Portret Magazine No 31
60 ден. • Бр. 31 • Јуни 2018 МОЈА БОРБА ДЕПРЕСИЈАТА МОЖЕ ДА МУ СЕ СЛУЧИ СЕКОМУ НА „ТИ“ СО ВЕРИЦА НЕДЕСКА Децата се нашето совршено огледало МАРТИНА МАРКОВСКА1
- Page 2 and 3: 2
- Page 4: Содржина јуни 2018 НА
- Page 7 and 8: СКОПЈЕ - ул. Македон
- Page 10 and 11: Портрет на уредник
- Page 12 and 13: Колумна Страв од ле
- Page 14 and 15: На „ти“ со ВЕРИЦА
- Page 16 and 17: На „ти“ со НЕПРИФА
- Page 18: ЕЛЕГАНЦИЈА, ЛУКСУЗ
- Page 21 and 22: #ВозиПравоВозиЗдра
- Page 23 and 24: Луна Радонјанин го
- Page 25 and 26: Најлесно се изразу
- Page 27 and 28: Моја борба 27
- Page 29 and 30: Моја борба борат со
- Page 31 and 32: Бесценети прегратк
- Page 33 and 34: Фотографија: Горан
- Page 35 and 36: Инспирација Кога с
- Page 37 and 38: Инспирација 37
- Page 39 and 40: Инспирација 39
- Page 42 and 43: Фото дневник ЕДЕН Д
- Page 44 and 45: Golden Dust
- Page 47 and 48: 47
- Page 49 and 50: treats Портрет мода SPRI
- Page 51 and 52: MANGO маица 990 ден. MANGO
60

ден. • Бр. 31 • Јуни 2018

МОЈА БОРБА

ДЕПРЕСИЈАТА МОЖЕ

ДА МУ СЕ СЛУЧИ СЕКОМУ

НА „ТИ“ СО

ВЕРИЦА НЕДЕСКА

Децата се нашето

совршено огледало

МАРТИНА

МАРКОВСКА1
2
ПРИВЛЕЧНО, УДОБНО И СЕКСИ
Содржина јуни 2018

НА „ТИ“ СО

14. ВЕРИЦА НЕДЕСКА

Децата се нашето совршено огледало

МОЈА БОРБА

26. НИКОЛИНА МИЦКОСКА

Не е срамно да се признае дека се минува

низ период на депресија тоа може да му

се случи секому

ИНСПИРАЦИЈА

32. МАРТИНА МАРКОВСКА

Анксиозноста освен што е исцрпувачка

и страшна, ни ги отвора очите и ни

покажува дека е време за промена

ПОРТРЕТ УБАВИНА

44. МЕЈКАП ЕДИТОРИЈАЛ

Golden dust

66. DAY & NIGHT

Убавина во текот на целиот ден

67. ПАРФЕМИТЕ ШТО ГИ САКАМЕ

Омилени мирисни ноти за оваа сезона

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

80. ЧАСОВИ ЗА ПИЕЊЕ ВИНО

Пенливи вина на пиедесталот на секоја

свеченост

86. ТРЕНИНГ ЗА ЦЕЛО ТЕЛО

Комплетен фит тренинг со сопствена

тежина

ДИЗАЈН И ДЕКОР

104. ПОИНАКВА ГРАДИНА ВО ДОМОТ

Внесете зеленило во домот и направете

го катче за уживање

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

74. ПОМЕЃУ СТРАСТ И ЛУДИЛО

Портрет на љубовта на Гала и Салвадор

Дали

Фотограф: Горан HLVK Поповски

4
ИЗДАВАЧ

Година 4 бр.31, јуни 2018

Првиот број излезе на 01.12.2015

Излегува еднаш месечно

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември“ бр.2/2-16

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главна и одговорна уредничка

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменичка на главната и одговорна уредничка

Тања Тодоровска Малакјан (tanja@portretmag.com)

Новинарка

Марта Стевковска (marta@portretmag.com)

Креативна директорка и уредничка за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистентка и стилистка

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска, Џејлан Рустемоска, Ана Фрицханд, Филип Поповски

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com), Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски, Ивана Кузмановска

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 01.06.2018

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

Адриа Медиа Балкан - 072/236 529

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет“ е авторска содржина што излегува еднаш месечно со одобрение од сопственикот на правата,

издавачката куќа Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено објавување, користење или

репродуцирање на било која содржина ќе се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи на

соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што се дел од содржината задолжително консултирајте се со

лекар. „Портрет“ претставува заштитена трговска марка во Државен завод за индустриска сопственост-Скопје под број

ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

6
СКОПЈЕ - ул. Македонија,

ТЦ Сити мол, ТЦ Рамстор

БИТОЛА - Широк Сокак

www.bozinovski.com.mk

swiss made calvinklein.com #ckminute#
Портрет ви подарува

Напишете за кој подарок аплицирате и испратете ги вашите лични податоци на contact@portretmag.com.

Проверете дали сте еден од среќните добитници во следниот број на „Портрет“. Со среќа! Подароците може

да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

LUSH Сет Ready Jelly Go

AVON Сет LBD парфем и

кармин

LANCÔME L’Absolu Velour

мат кармин

YSL Сет Pure Chromatics – палета

сенки за очи и YSL Volupte Sheer

Candy кармин

PARUSAN Сет шампон и тоник

за коса

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

Clinique Мoisture Surge 72h крем за лице / Ана Цветаноска

Esteе Lauder Day Wear Eye Cooling гел за околу очи / Марија Марковска

Сет Avon Skin So Soft гел за туширање и млеко за тело / Викторија Тодорова

Сет Lancôme L’Absolu Velours течен кармин и Lancôme Artliner 24h долготраен ајлајнер / Елена Младеновска

Max Factor Color Elixir кармин / Симона Митровска

Сет Lush Fresh& Fancy / Елена Макревска Дисоска

Книги:

Џелат на љубовта - Ирвин Д. Јалом / Валентина Варелова

Просечен индекс на среќата - Давид Машадо / Марија Алтипармакова

Девојката што ја остави зад себе - Џоџо Мојес / Драган Ќириќ

8
Портрет на уредникот

Билдинг на умот

Пред извесно време забележав дека

местата што ги посетувам ги помнам

по мојата емотивна состојба што

преовладувала на патувањето. Па,

така, ако некој град сум го посетила тажна или

потиштена, кога ме мачело нешто, никогаш не

можам да го доживеам како преубаво место, колку

и да било магично. Затоа, додека го подготвувавме

овој број и имав можност да слушнам две млади и

успешни девојки, кои избраа храбро да зборуваат

за своите психолошки состојби, чувствував

огромна почит за нивната храброст.

Во земја во која најчесто родителите нè

советуваат дека никој не треба да знае како се

чувствуваме, навистина е реткост некој да одлучи

дека нема да влезе во тие шаблонски рамки и со

својот пример ќе инспирира некого да побара

помош. Во рубриката „Моја борба“ Николина

Мицкоска својата лична борба со депресијата,

што лекарите ѝ ја дијагностицирале на 19 години,

ја опиша со надеж дека конечно менталното

здравје и грижата за него, ќе излезат од стигмата

длабоко втемелена во општеството. „За жал,

во мојата битка со депресијата и анксиозноста

изгубив неколку блиски личности. Губењето на

пријателството го поднесов многу тешко, но со

текот на времето сфатив дека не може секој да

ја разбере ситуацијата, ниту, пак, е емоционално

подготвен да се соочи со такво нешто.“

Со Мартина Марковска, девојката од насловната

страница, сме соработувале многупати, таа

била дел од многу наши модни едиторијали и

секогаш сме биле презадоволни од нејзината

професионалност и посветеност. Затоа особено

ме радува, што таа во нас препозна медиум

преку кој на најотворен начин може да ја прати

пораката дека анксиозноста, паничните напади и

депресијата можат да му се случат секому и дека

единствена правилна одлука е да побараш помош

најбрзо што можеш. „Срцето ти чука толку силно

што мислиш дека ќе ти излезе од градите. Се

потиш интензивно, губиш рамнотежа, се бориш за

здив и помислуваш дека ќе умреш. Сето ова трае

од 5 до 30 минути, што ти изгледаат како вечност.

Стравувањето дека пак ќе добиеш паничен напад

е причината што се појавува повторно. И така

влегуваш во оној ’магичен круг‘ за кој мислиш

дека нема излез. Од моето искуство, не постои

правило, кога, каде и со кој интензитет ќе добиеш

паничен напад.“

За крај, сакам да ви посакам месец исполнет со

сопствен мир и себеразбирање. Зашто, како што

е важно и сите интензивно работиме на правење

„тело за на одмор“, многу поважно е и да работиме

на дух за секаде. Како што секое лето си даваме

шанса дека следното ќе изгледаме подобро и

вистински веруваме во тоа, така секое утро се

надеваме дека денот ќе го почнеме со мирна глава

и со спокојни мисли. Но, треба да сфатиме дека и

за тоа треба вредно да работиме и да се радуваме

на секој мал чекор во вистинскиот правец.

Ружица Антиќ

10
Добра

ноќ на

грижите.

Грижата за вашето

здравје никогаш не била

подостапна. Лекување без

упат од матичен лекар,

покритие за оперативно

лекување во Словенија со

вклучени патни трошоци

и неверојатни бенефиции

за деца се само дел од

поволностите што ги опфаќа

овој семеен пакет.

Специјалистичко вонболничко и болничко

лекување и осигурување на операции

Избегнете ги

непредвидените

трошоци и

обезбедете врвна

здравствена нега

за вас и вашите

најблиски.

Сè ќе биде во ред.

triglav.eu

triglav.mk
Колумна

Страв од

летање

Имам многу стравови поврзани со моите деца, што секој

ден ми се засилуваат. Ќе пробам да ги класифицирам, за

подобро да разберете што ме мачи.

Првиот страв ми е дека кога тогаш ќе го сфатат бенефитот

на „celebrity“ родител и ќе го користат на најлош можен

начин. Затоа без престан им повторував како мора многу

да учат, сами да заработуваат за да бидат самостојни и од

никого да не зависат. Но кога мојот најстар син почна да

зборува дека ќе студира во странство затоа што тука нема

добри факултети и нема да може да заработува многу пари,

сфатив дека тоа е резултат на моето „попување“. Можеби

имав добра намера, но пристапот ми беше погрешен.

Вториот страв ми е поврзан со класичните тестостерон

приказни за растењето на машки деца, односно се плашам

дали ќе учествуваат во тепачки, дали ќе сакаат да возат

мотори, дали ќе ми ја крадат колата. Па така без престан

им раскажував мини хорор приказни за сообраќајки, возев

секаде со 40 км на час, и на секое разминување со мотор,

додека ги возев гласно ццкав... Но еден ден седевме со

друштво во еден локал на Партизанска и кога помина мотор

со голема брзина, моите тројца синови, во истата секунда на

глас викнаа: „Будалаааа...“. На сите им беше многу смешно,

најстариот син се посрами и се налути, средниот дополни

дека сите што возат мотори се будали, а најмалиот без

престан повторуваше будалааа. Охооо и за овој мој страв

можеби имав добра намера, но пристапот дефинитивно ми

беше погрешен.

Третиот мој страв е исконски и малограѓански (ве молам не

ме осудувајте). Се плашев дека нема да бидат блиски кога ќе

пораснат и ќе имаат свои семејства. Па затоа држев лекции

дека со кого и да се дружат, какви и да им се девојките,

жените, не смеат да дозволат да се скарани или разделени.

