ÐликнеÑе ÑÑка за да го пÑеземеÑе наÑÑÑ-извеÑÑаÑÐ¾Ñ (.pdf)
ÐликнеÑе ÑÑка за да го пÑеземеÑе наÑÑÑ-извеÑÑаÑÐ¾Ñ (.pdf)
ÐликнеÑе ÑÑка за да го пÑеземеÑе наÑÑÑ-извеÑÑаÑÐ¾Ñ (.pdf)
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Извештај за стратегиска оцена

на животна средина

ДУПД за бензинска пумпна станица и пратечки

содржини на КП 994/3 и 1009, КО Речане оп.Гостивар

1. ВОВЕД

Стратегиска оцена на животната средина – дефиниција

Целта на постапката за стратегиска оцена на животната средина е идентификација и

анализа на влијанијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето кои би

произлегле со имплементација на планскиот документ. Постапката се спроведува уште во

фазата на планирање со цел сите идентификувани влијанија, односно соодветните мерки

за елиминирање или контрола на влијанијата, да се предвидат во најраната фаза на

подготовката на документот.

Постапката за стратегиска оцена на животната средина треба да обезбеди високо ниво

на заштита на животната средина, спроведување на насоките од релевантни стратешки и

плански документи и интегрирање на целите на животната средина во подготовката и

усвојувањето на стратегии, планови и програми (плански документи), а во насока на

промовирање на одржливиот развој.

Стратегиската оцена претставува формална и систематска оцена на значајните влијанија

врз животната средина кои би произлегле со имплементацијата на предвидениот плански

документ врз животната средина, но пред носење на одлуката за негово усвојување.

Процесот на стратегиска оцена опфаќа:

- Подготовка на Извештај за стратегиска оцена каде што значајните влијанија од

планскиот документ се идентификувани и оценети;

- Консултации со засегната јавност, органот надлежен за работи од областа на

животната средина и останатите органи засегнати со имплементацијата на

планскиот документ;

- Интегрирање на социјалните, економските и аспектите на животната средина;

- Земање предвид на заклучоците од Извештајот и консултациите при финализирање

на нацрт планскиот документ;

- Објавување на одлуката за усвојување на планскиот документ и како стратегиската

оцена влијаела врз усвојувањето на документот.

Процесот на стратегиска оцена претставен по фази е даден на слика бр.1 подолу во

текстот.

ЛАСОИ, ДОО, Скопје

6 / 78