено во точка 2.2.

ВАЖНО - избегнувајте вклучување на сечивото ако тревата е многу

висока.

• Во случај на “дробење”: секогаш избегнувајте да косите огромна

количина на трева. Никогаш не косете повеќе од една третина од

вкупната висина на едно поминување! Прилагодете ја брзината на

движење во согласност со условите на тревникот и со количината

на положената трева.

• Во случај на страничен испуст (ако е предвидено): се препорачува

да се изврши преглед за да се избегне исфрлање на

покосената трева на делот од тревникот што треба да се коси.

• Во случај на вреќа за собирање со сигнализатор за содржината

(ако има): за време на работата, кога сечивото се движи,

сигнализаторот е подигнат што посочува дека вреќата собира

покосена треба, а кога е спуштен укажува дека вреќата е полна и

треба да се испразни.

За да избегнете можни оштетувања на штитникот за трева,

позицијата «1» треба да се користи само за терени кои што се

перфектно рамни, компактни и без нерамнини.

• Само за моделите DML:

ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА – понекогаш за време на работата може да се

премине од еден режим кога рачката за избор на излезот (☛ 2.5.) е во

позиција «B» (дробење) и во друг режим кога рачката е во позиција

«А» (заден испуст), тогаш потребно е да се исклучи машината и да се

тргне тревата што се насобрала на подвижното крило (1). Присуство

на тревата кај крилото може да спречи целосно движење на рачката

за избор на излезот.

Совети за третман на тревникот

Секој вид на присутната трева има различни карактеристики и може

да бара различни режими на косење на тревникот. Прочитајте ги

секогаш упатствата што се содржани на пакувањето на семето во

однос на висината на препорачано косење во однос на условите на

растење во пределот каде е посадена.

Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист вид и со

едно или повеќе видови ливчиња. Ако ливчињата се покосат целосно,

се оштетува тревникот и идното косење ќе биде многу тешко.

Генерално, вреди да се следат следните упатства:

– многу ниско косење предизвикува корнење и проретчување на

тревната површина со што остануваат “голи места”,

– на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне исушување

на теренот,

– не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја намали

ефикасноста на сечивата врз тревата бидејќи ќе се лепи и ќе

предизвика заглавување на слој од трева,

– во случај на делумно израсната трева, најдобро е да прво да се

искоси на најголема висина што ја дозволува машината, проследено

со второ косење по два или три денови.

Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако косењето се

изведува секогаш на иста висина и наизменично во два правци.

3.4 Завршување со работа

На крајот на работата, отпуштете ја рачката (1) за усогласување,

поставете ја рачката на забрзувачот во позиција “Исклучен мотор” и

извадете го капачето на свеќицата (2). Извадете го клучот од контакт

(3) кај моделите каде што тоа е предвидено.

ПОЧЕКАЈТЕ СЕЧИВОТО ДА ЗАСТАНЕ пред да извршите каква било

интервенција.

4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

ВАЖНО - Неопходно е редовно и правилно одржување за

долготрајно одржување на безбедносното ниво и првобитната

исполнителност на машината.

Чувајте ја тревокосачката на суво место.

1) Носете цврсти заштитни ракавици при секоја интервенција за

чистење, одржување и регулација на машината.

2) По секое косење, исперете ја машината со вода; отстранете ги

остатоците од трева и кал кои се наталожиле од внатрешната

страна на куќиштето за да избегнете тие да предизвикаат

потешкотии при подоцнежно палење.

3) Кај моделите со лакирано куќиште, со текот на работата, лакот

од долниот дел на куќиштето може да отпадне заради

абразивното дејство на покосената трева; во тој случај, треба

спремно да интервенирате со премачкување лак против

’рѓосување за да се спречи создавање ’рѓа, а со тоа и корозија на

металот.

4) Во случај кога треба да се пристапи до долниот дел, наведнете ја

машината само на страната како што е прикажано во упатството

за моторот следејќи ги соодветните инструкции. Кај моделите кај

кои има предвидено страничен испуст, треба да се извади

дефлекторот на испустот (ако е поставен - ☛ 3.1.г).

5) Избегнувајте истурање бензин врз пластичните делови на моторот

или врз самата машина за да се избегне оштетување и веднаш

исчистете ја секоја трага од бензин ако тој случајно се излил.

Гаранцијата не ги покрива оштетувањата на пластичните делови,

предизвикани од бензин.

6) Кај модели со AVS (анти-вибрирачки систем): Во случај на

ненормални вибрации кај ракофатот, проверете ги спојниците

против вибрации и контактирајте со застапникот за да ги замените

ако се оштетени или истрошени.

ВАЖНО - Не полевајте вода и други течности врз

механичките делови на тревокосачката (на пример,

никако врз перничињата за подмачкување) бидејќи

може да се оштети системот за активирање на сечивата.

4.1

Секоја интервенција врз ножевите мора да се извршува во

специјализиран сервис каде има посоодветна опрема.

За оваа машина се предвидени ножеви кои го носат знакот:

81004452/0 (за модел 504)

81004455/0 (за модел 554)

Ножевите треба секогаш да се обележани со знакот «GGP». Заради

развојот на производот, горенаведените сечива треба со време да се

заменат со други со соодветни карактеристики за замена и

функционална безбедност.

Поставете го сечивото одново (2) со знакот и обележувањето свртени

кон теренот следејќи го посочениот редослед на сликата.

Зашрафете ги навртките (1) со динамометричен клуч со калибрација

од 50-55 Nm.

4.2 Кај моделите со влечење, правилната затегнатост на ремените

се постигнува за половина од навртката (1) сe додека не се постигне

посочената мерка (6мм).

4.3 За полнење на испразнет акумулатор (1), приклучете го на

полнач за акумулатори според инструкциите во упатството за

одржување на акумулаторот.

Не приклучувајте го полначот за акумулатори директно на спојниците

на моторот.

Полначот за акумулатори не смее да се користи како извор на

напојување за придвижување на моторот бидејќи може да го оштети.

Ако предвидувате дека нема да ја користите тревокосачката подолг

период, откачете го акумулаторот од каблите на моторот и при тоа

обезбедете да остане доволно ниво на полнење.

4.4 За време на перењето, стојте секогаш зад ракофатот на

тревокосачката.

За перење на внатрешноста на тревокосачката:

– поставете ја машината на цврста подлога,

– поставете ја висината на косење во најниска позиција,

– составете го садот со вода на соодветното место (1),

– запалете го моторот и извршете го првото перење во истата

работна состојба во која се работи,

– изгаснете го моторот, ставете ја рачката за избор на излезот во

спротивна положба, запалете го моторот и спроведете го второто

перење.

5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и

приоритетно при употреба на машината во корист на граѓанските

погодности и на просторот во кој живееме.

– Избегнувајте постоење на елементи на нарушување во

непосредното опкружување.

– Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои

ќе се резултат на сечењето.

– Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата,

маслата, бензинот, акумулаторот, филтрите, делови во распаѓање

или какви било елементи со штетно влијание врз животната

средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во ѓубре туку треба

да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои

рециклираат материјали.

– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во

природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со

важечките локални закони.

6. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

ВНИМАНИЕ: Заради ваша лична безбедност, изречно е забрането

монтирање на каква било дополнителна опрема што не се наведени

во следниот список кои се дадени соодветно за моделот и типот на

вашата машина.

6.1 Комплет за “дробење” (ако не е доставено)

Ја дроби ситно покосената трева и ја распределува врз тревникот, што

е алтернатива за косење во вреќа.

Во случај на какво било двоумење или проблем, контактирајте со

Овластениот сервис во непосредна близина или со Застапникот.

47

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!