И тогаш еден ден средниот син ми кажа дека нема да збори

со девојката на Л. зашто таа ќе биде лоша и ќе сака браќата

да се скараат. Мајко мила што направив! Без никаква лоша

намера, со многу погрешен пристап, до свекрва од шпанска

серија.

За стравовите поврзани со нивното здравје, не сакам

ни да пишувам. Доволно е ако кажам дека кога некој од

нив е настинат, од мојот однос и атмосферата дома, друг

прашува дали брат му ќе умре. Ги преполнив ли моите

деца со стравови, предрасуди само затоа што премногу се

плашам да не им се случи нешто? Пробав да разговарам со

моите родители, но добив ироничен одговор; „Опаааа си

заборавила кога те пуштавме во град до 11:30 часот, а ти

среќна си доаѓаше во 3 сабајле и додека ние бевме пред

нервен слом, ладно ни одговараше дека си спремна да си

ја одлежиш казната и дека нема да излегуваш следниот

викенд. Епа сфаќаш ли ние колку сме биле беспомошни“.

Ова дефинитивно не беше одговорот што сакав да го

слушнам. И додека размислував како од толкаво гомно, на

крај сум завршила волку нормална, ми текна една вистина.

Многу години пред да станам немилосрдна пубертетска

кучка, не научив добро да пливам зaшто слушав кратки

хорор приказни за давеници. Не научив да скијам зaшто пред

секое зимување слушав кој скршил нога, рака и каде. Па на

крај испадна дека сум аматер за црни сценарија, во однос

на моите родители. И тогаш сфатив дека моите погрешни

пристапи, се цел еден животен процес. А стравовите се тука

за да растат и стареат во нас. Тука се како извртена форма

на најсилна љубов да нѐ потсетуваат дека безброј глупости

ќе бидат правени. Дека ќе дојде денот кога ќе сфатиш дека

мораш да го пуштиш своето дете, да биде дете не светот.

Ќе дојде ден кога ќе бидеш нем сведок на разделби, кои

премногу ќе болат, на растење што единствено поминува

со солзи. И ќе треба да оставиш тоа да биде така, иако ќе

чувствуваш дека би можела да одиш до крајот на светот,

само за да ги смениш работите. Со годините ќе научиш

стравовите да не ги изговараш гласно. Ноќе да ги шепотиш

во себе, а дење како вистински борец да се бориш и да се

надеваш на најдоброто.

12

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста
ОВАА ПРОЛЕТ ОРОЧЕТЕ

ГИ ВАШИТЕ ЗАШТЕДИ ПО

НАЈПОВОЛНИ КАМАТНИ СТАПКИ
На „ти“ со

ВЕРИЦА НЕДЕСКА

ДЕЦАТА СЕ НАШЕТО

СОВРШЕНО ОГЛЕДАЛО

Нема ништо посилно и поиздржливо од жена

Пишува: Ана Јовковска

Фотограф: Жарко Чулиќ

Верица Недеска дојде во Македонија. Се израдував што

имам можност да ја интервјуирам оваа прекрасна жена,

актерка, сценаристка, режисерка, мајка на две деца, сопруга

на режисерот Иво Трајков, Охриѓанка која живее во Прага...

можам да продолжам да редам или, пак, да ја опишам со три

збора – ретко убав човек! Длабока е како родното Охридско

Езеро, а едноставна. Вредна и своја. Само што заврши со

снимањето на еден краткометражен филм каде што глуми,

а веќе паралелно го подготвува целовечерното сценарио со

кое живее подолг период. „Понекогаш се чувствувам како

обврските никогаш да не ќе завршат, но филмот не е трка на

100 метри, туку маратон, така што уште сум на патеката“, ми

вели. Глумата ѝ е одмор од светот на возрасните, а за светот

на децата ни проговори и од личните искуствава. На крајот

од разговорот ми ја кажа најточната дефиниција за кичот:

Неприфаќањето на себеси раѓа кич. Ние сме опседнати да им

се допаднеме на другите, да бидеме нешто што не сме.

АЈ: Верица, драго ми е што одвоивте време за овој разговор

во овие неколку денови додека сте во Македонија.

Најсиромашен човек е човекот без време. Во тој поглед, јас

се чувствувам мошне сиромашно во последно време. Вие? И

на што најмногу го „арчите“ своето време?

ВН: Драга Ана, во тој случај и јас сум една од посиромашните

душички на планетава. Во последно време сè повеќе запаѓам

во сиромаштија од таков вид. Обидувајќи се да балансирам

помеѓу домашните обврски и професионалните задачи што

ме чекаат, сè повеќе работи не стигнувам да ги направам.

Зошто децата се најкреативните суштества? Затоа што,

за разлика од возрасните, имаат време да се досадуваат,

а досадата раѓа креативност. Од тој поглед, жал ми е што

одамна не сум се досадувала. Постигнување баланс помеѓу

земјата во која живеам и земјата каде што ги развивам моите

моментални проекти, бара уште поголем напор за економично

и квалитетно трошење на времето. Но, претпоставувам, тоа е

судбината на секој возрасен. За среќа, со возраста доаѓа и

трпеливоста, мирот и сознанието за минливоста.

АЈ: Актерка, сценаристка, режисерка, сопруга, мајка...

Како ви изгледа еден ден во Прага, меѓу професионалните

обврски и приватните приказни?

ВН: Најважното нешто што морав да го научам, особено

откако станав мајка, е фактот дека перфекционизмот е

невозможен. Со сите овие „улоги“ што се обидувам да ги

„одиграм“ во животот, учам да реагирам и да импровизирам

на најдобар начин и, најважно од сè, да се радувам и да

живеам сега и тука. Утрата ми почнуваат во шест и до осум

часот сè ми е во знакот на подготовка за претстојниот ден

на децата. Откако едниот ќе тргне на училиште, а другиот во

градинка, се обидувам времето да го искористам за работа

14
СО ВОЗРАСТА ДОАЃА И

ТРПЕЛИВОСТА, МИРОТ

И СОЗНАНИЕТО ЗА

МИНЛИВОСТА.

на моите проекти, сè до ручек, кога полека се прибираме

дома. Со оглед на тоа што помеѓу моите две деца има

поголема старосна разлика, денот по ручек има различен

тек, во зависност од потребите. И така циклично, но не во

круг, туку во некаков вид на спирала, бидејќи ни еден ден не

е како претходниот.

АЈ: Жените често ги идентификуваат во релација со нивните

сопрузи или татковци заради доминантната машка култура

што перфидно ѕирка од секое ќоше во општеството. Па, и

покрај вашите големи актерски достигнувања, неретко

ве опишуваат како сопругата на познатиот режисер Иво

Трајков. Ви пречи или ви годи?

ВН: Искрено, не се оптоварувам со тоа како ме опишуваат

другите, но ако можам да избирам, би избрала да ме

опишуваат и да ме доживуваат како Верица Недеска. Тоа

бев, сум и секогаш ќе бидам. Доминантната машка култура

не е нешто што постои само кај нас, за жал. Фактот дека

постојат многу повеќе мажи кои се занимаваат со филм

или со уметност, си го прави своето. Светот го водат повеќе

мажи отколку жени. За жал, дури и кај жените кои сакаат

да влезат во тој свет, се потенцираат и се стимулираат

машките елементи. Сосема погрешно, ако ме прашате мене,

и затоа, не само уметноста туку и светот е таму каде што е

денес. Сосема погрешно се восприема и се манифестира

силата, снагата на човекот. Јас мислам дека нема ништо

посилно и поиздржливо од жена, иако можеби некој маж ќе

каже поинаку. Но, вистина е дека мажите, генерално, имаат

поголема амбиција од жените. Можеби поради фактот што

никогаш не можат да ја достигнат креацијата на нешто што

е толку совршено како што е раѓањето на ново човечко

суштество. Како и да е, за мене културата нема пол, ниту род,

делата се тие што нè карактеризираат како индивидуи, а не

тоа чии жени или ќерки сме.

АЈ: Пред три години бевте фотографирана бремена на

насловната страница на списанието „Лице в лице“, праќајќи

порака за важноста да се читаат книги и за светот на

фантазијата. Таа фотографија сосема случајно ми направи

асоцијација на една реченица на еден наш режисер:

„Имало уметници кои одлично флертуваат со политиката,

но никогаш не затруднеле од неа“. Кој е вашиот став за

швалерската врска на политиката и уметноста?

ВН: Добро е што никогаш не затруднеле, бидејќи жални би

биле тие „деца“ кои би се родиле. Културата е најсилното

„оружје“ што може да биде употребено во разни политички

цели. Швалерајот на уметниците со политиката постоел

и ќе постои, но тешко на тие што го живеат. Можете да

замислите колкав стрес предизвикува таа врска. Уметноста

е моќна и знаеме колку често била користена како алатка за

15
На „ти“ со

НЕПРИФАЌАЊЕТО

НА СЕБЕСИ РАЃА

КИЧ. НИЕ СМЕ

ОПСЕДНАТИ

ДА ИМ СЕ

ДОПАДНЕМЕ НА

ДРУГИТЕ, ДА

БИДЕМЕ НЕШТО

ШТО НЕ СМЕ.

ГЛУМАТА МИ

Е ОДМОР ОД

СВЕТОТ НА

ВОЗРАСНИТЕ.

манипулација и заведување на масите. Уметноста би требало

да биде невина, чиста, да биде коректор на политиката,

а не нејзина љубовница. Што би рекол Брехт, уметноста

не е огледало, туку чеканот со кој се образува реалноста.

Уметноста може да убие, но може и да роди. Јас го избирам

второто. Но, тоа е право на личен избор, како и сè друго.

Затоа не судам. Се обидувам да ја живеам својата приказна и

да ја негувам таа чесна. Уметноста не трпи лаги.

АЈ: Од истата приказна се сеќавам на вашата изјава: „Моите

родители не беа типови што заспиваа со книга в рака. Не

беа интелектуалци, туку луѓе-работници, кои вредно си го

заработуваа лебот. Но, затоа секогаш ме поддржуваа да се

образувам и да читам. Велеа – да бидеш подобра од нас.“

Толку силен впечаток ми остави оваа ваша изјава, што по

три години сè уште ја паметам. Вашите родители треба да

се горди на вас, и како одлична актерка и како добар човек.

Што сакате да им пренесете вие на вашите деца?

ВН: Сакам да им го пренесам сето знаење што го имам, сакам

да бидат подобри од мене, сакам да ги инспирирам, да им

покажувам и да ги водам, а не да ги подучувам. Децата се

нашето совршено огледало. Не смееме да се лутиме доколку

прават нешто што не ни се допаѓа, веројатно тоа го виделе

од нас. Таму треба да биде корекцијата. Децата се моето

најинспиративно и најблагородно дело на кое сè уште

„работам“ и, за среќа, ќе го правам тоа до крајот на својот

живот. Тие се мојот најдобар учител. Сакам да ги научам да

бидат свои и да љубат. Сакам да бидат среќни и фер луѓе.

Веројатно најголемата желба на секој родител.

АЈ: Од вас слушнав дека во Чешка децата до петто одделение

во училиште немаат задолжителна литература за читање,

како нашите задолжителни лектири на пример, но затоа

имаат дневник на прочитани книги во кој си ги запишуваат

сите книги што ги прочитале и впечатоците што им ги

оставиле. Прекрасно! На тој начин децата учат читањето

да го поимаат како љубов, а не како обврска/задолжение.

Имате ли уште некој позитивен пример од образовниот

систем во Чешка со кој сте во директен контакт преку вашата

ќерка Зана, што би го препорачале во македонски контекст?

ВН: Многу сум задоволна со образовниот систем што го нуди

Чешката Република. Покрај навиката за читање што ја стекна

ќерка ми, која читањето го разбира како одмор, а не обврска,

сметам дека сум среќен родител, бидејќи, пред сè, моето

дете сака да оди на училиште и сака да напредува. Не мораме

да се убедуваме. И најважно од сè, гледам дека добива

применето знаење. Не постои борба за оцена до степен како

што е овде. Таму постои една основна радост од знаењето и

споделувањето. Љубопитноста не се убива, туку се негува.

Но, сето тоа почнува од претшколска возраст. Децата не

се присилени да рецитираат песнички и приредбите не им

траат час и половина, туку максимум 20 минути. Се посветува

време на индивидуализмот, а не на постројување во ред и

поредок. Во Чешка, горе-долу секое училиште има своја

политика и свое уредување. Мислам дека дури и секое

одделение и секоја учителка може да го одредува темпото

во своето одделение. Важното е до трето одделение сите

да знаат да читаат, собираат и одземаат. Исто така, постои

можност, наместо девет години во основно, да поминете

16
пет или седум, а остатокот да го поминете во гимназија.

Таму, децата кои се подготвени да ги поминат приемните,

добиваат потешки и покомплицирани задачи. За сметка на

тоа, настанува едно природно проветрување во средината,

каде што и тие што останале, добиваат шанса да бидат први,

да станат видливи. А оние што отишле во гимназија, да имаат

нов старт, да напредуваат, а не да тапкаат во место, чекајќи

ги другите да ги стигнат. Како и во животот. Училиштето ги

подготвува многу повеќе за реалниот живот што следува и

реалноста што е неизбежна.

АЈ: Како би ја опишале со неколку зборови вашата улога во

новиот филм „Мишко“ на младиот режисер Ханис Багашов,

чијашто премиера беше минатиот месец на Скопскиот

филмски фестивал?

ВН: Секој обид да ја опишам мојата улога во филмот на

Ханис во неколку зборови ми звучи штуро и нефер, пред сè

кон ликот, бидејќи комплексноста врз која се темели секој

лик, бара повеќе од неколку зборови. Во секој случај, морам

да признам дека ми беше задоволство да соработувам и да

го запознам Ханис, кој е еден неверојатен спој на талентиран

и воспитан млад човек, со кој допрва ќе се гордееме.

Искрено, отсекогаш сум гледала огромен мотив и несебично

сум се вложувала во проектите на многу млади режисери и

режисерки. Енергијата и чистотата што ја добиваш од нив

е непроценлива радост за сите нас. Довербата што им ја

даваме на овие млади луѓе, знаењето и искуството што сме

го стекнале е најдобрата инвестиција за едно колективно

добро. Нема ништо поубаво од тоа да знаеш дека си дел од

патот што треба го изодат овие млади автори.

АЈ: Каков тип сценарија ви се предизвик за творење?

ВН: Добри. :) Пишувањето е долг и макотрпен процес. Особено

сценариото, бидејќи во одреден степен е осаменичка,

аскетска работа. Покрај креативниот набој на сценаристот,

бара и познавање на структурата, на драматургијата, на

филмскиот јазик. Без ова не може да биде раскажана таа

приказна во слики. За разлика од литературното дело, што

се визуализира на индивидуално ниво во нашата глава, како

читач-восприемач, сценариото се стреми да биде колективно

визуелно патување што го восприемаме преку очите на

авторите кои работат на него. Режисерот е нашиот читач.

Додека добрата книга завршува на полица во нашиот дом,

доброто сценарио веројатно ќе заврши во нашата канта

за ѓубре. Сценариото е само преодна фаза до финалниот

производ, а тоа е готов филм. Тоа е долг процес, чиста

алхемија.

АЈ: А што конкретно од тој творечки процес најсилно може

да ги окупира вашите сетила?

ВН: Важно ми е лично да ме поместува, како човек, како

искуство што сакам да го доживеам, да ме тера да истражувам,

да верувам дека вреди да го споделам со другите. Инаку

е залудно потрошено време, а времето е скапо. Филмот и

онака е прескап за да трошиш енергија на неважни теми.

А пишувањето е начин на терапија, но не само лична туку и

на едно пошироко, колективно ниво. Филмот е неопходна

колективна ментална хигиена. Искрено, се сметам себеси

за совршено среќен човек зашто можам да се занимавам со

ваква професија.

АЈ: Дали традицијата ја сметате за богатство или за ментален

кафез?

ВН: Ментален кафез може да биде и најубавото нешто

што ни припаѓа, сме го наследиле или го сакаме. Сметам

дека тоа зависи од нас и од нашата свесност, од нашата

флексибилност, но и од слободата. Традицијата е богатство.

Може да ни биде конекција со нашето вчера, но доколку

станеме нејзини робови и слепи следачи, ќе ни стане

кафез. Сè во животот се сведува на постојан баланс,

неконзистентност, многу неизвесност, но и отвореноста кон

промени, кон перципирање на нешто што е највредно, а тоа

е сега и тука.

АЈ: Кичот е општествено легализирана форма на тиранија.

Скопје го восприемате од далеку, бидејќи одамна живеете

во Прага, но каде наоѓате кич во нашево општество? Што ви

пречи кога се враќате во родната земја?

ВН: Скопје е градот на моето второ раѓање. Јас верувам

дека ментално, духовно се раѓаме повеќепати, толку пати

колку што самите сме подготвени да почнеме од почеток.

Тука ги поминав најубавите, студентските денови. Тоа беше

прекрасна живеачка на која со задоволство се сеќавам. Тука

има едни прекрасни луѓе кои повторно и повторно ме тераат

да доаѓам. Факт е дека понекогаш не го препознавам градот.

Целата инстант-изградба што се одвиваше изминатиов

период ме вџасува, но тоа што не можеш да го промениш, не

треба да те фрустрира. Додека во времето на моето тукашно

живеење единствената кич зграда беше еден хотел во Дебар

Маало, денес е речиси насекаде. Жалам што се обидуваме

да бидеме нешто што не сме. Таа чудна несигурност во

сопственото битисување, недовербата кон нашите деца,

непочитта кон нашите родители и предци е нешто што ме

боли. Неприфаќањето на себеси раѓа кич. Ние сме опседнати

да им се допаднеме на другите, да бидеме нешто што не сме.

АЈ: Вашиот роден град, Охрид, е парче рај. Што најмногу ви

недостига од дома?

ВН: Велат дека глетката со која ќе се родиш е нешто што

целиот живот ќе го бараш. Езерото, мирот, тишината,

Галичица, најблиските... понекогаш ми се чини дека сум била

во истата темна ќелија во која Миладинов ја пишувал Т’га за

југ.

AJ: Колку (и на кој начин) сте во допир со себеси?

ВН: Себерефлексијата е една од најсилните доблести кај

луѓето. Ми се допаѓаат луѓето кои не престануваат да работат

на себе, бидејќи сметам дека тоа е исто толку бесконечно

колку и вселената. Луѓето се како водата, можеби ја

менуваат формата, состојбата, коритото каде што течат, а

сепак се вода, сепак се луѓе. Затоа, да останам во допир со

себеси е една од најважните работи што ме води. Само така

можеме да бидеме во допир и со сè околу нас. Се обидувам

да ја слушам својата интуиција и да имам дијалог со себе.

Себерефлексијата, себељубовта, себепочитувањето,

себекорекцијата, се нешто што завршува веројатно со

смртта.

АЈ: Што или кој е вашиот емотивен бастун на кој се потпирате

кога ви е темно?

ВН: Моите најблиски.

17
ЕЛЕГАНЦИЈА,

ЛУКСУЗ И

РЕТРО-ЕСТЕТИКА

ВО ЕДЕН

ЧАСОВНИК

Tissot PR 100 е класичен часовник, што заради својот универзален

изглед може да се носи често и во секоја пригода. Се одликува со

едноставен и елегантен дизајн со ретро-естетика што симболизира

луксуз, квалитет и класичен стил.

Дванаесетте дијаманти сместени на местото на броевите на

дисплејот прават да биде еден од најнеодоливите часовници за

секоја дама.

Часовникот Tissot PR 100 можете да го најдете во продажните места

на Божиновски часовници и накит.
СИТНИ ДЕТАЛИ ШТО ЈА

ПРАВАТ СВАДБАТА

Покрај големите, очигледни нешта за договарање

околу вашата свадба, како просторот, музиката,

одлуката околу облеката, има уште многу детали

што, иако на прва нема да ви се чинат како нешта што ќе

ви зададат маки, добро е да не ги потценувате, најмногу

поради нивниот број. Покани, декорации за маси, за домот,

за гостите, бидермаер, бонбончиња и сличните ситници

се само дел од нив. Најдобро е да одлучите што сѐ сакате

да вклучите во свадбената прослава согласно буџетот и

можностите (сѐ што изгледа добро на „Пинтерест“ нема да

изгледа добро и во реалност), а потоа да се одлучите за

стилот во кој сакате сѐ да биде поврзано. Одберете палета

од бои во чиишто рамки ќе ги декорирате сите детали за

да бидете сигурни дека ништо нема да отскокнува и да

изгледа неприродно.

Некои од глобалните трендови за кои се одлучуваат

паровите оваа година се рустичен, минималистички

или бохо декор, но неизбежни се и класичните мотиви.

Изберете или креирајте го изгледот за поканите (хартиени

или електронски покани што се сѐ почеста практика) и

во сличен стил изработете ги и картичките за оброците;

изберете декор во сличен стил и за уредувањето на салата,

додавајќи свеќи, балони или други декорации по желба;

цветните аранжмани усогласете ги со бидермаерот, што

може да биде класичен букет, минималистички букет

сочинет од еден лист филодендрон, на пример, букет со

сукуленти и сл. Почнете со планирање навреме и овие

ситни детали ќе ви бидат задоволство, а не измачување.

20

Во соработка со
#ВозиПравоВозиЗдраво

ЗА ПОЧИСТ И ЕКОГРАД

Веќе познатата ревијална трка во организација на Стопанска

банка АД – Скопје се одржа на почетокот на месец јуни по

улиците на Скопје. Целта, како и секоја година, е подигнување

на свеста за користење алтернативни форми на транспорт.

Од Банката порачуваат дека возењето велосипед, тротинет,

ролерки, скутери, скироли не само што не загадува туку

и помага во намалувањето на сообраќајниот метеж, во

заштитата на животната средина, а притоа е и многу забавно

и здраво.

Добредојдени беа сите со овие екопревозни средства, како

и родителите со бебе-колички кои накратко го ослободија

центарот на Скопје од автомобили.

И оваа година со секој извозен метар, Стопанска банка

АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за

Град Скопје, за поттикнување на користењето велосипеди

како транспортни средства. Многу наскоро е планирано и

дополнување на СТБ Детскиот велодром, а се подготвува

и терен за изградба на нов урбан велодром со повеќе

предизвици и содржини, во соработка со Град Скопје.

Ревијалната трка почна во 11 часот од порта „Македонија“,

од каде што учесниците си ги подигнуваа бројчињата со кои

подоцна учествува во извлекувањето на вредните награди:

5х Specialized велосипеди, 5х GoPro камери, 5х FitBit алки,

5х MICRO тротинети и друга спортска опрема. Годинешната

трка беше посебна и поради рекордно големиот број на

учесници, кои освен во трката уживаа и во програмата

збогатена со забава, богата содржина и интеракција.

На целта во Градски парк беше поставена бина, а на повеќе

позиции посетителите учествуваа во игри, забавни содржини,

предизвици и вредната лотарија.

Стопанска банка АД – Скопје преку своите алтернативни

канали, иновативни услуги и производи, директно влијае

врз заштитата на животната средина, меѓутоа, ги користи и

својата распространетост и релевантност да застапува една

значајна тема како што се овие алтернативи на транспорт

во густо населените урбани средини кои не загадуваат, а

воедно и помагаат за здравиот живот на корисниците.

Во тој контекст, пред сите филијали на Банката се поставени

паркинзи за велосипеди, вработените во Банката сѐ почесто

ги користат велосипедите како начин за пристигнување на

работа, граѓаните на Скопје веќе втора година активно го

користат СТБ Детскиот велодром, имаат на располагање 5

модерни станици за поправка на велосипеди и поставени се

105 паркинг-позиции на локации договорени со активистите

кои се борат Скопје да прерасне во велосипедски град,

а како што најавуваат од Банката, во подготовка се и нови

активности.

21
Од лево кон десно:

Њомза Селмани

Луна Радонјанин

Мија Јовчевска

Анастазија Христова

Бисера Алчевска

МАТУРАНТИТЕ НА „НОВА“ НА

НАЈПРЕСТИЖНИТЕ СВЕТСКИ

УНИВЕРЗИТЕТИ

Пишува: Тања Тодоровска Малакјан

Фотографија: Жарко Чулиќ

Учењето почнува од најраното детство, кога почнуваме да примаме знаења што потоа ги

применуваме практично, па ги прошируваме преку образованието, за да ги градиме врз

нив своите кариери понатаму во животот, не престанувајќи да се надградуваме и како

професионалци и како луѓе. Матурата е првото скалило на успехот во образованието, што

потоа ни ги отвора вратите кон нови знаења и успеси пред какви што се наоѓаат матурантите

од гимназијата „Нова“, чиишто знаења, вештини и труд ги доведоа до студирање на некои од

најпрестижните светски универзитети.

22
Луна Радонјанин го почнува своето образование во „Нова“ од второ одделение сѐ до четврта година. Гледајќи

наназад кон годините поминати во училиштето и гимназијата таа вели: „Без ’Нова‘, одлуката да го продолжам

академското образование во Кина немаше да биде лесна и веројатно немаше да биде ниту возможна“. Како

најзначаен аспект од школувањето ја издвои поддршката од наставниците и консултантот за избор на факултет,

Бела Глигорова, кои постојано го следеле нејзиниот развој низ годините и остварувањето на нејзините цели и

соништа преку запишувањето на Универзитетот Њујорк Шангај. Токму овој факултет бил нејзин прв избор за

универзитет на кој се учи на англиски јазик, според програмата „Advanced placement“ со која имала можност

да се запознае при учењето во „Нова“. Интересно е што Луна поминала три години од детството во Шангај,

кому повторно му се враќа: „Сега ќе имам шанса повторно да ги доживеам тие искуства од перспектива на

студент и очекувам дека и универзитетот и градот ќе ми помогнат да научам многу повеќе и да ги развијам

моите идеи и интереси во природните науки“, завршува таа.

Меѓународната матура (IB) во гимназијата „Нова“ била главната причина поради која Њомза Селмани

се префрлила во ова училиште во трета година. Иако била трансфер-ученик, многу брзо се вклопила во

програмата и во новата средина. „Од првата недела се вклучив во голем број на школски клубови и учествував

на повеќе воншколски активности како ученичкиот совет, Дебата, Црвен крст, Модел Европски парламент.

Различниот пристап кон предметите во програмата ми го развиваше критичкото размислување и ми овозможи

да се стекнам со вештини за пишување научни трудови и истражување што ќе ми го олеснат понатамошното

образование“, вели Њомза. Процесот на аплицирање на универзитетите подразбирал многу труд и време,

почнувајќи од есеите, па сѐ до интервјуата. Но, нејзиниот труд се исплатеше – и покрај тоа што ја примиле на

дванаесет универзитети, одлучувачки беа истражувачкиот карактер и можностите за лабораториска работа

на Универзитетот Њујорк Абу Даби, каде што Њомза ќе студира биомедицинско инженерство.

Како дел од убавите искуства и моменти поминати во „Нова“, Мија Јовчевска ја издвои програмата Advanced

Placement (AP). „Станува збор за американска програма што им дава можност на средношколците ширум

светот да учат предмети на факултетско ниво и за нив да бидат екстерно оценети преку еден завршен испит“,

вели Мија. Иако на овој начин изучувани, предметите, според неа, биле потешки и пообемни, ѝ овозможиле

подлабоко изучување на природните науки и математиката, како и поширока перспектива за светот преку

часовите по економија и компаративна политика. За запишувањето на Универзитетот на Пенсилванија

најзаслужно го гледа учењето во „Нова“ вклучително со програмата AP, волонтерската работа и професорите

кои ѝ дале огромна помош и поддршка. Мија ќе студира биохемија и биофизика, а како што самата вели,

истражувачкиот карактер на Ју-Пен и современите лабораториски услови се главните причини поради кои со

ентузијазам ги исчекува факултетските денови.

Интересот на матурантката Бисера Алчевска отсекогаш бил насочен кон природните науки. „Гимназијата

’Нова‘ им дава можност на учениците да изберат часови како дел од програмите AP и IB. Овие часови се на

повисоко ниво и се наменети за да ги подготват учениците за нивните понатамошни студии“, вели таа. Воедно,

додава дека, иако процесот на аплицирање на престижните универзитети е многу напорен, професорите и

академските советници во „Нова“ обезбедуваат поддршка за сите ученици кои имаат желба да студираат на

овие универзитети. „Знаењето што го стекнав во ’Нова‘ би сакала да го надополнам и да го применам во мојата

понатамошна кариера и сметам дека Универзитетот Њујорк Шангај ќе ми ја овозможи таа цел. Возбудена сум

што ќе ја имам можноста да учам од светски познати професори и што ќе бидам вклучена во практичниот дел

од наставата, односно во истражувањата на моите професори“, додава Бисера.

Стремежот да се излезе од традиционалниот начин на размислување, искажување и образование во третата

година од гимназиското образование ја донело Анастазија Христова до гимназијата „Нова“. „Влегов со отворен

дух за нови предизвици, а на крајот излегов со многу повеќе – се пронајдов себеси и создадов своја образовна

цел – да студирам односи со јавност“, вели Анастазија. Сублимираната и стручна програма „Меѓународна

матура“ и професионалниот кадар ѝ помогнаа при остварување на оваа цел, а дружбата со деца од различни

националности и култури ја гледа како најзаслужна за нејзиното оформување како граѓанин со отворени

погледи кон светот. Анастазија беше примена во речиси сите училишта во САД каде што аплицираше, но се

одлучи за Универзитетот „Де Пол“ поради, како што самата вели, уникатната академска платформа за личен

и професионален развој. „Покрај тоа, голема улога играат и условите за студирање – ми беше доделена

стипендија, а морам да признам дека примамлива беше и локацијата на универзитетот што се наоѓа во срцето

на Чикаго, давајќи ми можности за практика во врвни агенции“, завршува таа.

23
ИГОР ЈОСИФОВ, МУЛТИМЕДИЈАЛЕН УМЕТНИК

НИЗ ГОДИНИTE

НАУЧИВ…

Фотографија: Ристо Јосифовски - Ромбо

Уметноста е мој/а... Уметноста е мој живот, а и животот

уметност. Уметноста е единствен сведок во историјата

за животот на човештвото, почнувајќи од пештерското

сликарство, па досега. Уметноста е моја религија.

Јас сум создаден да создавам... уметност.

Преку своите дела да му нудиш убавина на светот значи...

да го споделам својот креативен процес, да инспирирам со

искреноста во уметноста.

Соработката со Марина Абрамовиќ ми донесе... огромно

искуство во светот на перформансот во едно многу важно

време историски за перформанс-уметноста во Музејот на

модерна уметност во Њујорк – MoMA, каде што учествував

со перформанси за ретроспективна изложба „The Artist is

present“.
Најлесно се изразувам кога... творам.

Светски изложбен простор кој ме воодушевува е...

Pompidou во Париз и во Мец. Art Basel, Walker Art Center

во Минеаполис се временски пред сите концептуално во

современата уметност, додека со своите колекции што имаат

да ги понудат дефинитивно е SFMoMA во Сан Франциско,

каде што сум ја имал честа да ги уживам феноменалните

изложби и ретроспективни изложби изминатите 13 години.

Фасцинантни се начинот на кој функционираат и буџетот

со кој располагаат, музејот е обновен со нови изложбени

простории, а најсовремено е тоа што самата зграда е

уметничко дело сама по себе, новиот дел на надворешниот

дел на зградата е 3D printed. Лудило.

Мојата фасцинација од оганот почна... откако знам за

себе, сум фасциниран од огнот. Професионално и активно

почнав да го користам огнот во мојата работа во 2006, со

12 години напорна работа научив многу од самиот процес

кој се трансформира во најразлични дела, перформанси,

инсталации, скулптури.

Елемент што најмногу ме инспирира... Секој елемент ме

инспирира на свој начин и со своето симболично значење

што секој елемент го носи со себе.

Перформанс на кој најдолго сум работел...

„2 Димензионален“ (2009-2014) кој го имам направено 8 пати

околу светот во престижни музеи, меѓу кои ‘Modern Wing- Art

institute’ во Чикаго каде што првпат го правев перформансот

„2 Димензионален“, во кој на некој начин бев мост помеѓу

стариот и новиот дел на Музејот дизајниран од Ренцо Пјано

за отворањето на Modern Wing во 2009, во овој перформанс

публиката станува перформер.

Преубаво искуство и третман како уметник добив во Onassis

Cultural Centre во Атина.

Исто така ‘Continuum’ перформансот во DFBRL8R

Performance Art Gallery во Чикаго 2017 беше со времетраење

од 10 дена, по 10 часа секој ден.

Уметничко дело кое ми оставило најсилен впечаток е...

тешко да одвојам едно дело покрај толку монументални

дела. Дефинитивно инсталациите на Jenny Holzer, Christian

Boltanski, James Turrell, Maurizio Cattelan, Olafur Eliasson.

Град во кој се чувствувам најспокојно е... Кавадарци, поточно

Моклиште каде што творам и живеам кога сум во Македонија,

исто така и во Мендосино, Северна Калифорнија. Поголемите

градови не даваат мир, туку напротив, си носат свој хаос.

За успешно да ја владееш техниката „fire reflection“,

најважно е... да имаш огромна концентрација, да го разбираш

оганот и да научиш да го владееш, да бидеш упорен и да не

се откажуваш. За да ја откријам мојата техника ‘fire reflection’

ми беа потребни повеќе од 6 години интензивна работа и

уште 6 години усовршување, оганот е прекрасен елемент кој

временски не дава место за грешки, туку мора да се биде

свесен за неговата моќ и времетраење. Исто така, многу е

важно да се биде информиран за материјалите на кои се

гори и нивната архивност.

Најмоќната трансформација низ која сум поминал е... Монт

Еверест дефинитивно беше клучно место каде што научив

за медитацијата и е чувство на свесност што секој ден го

практикувам.

Импактот што го остварувам со публиката за време на

перформансот... е енергетски дијалог каде што публиката

е дел од самиот перформанс. Перформансот е најдиректна

форма на изразување каде што најважни се идејата и

енергијата создадена за време на перформансот. Тоа е

нешто што фотографијата и видеото не можат да го доловат,

туку присутноста во моментот на реализација.

Во зависност од перформансот, се подготвувам психички и

физички за да го реализирам најдобро што можам.

Најтешко ми е да творам кога... немам време да се посветам,

а морам да донесам некои важни одлуки и се занимавам со

елиминирање.

Кога би можел да

сменам некој дел од

мојата кариера, тоа би

било... веќе го менувам, а

тоа е и официјално легално

разрешување на токсични

соработки со неискрени и

непрофесионални луѓе кои ги

има многу во овој уметнички

свет и бизнис, вклучувајќи

галерии, музеи и организации

кои не би сакал да ги именувам,

но би сакал да им препорачам

на сите уметници, без разлика

на каков вид творештво

работат, да се заштитат, да си

ги знаат своите права и да си го

ценат својот труд.

Во моментов работам на... организирање на моите колекции

низ светот, формирам свој Artist in Residence program со

соработка со светски уметници и куратори веќе потврдени

за 2019. Исто така во 2019 ќе учествувам со свое дело на

изложбата на 100-годишнината од Bauhaus: An Enduring

Legacy за отворањето на новиот музеј Ruth’s Table посветен

на Ruth Аsawa во Сан Франциско.
26

Моја борба
Моја борба

27
Моја борба

Живееме во години кога се верува дека сѐ се постигнува со

моќта на умот, дека сѐ е во нашите глави и дека оптимизмот

и ведриот дух се начин на живот, нешто што лесно се

постигнува, па така сѐ повеќе наидуваме на мотивациски

говорници, семинари и слично. Во вакво опкружување

некако е наметнато да се избегнуваат негативните мисли и

емоции. Сепак, на некој начин Вие се соочивте со нив уште

во раното детство. Можете да ни кажете нешто повеќе за

Вашите први средби со анксиозноста?

Во раното детство анксиозноста не беше многу истакната,

мислам дека сите мислеа дека сум само многу срамежливо

девојче. Не сакав да одам во градинка, но никој тоа не го

гледаше како нешто страшно, но гледајќи наназад, сега

сфаќам дека уште оттогаш можеби сум имала блага доза на

социјална анксиозност. Но, се дружев со деца, имав многу

блиски пријатели, и со текот на времето, како што растев, во

основно училиште функционирав сосема нормално. Но, во

животот сите се соочуваме со моменти кои се многу стресни,

непредвидливи, тешки и по неколку такви искуства во мојот

живот, од кои едно беше тешка болест и смрт во потесното

семејство, мојата анксиозност излезе на површина.

Сепак, на 16-годишна возраст анксиозноста кај Вас се

зголеми, сега веќе надополнета и со панични напади и желба

за изолација, избегнување социјални

настани, осамување... Имајќи предвид

дека станува збор за период на едни

од најпредизвикувачките, тинејџерски

години, како се справувавте со

новонастанатите ситуации тогаш?

Се чувствував многу несфатено, не

знаев како да им објаснам на најдобрите

пријатели низ што поминувам и

едноставно се затворив во себе. Секој

повик со покана за излегување ми беше

тежок момент. Толку многу сакав да

излезам, да се дружам, да функционирам

како и секој друг тинејџер, но, од друга

страна, водев борба со себеси. И

понекогаш успевав да се изборам и да излезам и сето тоа

да помине без напади на паника, но тоа беа ретки моменти

и беа придружени со илјадници анксиозни мисли кои ме

преморуваа. Имаше денови кога едноставно не можев да

одам на училиште, моето тело немаше енергија да се справи

со социјални ситуации и само спиев. Моите родители исто

така не знаеја како да се справат со ситуацијата со оглед на

тоа дека моето однесување се смени целосно, но и не сакаа

да ја прифатат реалноста дека нивното дете се соочува со

нешто такво.

Три години сте се справувале со вакви епизоди кои

непридружени со соодветна терапија доведуваат до нова

состојба – на 19-годишна возраст Ви е дијагностицирана

депресија. Како ги примивте овие вести и со какви средства

и сили се боревте со состојбата за која, за жал, сѐ уште

ретко се зборува?

По многу обиди да се изборам со ситуацијата со помош на

медитација и разговори со блиските, сфатив дека состојбата

не ми се подобрува и сама одлучив да побарам помош од

За време на лекувањето имав

подеми и падови, имаше

денови кога се чувствував

многу подобро и бев исполнета

со енергија, но имаше и денови

кога немав никаква сила, ниту

желба да станам од кревет и

да се борам.

психијатар. Ми беа препишани антидепресиви уште на

првата средба со психијатарот и постојано одев на контрола.

За време на лекувањето имав подеми и падови, имаше

денови кога се чувствував многу подобро и бев исполнета со

енергија, но имаше и денови кога немав никаква сила, ниту

желба да станам од кревет и да се борам. Но во најголемиот

дел од моето лекување мојата состојба беше стабилна.

Посетував и психолог, кој со разговор ми помагаше и ме

советуваше како успешно да се соочам со секојдневните

обврски и покрај тоа што земав антидепресиви.

Кажавте дека сте биле на терапија со антидепресиви – во

која мера Ви помогна ваквото лекување и кога решивте дека

сте подготвени да ги оставите лековите имајќи предвид

дека ваквиот чекор претставувал вистинска борба за оние

што ја поминале?

Терапијата со антидепресиви колку што може да помогне,

толку е и опасна. Самите антидепресиви даваат храброст

на некој начин, што може да доведе до несакани ситуации,

и кај суицидални лица кои се на антидепресиви е многу

ризично. Антидепресивите се зависност - доколку пропуштев

неколку дози, минував низ милион варијации на чувства и

емоции, не можев да се контролирам. Има многу несакани

дејства, качуваш многу килограми, имаш проблеми со

спиењето, не се чувствуваш како свој и уште

мал милион работи за кои психијатрите не

те предупредуваат. На пример, никогаш

не помислив дека антидепресивите ќе

направат да се чувствувам како сосема

поинаква личност. Поради тоа, навистина

не сакав да ги земам апчињата и само го

чекав моментот да бидам подобро за да

ги откажам апчињата и да ја преземам

контролата во свои раце. Но, знаев дека

во таа состојба во која бев, морав да ги

примам апчињата и терапијата многу ми

помогна во однос на анксиозноста, а со тоа

ми се намали делумно депресивноста. По

речиси три години борба се почувствував

подготвена и сама донесов одлука да ги прекинам апчињата.

Самиот процес на откажување беше многу тежок, придружен

со многу непријатни физички и психички симптоми. Но со

помош на семејството, најблиските пријатели и со поддршка

од психолог, успешно поминав низ процесот.

Гледано од денешна перспектива, што сѐ подразбираше

ваквата битка, со какви лични, но и општествени состојби

се соочувавте, со оглед на стигмата, па дури и табуто за

менталните болести кај нас?

Се чувствував многу неприфатено. Првенствено, со тоа

што во периодот кога јас почнав со антидепресивите

веќе бев редовен студент и морав често да отсуствувам

од наставата. Очекував некакво разбирање и човечност

од страна на моите професори, но многу мал дел од нив

имаа разбирање. Поради тоа, сѐ уште ги немам завршено

студиите. Неприфатеност има и во другите општествени

сфери и навистина негативно влијае бидејќи се чувствуваш

како да не припаѓаш во општеството, каде што нема никакви

бенефиции ниту пак групи за поддршка за личностите што се

28
Моја борба

борат со ова. Во ваквите случаи може да се забележи колку

менталното здравје сѐ уште е табу-тема на која треба многу

да се работи.

Дури и кога има отвореност при зборувањето на темата

за депресија, некако секогаш се задржуваат прашањата

на терапијата, лековите, состојбата... ретко се зборува за

квалитетот на живот, во однос на пријателствата, љубовниот

(па и сексуалниот) живот, релациите со семејството... колку

се важни поддршката, разбирањето од нив, колкави се

жртвувањата од двете страни и слично?

Секако, квалитетот на животот е различен од тоа што би

сакале, но со текот на времето, како што се подобрува

состојбата, така и тоа се менува. Лично, поддршката и

разбирањето од моето семејство од пријателите ми значеа

сѐ, иако беа потребни големи жртви и одземање голем дел од

нивното време. Среќна сум што сум опкружена со луѓе што

имаа многу трпение, љубов и желба да ми помогнат. Посебна

благодарност до моите пријатели што останаа покрај сите

мои обиди за изолација и се бореа секојдневно заедно со

мене да ја надминам оваа состојба.

Она што е за секоја почит кај Вас се

отвореноста, искреноста и храброста

да зборувате за состојбите со кои се

справувавте – на какви коментари и

реакции наидовте притоа?

Кога почнав јавно и отворено да зборувам

за мојата состојба, бев свесна дека ќе се

соочам со секакви реакции, но исто така

знаев дека сум подготвена да се борам со

стигмата. Негативни коментари, како што и

очекував, имаше. Од тоа дека депресијата

и анксиозноста не се болести, ниту пак

нешто битно и сериозно, до тоа дека само

’ненормални‘ луѓе оделе на психолог, дека

било срамота што јавно зборувам за тоа и слично. Жално е

што во 21 век има луѓе што сѐ уште имаат вакви мислења, што

не знаат дека голем дел од менталните болести се последица

на хормонски промени и дека не е така едноставно како што

изгледа, ниту пак дека сами сме си криви за тоа. Но, покрај

негативните коментари бев исконтактирана од многу млади,

па и постари луѓе што се соочуваат со истото, но се плашат

да побараат помош или, пак, се чувствуваат неприфатено.

Благодарноста што ми ја искажаа за тоа што отворено

зборувам за она низ кое поминуваме ми значеше многу

повеќе од сите негативни коментари, како и фактот дека

можеби некој ќе успее да сфати и да разбере малку подобро

како е да се живее со ваква болест во општество кое не нѐ

прифаќа, со надеж дека можеби еден ден стигмата ќе се

намали.

Во целата битка со депресијата и анксиозноста се соочивте

ли со губење на блиски личности кои едноставно не ја

сфатија ситуацијата во која бевте и излегоа од Вашиот

живот?

За жал, во мојата битка изгубив неколку блиски личности,

меѓу кои и една од најблиските другарки, за која сметав дека

цел живот ќе биде покрај мене. Губењето на пријателството

Губењето на пријателството

го поднесов многу тешко, но

со текот на времето сфатив

дека не секој може да ја

разбере ситуацијата, ниту

пак е емоционално подготвен

да се соочи со такво нешто.

го поднесов многу тешко, но со текот на времето сфатив

дека не секој може да ја разбере ситуацијата, ниту пак

е емоционално подготвен да се соочи со такво нешто.

Не е лесно да се справуваш со личност која се бори со

анксиозност и депресија и не им замерувам на личностите

што не се веќе дел од мојот живот.

Студентка сте по психологија – дали одлуката за Вашите

студии потекнува од ситуацијата со која сте се справувале

уште од детството и ја гледате како повод и можност да им

помогнете на луѓето што би се нашле во иста или во слична

состојба како Вашата?

Уште од детството бев воодушевена од психологијата

како наука. Со текот на времето, едноставно знаев дека

е тоа вистинскиот избор за мене. Во најтешките моменти

желбата да се посветам на помагање на луѓето и љубовта

кон психологијата ми беа едни од најголемите мотивации да

продолжам да се борам. Сметам дека токму моето искуство

би било предност во поголемо разбирање на моите идни

пациенти.

Имајќи ја предвид тежината што ја носи депресијата, кога за

жал многумина што се справуваат со неа

неретко ја губат битката посегнувајќи

по сопствениот живот, што, според

Вас и Вашето искуство, е најважно во

ваквите најцрни моменти и за оној што се

справува со депресијата и за најблиските

од неговата околина што сакаат да му

помогнат?

Сметам дека поддршката и љубовта

од најблиските се едни од најбитните

работи, личноста да не се чувствува сама,

неприфатена. Поголема инволвираност

во нивните животи, постојано да се

покажува нивната важност и вредност.

Понекогаш и поттик да се направат и најмали работи може да

биде од помош бидејќи луѓетo што се борат со депресивни

епизоди тешко наоѓаат желба и сила само за да станат од

кревет. Секако, би препорачала и соработка со психолог/

психијатар, разговор со професионално лице и правилна

терапија можат да бидат добра превентива од суицидални

мисли.

За крај, иако не постои универзална парола како „остави, ќе

помине“, „ајде сѐ ќе биде во ред“ и слично, бидејќи сечија

битка е индивидуална – сепак, што во Вашиот случај Ви

помогна најмногу? Што би им порачале на поединците или

семејствата што се соочуваат со анксиозност или депресија?

На сите што се соочуваат со овие болести би им препорачала

да не се плашат да побараат помош. Менталната состојба на

умот е многу важна и не треба да се занемарува. Особено што

денеска има голем број достапни психолози и психијатри,

групи за поддршка (па макар и онлајн), па дури и разговор

со блиска личност знае да биде од помош. Не е срамно да

се признае дека се минува низ тежок период, тоа може да

му се случи секому. Со вистинска поддршка и правилна

терапија сметам дека секој може да се избори и успешно да

ја надмине оваа состојба.

29
Моја борба

C HIT

C HAT

ВЕЛИМИР

ЖЕРНОВСКИ

Црните дупки не се така црни... Секогаш има

излез!

Кога мислам на „Музејот на современа

уметност“ во Скопје мислам на... Глобалната

солидарност, која ја изгубивме.

Практикувам арт активизам затоа што... Повеќе би

рекол дека се обидувам да практикувам општествена

одговорност.

Уметноста е паралелен универзум... Како и љубовта, страста,

страдањата, раѓањето, смртта итн...

Идеален изложбен простор... Треба сите да сфатиме дека просторот

не е одделен од нас, ние сме простор! Така и во контекст на

излагањата.

Омилена техника за творење... Истражување, читање, откривање, патување...

Најлесно се изразувам...Кога имам што да кажам.

Културата во нашата земја... Е далеку, далеку, светлосни години во иднината,

доколку напорно и посветено работиме.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Утрински ритуал... Јога, кафе и работа.

Омилен „cover“ на албум... Во оваа прилика, а и еден од омилените Moon Safari – AIR 1998.

Кога подготвувам изложба... Се борам со сета љубов и сите демони на овој и некои други светови.

Прв синоним за идеален живот... Да можеш да го работиш и уживаш она во кое си најсигурен.

Уметничко дело што не престанало да ме фасцинира... Ги има многу, но во моментов ми текнува на „Без

наслов“ - Портрет на Рос од Феликс Гонзалес Торес.

Моја најлоша каркатерна особина... Сигурен сум дека ги има многу.

Надвор од ограничувањата доаѓа креативноста... Само надвор од ограничувањата можеме да научиме вистински

да живееме.

Омилено место во Скопје... Сите зеленила кои успеавме да ги задржиме.

Најмногу пари трошам на... Уживање.

Биди маж, оженствени се... Поинаков свет е возможен!

30

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста
Бесценети прегратки и бакнежи... Најискрени насмевки што даваат смисла на животот. Тие

се центарот на нашиот универзум! Сите наши одлуки се водени од безусловната љубов и

од желбата да им го пружиме најдоброто.

Четири децении сме посветени на создавање производи кои се синоним за врвен

квалитет, користејќи уникатни и исклучително благи клинички тестирани формулации,

изработени во соработка со врвни експерти.

Чест ни е што 40 години сме дел од нивното секојдневие, уште од првиот ден по раѓањето!

Нежно уште од првиот допир!
Инспирација

ЗА ЛИЧНАТА БОРБА СО АНКСИОЗНОСТА И

ПАНИЧНИТЕ НАПАДИ

„АНКСИОЗНОСТА ОСВЕН ШТО Е

ИСЦРПУВАЧКА И СТРАШНА, НИ ГИ ОТВОРА

ОЧИТЕ И НИ ПОКАЖУВА ДЕКА Е ВРЕМЕ ЗА

ПРОМЕНА“

Современото живеење сè повеќе го

поттикнува егзистенцијалниот страв кај

поединците и директно влијае врз нашето

ментално здравје. Иако постојат и лични

и индивидуални причини, се смета дека

токму поради стресот и притисокот, што

се составен дел од нашето секојдневие,

анксиозноста, паничните напади и

депресијата станаа сè почести психолошки

состојби и сè повеќе луѓе страдаат од нив.

Иако, за разлика од порано, отвореноста на

оваа тема малку е зголемена, сепак сè уште

многу луѓе го одложуваат своето лекување,

бидејќи немаат храброст отворено да

зборуваат за својата состојба. Мартина

Марковска е млада, преубава девојка, која

неколкупати била дел од нашите модни

едиторијали и со која секогаш соработуваме

со радост. Иако е многу млада, таа ни

докажа дека има високоразвиена свест

и искрено се надеваме дека со своето

искуство ќе остави позитивен пример, за

правилен пристап кон својата психолошка

состојба.

Пишува: Ружица Антиќ

32
Фотографија: Горан HLVK Поповски

Стилистка: Бојана Максимовска

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Фризура: Даниел Артевски

Мода: Yes Master

Локација: Воен базен, Аеродром

33
Инспирација

Мартина, најнапред сакам да ви се

заблагодарам што се согласивте отворено

да зборувате за вашата борба со

анксиозноста, депресијата и паничните

напади. Имавте ли пред вашето искуство

некакви предзнаења за ваквите психолошки

состојби?

Искрено, ми требаше малку време за да се

одлучам на ваков чекор и да проговорам

јавно за состојбата во која се наоѓам. Иако

ова е еден вид на „разголување на душата“

и моја приватност, не чувствувам срам и

непријатност да ја споделам мојата „борба“,

онаа што ја води секој можеби петти

човек, бидејќи знаеме дека анксиозноста

претставува проблем на современиот човек.

Би ми било мило ако барем на еден ваш

читател му помогнам да види дека не е сам

и дека анксиозноста и паничните напади

се резултат на динамиката и зголеменото

темпо на живот, односно се составен дел

од животот, но најважно е отворено да се

зборува за тоа. Јас бев многу мала и немав

апсолутно никакви предзнаења, ниту бев

свесна дека постои такво нешто. Затоа,

на почетокот, кога анксиозноста ми беше

непознато чувство, обраќав внимание само

како на физички симптоми и мислев дека

станува збор за некоја моментална состојба,

како слабокрвност, аритмии, висок притисок

и сл.

На 17-годишна возраст првпат се сретнавте

најнапред со физички симптоми на

анксиозност, за да се соочите потоа и со

панични напади. Можете ли подетално да

ни опишете сè што ви се случуваше во тие

први моменти кога не знаевте што ве мачи?

Периодот на адолесценција изобилува со

бурни психички, емоционални и морални

кризи, па затоа, кога ми се појавија

најпрвин психичките знаци за состојба на

анксиозност, лесно губење на трпението,

тешкотии со концентрација, опсесивност,

не го сфаќав толку сериозно, мислејќи дека

е само краток период. Набргу следуваше и

првиот паничен напад, што многу стресно

го доживеав. Срцето ти чука толку силно

што мислиш дека ќе ти излезе од градите.

Се потиш интензивно, губиш рамнотежа, се

бориш за здив и помислуваш дека ќе умреш.

Сето ова трае од 5 до 30 минути, што ти

изгледаат како вечност. Стравувањето дека

пак ќе добиеш паничен напад е причината

што се појавува повторно. И така влегуваш

во оној „магичен круг“ за кој мислиш дека

нема излез. Од моето искуство, не постои

правило, кога, каде и со кој интензитет ќе

добиеш паничен напад.

Бројот на млади луѓе на кои овој проблем

им е секојдневие постојано се зголемува

и тие не добиваат соодветен третман или

пристап. Каков став имаше вашето семејство

и блиските луѓе што ве опкружуваат?

Имав максимална поддршка и од семејството

и од пријателите. Исто како мене, и тие

беа изненадени од сето тоа што ми се

случува и сакаа да помогнат на секој начин.

Нештата нема да се подобрат со „чекање

да помине“. Најдобрата работа што можете

да ја направите доколку се соочувате со

депресија и анксиозност е барање помош

од стручно лице. Многу знаат да кажат дека

никој не може да ти помогне, освен самиот

ти и дека ти управуваш со својот ум. Јас се

согласувам со сето тоа, меѓутоа кога си во

целиот тој хаос, ти треба некој да те наведе

да размислуваш така, да те фокусира на

твојата флексибилност, надеж и потрага по

смислата на твојот живот.

Дополнителен проблем е што кај нас свеста

за нега на менталното здравје и посета на

психотерапевт е мала. Имавте ли проблем,

ви беше ли тешко да опишете како се

чувствувате кога првпат се сретнавте со

ваквиот вид специјалисти?

На почетокот ми беше чудно и цело време

мислев и дополнително си правев тензија

дека ако некој дознае, ќе мисли дека сум

луда, за да сфатам на крајот дека моето

здравје и мојата среќа се поважни од тоа

што мислат другите. Додека се плашев што

ќе си помислат, каде ќе ми се случи, со кого

ќе бидам, сè повеќе самата си ја влошував

состојбата и не бев фокусирана да го решам

проблемот, туку многу повеќе да го скријам.

34
Инспирација

Кога сфатив дека некои работи не можам

и не треба да ги скријам, тоа беше првиот

чекор да си помогнам и тогаш сфатив дека

сум подготвена да побарам помош.

За жал, многу млади, амбициозни и

енергични луѓе парализирани од страв

не успеваат да функционираат и нивното

секојдневие станува вистински пекол.

Какви ситуации најчесто ви ги зголемуваа

стравовите и ви ја влошуваа состојбата?

Така е, за жал. Се дистанцираш од секаков

вид активности, откажуваш дружби и

стануваш затворен во себе. Смислуваш

секакви изговори, само за да останеш дома,

од страв дека надвор ќе се случи нешто.

Не можеш во ниеден момент да мислиш и

да се подготвуваш за ниедна секојдневна

обврска, затоа што, што и да помислиш да

правиш, веќе во следната секунда си велиш

– а што ако ми стане лошо таму, и најсигурно

се чувствуваш кога не правиш ништо.

Секојдневно работите што требаше да ги

завршам, се зголемуваа и се трупаа и тоа ми

правеше дополнителен притисок. Помислата

дека сум целосно непродуктивна правеше

да се чувствувам многу лошо. Имаше

моменти кога требаше да бидам во контакт

со луѓе кои не ми се блиски и немав реално

објаснување зошто не можам да дојдам.

Анксиозноста, паничните напади и

депресијата најчесто се круг во кој личноста

запаѓа од една состојба во друга. Денес,

кога размислувате за најтешките моменти

што ги поминавте, во која состојба се

чувствувате најлошо?

Дефинитивно најтешко ми беше кога ми се

случија првите напади и кога немав точно

претстава што ми се случува. Чувствата што

ви поминуваат низ главата се многу силни

и реалистични и вие навистина сте убеден

дека ќе умрете и дека нема шанси да ви

стане подобро. Откако побарав помош

исто така ми требаше многу време за да

почнам да ги практикувам советите што ги

добивав. Имав милион прашања и секогаш

кога мислев дека сум совладала некоја

состојба, пак ќе се појавеше нешто ново,

што ќе почнеше да ме загрижува и повторно

да ми предизвикува немир. Сепак, со текот

на времето станав целосно свесна за тоа

што ми се случува, научив да ги контролирам

мислите, пробувам да се придржувам до

советите, да ги применувам техниките на

дишење и, конечно, се случија позитивните

промени.

Голем дел од модниот свет е јавна работа

изложена на критиките на голем број луѓе.

Како денес се справувате со работи што ви

прават притисок и стрес?

Самодовербата е најважна. Доколку ја

имате, критиките нема да ги сфаќате

трагично, особено негативните, бидејќи

секогаш ќе ги има. Пробувам да се

фокусирам само на убавите аспекти

на мојата професија, да не си правам

дополнителен притисок и, генерално, додека

фотографирам или снимам се чувствувам

опуштено и релаксирано. Најчесто,

советите се да избегнуваш стресни работи

и моменти, но сите знаеме дека стресот е

секојдневие, па затоа многу е поважно да

научиш да се носиш со таквите ситуации и

со емоциите што тие ги предизвикуваат кај

тебе. Со физичка активност најдобро се

исфрла напнатоста и негативната енергија.

Слушање музика е исто така добро решение,

проследено со вежби за правилно дишење.

Мартина, многу млада имате развиена свест

од колкава важност е транспарентно да се

зборува за вакви проблеми. Што сметате

дека е најважно да знаат луѓето што имаат

слични проблеми, во која било фаза?

Бидете трпеливи! Анксиозноста, освен

што е исцрпувачка и страшна, таа ни ги

отвора очите. Нè тера да се спознаеме, да

размислуваме за себе, за работите што нè

исполнуваат вистински. Таа е аларм што

ни кажува дека нешто не правиме како што

треба, дека е време за промена. Следете

ги вашите соништа и таа ќе исчезне. Inhale,

exhale...

35
36

Инспирација
Инспирација

37
38

Инспирација
Инспирација

39
40

Инспирација
Фото дневник

ЕДЕН ДЕН СО ЈОГА ИНСТРУКТОРКАTA

Лејла Рамковска

Прекрасно утро со „smoothie“ на свеж

воздух

Чувството потоа е прекрасно. Секој ден одвојувам време за медитација и раздвижување во природа. И 5

минути, имаат големо значење за телото.

Време е за „power yoga“. Два пати

неделно покрај приватните часови,

држам групни часови.

Моето богатство во една слика!

На крајот на овој ден, на пијачка пред

зграда.
ЛЕТЕН КАМП

НА НОВА 2018

од 18 ЈУНИ до 6 ЈУЛИ

Камперите ќе истражуваат некои од највозбудливите

локации, како дел од нивните активности:

Спортски центар „Борис Трајковски“, Аквапаркот, МТП

Спортски центар, Хиподром, Градскиот парк и Водно.

За повеќе информации, обратете ни се по

е-мејл: summer.camp@nova.edu.mk

или на телефон: 3061-807 локал 201

Возраст од 4 до 6 год.

СРЕЌНИ ЖАПЧИЊА

АКТИВНОСТИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

забавен парк, прошетка во природа,

Зоолошка градина, јавање коњи,

научни експерименти и едукативни забавни игри.

Возраст од 6 до 8 год.

ПИНГВИНИ

АКТИВНОСТИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

мост со јажиња, погоди ја целта, кајакарење,

тенис, јавање коњи, аквапарк, мечување,

игри за градење тимски дух и камперски оган.

Возраст од 9 до 13 год.

ПАНТЕРИ

АКТИВНОСТИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

кајакарење, рафтинг, мост со јажиња, ласер таг,

јавање коњи, тенис, куглање, картинг, аквапарк,

стрелање со лак и стрела, пикадо, мечување,

дунк тенк, игри за градење тимски дух и

камперски оган.
Golden

Dust
ФОТОГРАФ: Жарко Чулиќ

МОДЕЛ: Марго Бојаџиева - Моделс Ин

ШМИНКА: Фросина FRAN Ангеловска

ФРИЗУРА: Даниел Артевски

45
47
Summer

MANGO 990 ден.

MANGO 2.090 ден.

DIESEL фармерки 13.690 ден.

SPRINGFIELD блуза 1.799 ден.

SPRINGFIELD чанта 1.499 ден.

PARFOIS чевли 1.990 ден.

PARFOIS 1.190 ден.

MANGO 1.490 ден.

MANGO 1.990 ден.

48
treats

Портрет мода

SPRINGFIELD 999 ден.

REPLAY 5.990 ден.

MANGO маица 1.490 ден.

REPLAY панталони 6.290 ден.

MANGO ремен 990 ден.

PARFOIS сандали 1.490 ден.

PARFOIS 1.790 ден.

MANGO 2.990 ден.

MANGO 1.990 ден.
Топло лето

MANGO кошула 2.490 ден.

GUESS BY MARCIANO кратки панталони 10.390 ден.

BATA чевли 2.890 ден.

MANGO обетки 690 ден.

PARFOIS часовник 1.790 ден.

PARFOIS чанта 2.290 ден.

50

Фотограф: Жарко Чулиќ

Модел: Искра Матиќ - Моделс Ин

Стилист: Ана Коцевска

Шминка: Доковски (VD Make Up)
MANGO маица 990 ден.

MANGO фармерки 2.990 ден.

MANGO палто 4.990 ден.

PARFOIS часовник 1.890 ден.

PARFOIS прстен 390 ден.

PARFOIS чанта 1.890 ден.

BATA чевли 3.490 ден.

51
52

MANGO блуза 1.990 ден.

MOTIVI панталони 4.390 ден.

MANGO обетки 890 ден.

MANGO чанта 2.490 ден.

PARFOIS часовник 2.090 ден.
Портрет мода

MANGO 2.490 ден.

MOTIVI 3.090 ден.

BATA 2.890 ден.

MANGO 2.490 ден.

BATA 3.490 ден. REPLAY 4.390 ден. PARFOIS 1.990 ден.

Shoeholics

Фотограф: Жарко Чулиќ
Портрет мода

SHOPIT

CARPISA 1.990 ден.

MANGO 2.490 ден.

PARFOIS 1.290 ден.

CARPISA 990 ден.

BATA 2.490 ден.

CARPISA 1.290 ден.

PARFOIS 1.490 ден.

MANGO 1.990 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ
ЛЕТО

LEVI’S 8.290 ден.

PARFOIS 690 ден.

MOTIVI 3.290 ден.

MANGO 1.490 ден.

MANGO 2.490 ден.

PARFOIS 690 ден.

PARFOIS 1.190 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

55
РУЖИЦА АНТИЌ

АВАНТУРАТА

„CHLOE NOMADE“,

ЌЕ ЈА ПАМЕТАМ ЦЕЛ ЖИВОТ

23.03.2018

Денов ми почна совршено, со најсреќна вест која ја добив во форма на меил, од нашите долгогодишни

клиенти „Еликсир“, кои сакаат јас да одам на регионален настан, промоција на парфемот„Chloe

Nomade“ што ќе се одржува во мај во Израел. Два пати го прочитав меилот, и веднаш ми се направи

адреналин, иако имам скоро два месеци до тргнување. Размислувам што знам за брендот „Chloe“ и

дали се вклопувам во овој светски комплимент „Chloe girl“. Минатото лето во Берлин си се почастив

со една „Chloe Drew“ ташничка, долги години го користев нивниот „Eue De Parfum“, имам користено

и „Love story“, но сѐ уште ме мачи дали ќе одоговорам соодветно на оваа голема чест. Ја гледам

кампањата за парфемот, парфем за жени кои без размислување тргнуваат во нови авантури, секогаш

спремни да патуваат, и на тие патувања повторно да се откриваат самите себеси. Сега ми олесна,

па јас сум цел живот „Nomade“ девојка. Со секоја преселба во нов град, поради кариерата на мојот

сопруг, си давав шанса да се надевам дека ќе почнам како нова жена. И дека сите мои лоши навики,

нема да ги преселам со мене. Ми олесна, едвај чекам да дојде мај, и да бидам дел од овој светски

настан.

23.05.2018

Стигнав на аеродром скоро два часа пред летот, во постојана паника да не задоцнам. Дојде денот

што го чекав два месеци, и поткована со пустински стајлинзи, секакви технолошки гаџети, сѐ што

најдов „Chloe“ дома, тргнувам за Израел. И иако сум била на два светски настани, немам никаква

претстава како ќе изгледа и тоа ме прави многу среќна и возбудена. Имам и закажано интервју со

Quentin Bisch, кој го создал овој егзотичен парфем, и прочитав толку детали за неговиот живот, што

мислам дека го познавам одамна. Прва станица Истанбул, втора станица Тел Авив. Уште на аеродром

се почуствував како вистинска дива, кога ме чекаше шофер, и кога ме зема заедно со главната ѕвезда

на вечерта Mr. Bisch лично. Морам да кажам дека тој ми ја повтори мојата теза, дека во светот луѓето

колку стануваат поуспешни, толку се однесуваат поубаво. Еден час до хотелот се интересираше

за Македонија, за „Портрет“, за мојата работа. Трпеливо до детал ми објаснуваше како изгледа

целиот процес на работа на создавање на парфем, иако го прашував и глупости, како на пример,

дали се плаши за својот живот кога работи постојано на тајни формули за нови парфеми (морам да

престанам да гледам Discovery ID). Вечерва беше резервирана за настанот овде во хотелот во кој

сум сместена, кој дефинитивно е најубавиот хотел што сум го видела во животот, „Setai Hotel“. На

настанот имав можност да се запознаам со останатите „Chloe girls“, кои беа блогерки, уреднички на

принт и дигитал магазини, актерки и сл. Две работи научив вечерва, прво дека професијата блогерка,

е многу потценета, и дека во светските брендови работат генијалци. Сите блогерки што личат дека

само шетаат и сликаат кафиња и ташнички, вложуваат огромен труд. Па тоа било цела продукција,

асистенти, монтажа, барање локации, барање кадар и сл. Секоја од нив се трудеше да најде што е

можно пооргинален начин да се слика со парфемот. Ние новинарите бевме поопуштени и уживавме

во целата атмосфера, на терасата од хотелот, која беше цела со прекрасни бели цветови и со поглед

на море. Не можам да опишам како мириса парфемот, ако некогаш замислувам идеална верзија oд

себеси таа би мирисaла точно вака-дење, ноќе. Вечерва беше совршена: шампањ, прекрасна музика,

преубави жени, насекаде мирис на „Nomade“. И да, имав можност да ја запознаам Bar Refaeli, светски

топ-модел, најсовршеното суштество што сум го видела одблиску. Легнувам највозбудена, утре

тргнуваме во вториот дел oд промоцијата, во пустина.

56
24.05.2018

Се одјавивме од хотелот, кога ни кажаа дека превозот ни пристигнал. Е колку филмска глетка беше

тоа, десет огромни црни џипови, со бројка на секој, чекаа наредени во колона. Патувавме три часа

до пустината, и имавме можност подобро да се запознаеме со останатите девојки. Јас бев во кола

со уредниката на естонскиот магазин „Sade“, и со уредничката на дигиталната верзија на L`Officiel за

Балтичките земји, прекрасни девојки и навистина беше супер искуство што имав можност да слушам,

што се случува и како изгледа работата во редакциите на светските медиуми. Кога стигнавме во нешто

што наликуваше на оаза, со зелена трева и вештачко езеро, веќе целосно мислев дека сум во рајот.

Во тој амбиент ги направивме интервјуата со парфумерот, поделени во три групи. Тука ручавме,

исто на најфилмска маса целата украсена со цвеќиња и најразлични изараелски специјалитети. Кога

мислев дека не може нешто поубаво да изгледа, тргнавме накај вториот хотел во пустина, и тоа беше

најинтересното нашто што сум го видела. Цел со пустинска архитехтура, мириси и дизајн, само што

седевме и пиевме кафе на терасата со поглед во пустина, се чувствував најпосебно на свет. Никогаш

нигде, некое место не ми пружило толкав мир и спокој. Кафето испиено таму, сама на терасата во

пустина, мислам дека ќе го памтам цел живот. Вечерва ја завршувам со среќна мисла и надеж дека од

Израел си одам со шанса за нов почеток. И да дефинитивно сум „Chloe girl“, зашто секоја од нас е во

определен период од животот.

57
КВЕНТИН БИШ

ПАРФУМЕР, СОЗДАВАЧ НА

CHLOE NOMADE

На почетокот на вашата кариера сте биле во многу ситуации кога не сте се вклопувале во

стандардниот модел на парфумери. Од каде ја црпевте силната верба и упорност да го работите

тоа што го сакате?

Мојата приказна е малку необична, и по многу стандарди не ги исполнував условите за да станам

професионален парфумер. Од една страна бев момче кое многу слабо сакаше и работеше хемија и

наука, од друга страна на десетгодишна возраст секојдневно ги погодував парфемите на сите наши

професори. Уште тогаш сфатив дека многу ме фасцинираат парфемите и заклучив дека сакам да

создавам парфеми. Кога сфатив дека навистина немам никаков потенцијал да бидам хемичар, се

запишав на театарска игра и во рекордно време го завршив универзитетот. Основав своја театарска

компанија, но желбата да станам парфумер не ме напушташе, па затоа напишав писмо до најдобрите

парфумери во Франција. Нивниот одговор беше дека без хемија шансите ми се многу мали, но ако

имам толкава страст, сепак да пробам. По две години ја добив првата работа како асистент-парфумер

и почнав да го живеам мојот сон. Личи на неверојатна приказна, но мислам дека само огромната

љубов и страст што ја чувствував за парфемите, откако знам за себе, ми дадоа сила и желба да не се

откажам никогаш.

58
Го создадовте Chloe Nomade, инспириран од жените, авантуристки кои уживаат да откриваат нови

хоризонти во сопствениот живот. Што е слободата за вас и кога сте биле најблиску до неа?

За мене, слободата има огромно значење, и како поединец и кога работам и сум дел од некој колектив.

Имам изразено многу силно чувство за слобода во секој аспект од моето живеење и сега веќе не

можам да функционирам никако поинаку. Во првиот момент кога ќе почувствувам дека на кој било

начин мојата слобода е загрозена, веднаш имам потреба да се тргнам од приказната и да заминам

на друго место, каде што ќе можам да бидам целосно слободен. Всушност, многу години сум во

постојана потрага по слобода и верувам дека таков ќе останам засекогаш. Особено што сфатив дека

мојата креативност најдобро функционира во таа сосема слободна состојба на телото, духот и умот.

За многу жени ништо подобро не буди спомени на личности и места од парфем. На што мириса

жената што го користи Chloe Nomade?

Мојата идеја, кога почнав да работам на Nomade, беше да создадам парфем што ќе може да го користи

секоја жена и што кај неа ќе ги буди нејзините најскриени чувства за нови авантури. Сакав секоја

различна жена да „го носи“ парфемот на различен начин, во комбинација со мирисот на сопствената

кожа. Како кога патуваш со некого и откриваш различни места, двајцата ги доживувате исти работи,

места и случки, на различен начин. Па, така, сакав секоја жена на свој начин да го доживее искуството

Nomade, во комбинација со нејзиниот личен печат. Вака го замислував додека работев на него, но

откако имав можност да ја запознам актерката Ариене Лабед, која е заштитно лице на овој парфем и

со која што веднаш се пронајдовме и препознавме еден во друг слични енергии, сега кога мислам на

Nomade мислам на неа. Првиот работен наслов на парфемот беше „Бегство“ и водечкиот мотив ми

беше дека секоја жена заслужува шанса одново да се пронајде себеси. Иако имаше забелешки дека

има некоја машка нота, што му дава „унисекс“ момент, сепак го сметам за исклучително женствен,

вистинска верзија на денешната жена, силен и возбудлив.

Ако судиме по дизајнот на шишето, Nomade е парфем за елегантни жени, со слободен дух, кои знаат

што сакаат. Факт е дека секоја современа жена се стреми да биде токму таква, па сметате ли дека

овој парфем има потенцијален да стане култен?

Според мене, постојат неколку работи што ги поседуваат сите „култни“ парфеми. Првата работа

секако е моќноста на парфемот, и тоа изразена низ две работи, долготрајноста и трагата што ја

остава. Исто така мора да биде препознатлив, мора да стои долго и да станува пријатен кога ќе почне

да се менува во комбинација со кожа. Овие елементи, во комбинација со маркетингот и брендот, на

крајот даваат парфем што луѓето го користат со години и со кој се врзуваат емотивно.

Парфумерите наоѓаат инспирација за својата работа во различни делови од секојдневието. Кои

мириси оставиле најсилен впечаток кај вас и имате ли некој мирис што ви пречи?

Па, повеќе моите пријатели имаат проблем со мојот „нос“, затоа што имам исклучително чувствителен

нос, што навистина може да биде вистинска непријатност во секојдневниот живот. Можеби ќе звучи

смешно, но постојано имам проблем и многу често ми мириса на „мокро куче“ и тој мирис навистина

ми пречи. Исто така, не можам да го поднесам мирисот што го оставаат мандарините на моите раце,

по лупењето.

Имате професија што ви дава можност да ја покажете целата своја креативност и својот талент. Што

треба да поседува секој што сака да стане врвен парфумер?

Од мојот случај може да се заклучи дека за секое правило може да има отстапка. Но, да се

разбереме, таа отстапка носи голема одговорност. Можеби не сум хемичар, но мојата посветеност

и фокусираност, мојот пристап ми овозможиле да постигнам успех. Значи, прво и основно, како

и во секоја работа мора да постои голема љубов, страст и посветеност. За парфумер важно е да

поседуваш трпеливост како карактерна особина и, секако, да имаш визија и вредно да работиш на

неа.

59
3.

4.

1.

7.

6. 5.

8.

2.

Glam Time

1. CAROLINA HERRERA Good Girl Velvet EDP 80 ml. 7.800 ден.

2. CAROLINA HERRERA Good Girl EDP 50 ml. 3.730 ден.

3. CAROLINA HERRERA Good Girl Legere EDP 50 ml. 5.450 ден.

4. MISSLYN Holo Glow Lip Cream крем балсам за усни 390 ден.

5. DIORSKIN Mineral Nude бронзер

6. GUERLAIN La Petit Robe Noir кармин

7. GUERLAIN Robe Noir лак за нокти

8. LANCOME L’absolu Lacquer сјај за усни 1.850 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

60
ЗБОГУМ НА ЦЕЛУЛИТОТ!

Добриот изглед на телото и кожата почнува со здравата исхрана и физичката активност, а се продлабочува со соодветна

нега. Токму овој период од годината е идеално време на вообичаената нега на кожата да додадете и антицелулитни

препарати што ќе дадат максимални резултати. Производите од линијата Cell-Plus се совршени за антицелулитни третмани,

докажано ефикасни во борбата против целулитот и масните наслаги. Секој од нив содржи природен активатор за слабеење,

патентиран комплекс од морски коморач и карнозинска киселина – состојки што ќе го ремоделираат вашето тело.

CELL-PLUS EXFOLIATING AQUA SCRUB

пилинг за тело 900 ден.

Овој пилинг е вистински третман

за телото, сочинет од мешавина на

морска сол што ќе помогне да се

отстрани вишокот вода во телото,

како и нечистотиите и мртвите

клетки. Идеален е за подготовка на

кожата пред следните антицелулитни

препарати.

CELL-PLUS NIGHT SLIMMING CREAM

ноќен крем за затегнување 1.320 ден.

Со ефект што дејствува во текот

на ноќта, овој крем ја преобликува

кожата, овозможувајќи ѝ да ги прими

сите хранливи состојки од него.

Ги коригира несовршеностите на

кожата предизвикани од целулитот и

локализираните масни наслаги.

CELL-PLUS COLD GEL

CREAM ладен гел-крем

за тело 1.080 ден.

Крем за тонирање

што, благодарение на

студената гел-формула, е идеален за

најделикатните типови кожа и за кожа

со попуштена цврстина, бидејќи не

предизвикува црвенила, ниту иритација.

Се користи со масирање, неколкупати

дневно.

CELL-PLUS FIRMING

CREAM крем за

затегнување 1.140 ден.

Производ заслужен за

враќање на цврстината,

еластичноста и

тонусот на кожата. Ја

навлажнува и ја храни

кожата, правејќи ја поисполнета и

цврста, но истовремено нежна и мазна.

Покрај целулит, ги таргетира и стриите

на телото. Се нанесува со масирање,

неколкупати дневно.

CELL-PLUS GEL CREAM

WITH CRYO EFFET гелкрем

со крио-ефект

1.080 ден.

Гел-кремот со

хијалуронска киселина

ја тонира кожата и

врши дренажа на

ткивата што задржуваат вишок вода

и притоа создаваат натеченост и

подуеност. Се препорачува кај жени по

породувањето или по диета, бидејќи ги

враќа тонусот и еластичноста на кожата.

CELL-PLUS CREAM FOR ADVANCED

STAGE CELLULITE крем за целулит во

напредна фаза 1.440 ден.

На кожата зафатена со отпорен

целулит несовршеностите се видливи

во форма на дупчиња. Овој крем ги

тагретира токму локализираните

масни депоа, дозволува третманот да

навлезе во кожата и со блага масажа

да резултира со подобрување на

нејзиниот изглед.

CELL-PLUS SLIMMING CREAM FOR BELLY AND

HIPS крем за слабеење 1.500 ден.

Моќната формула на овој производ ги

таргетира несовршеностите на стомакот и

колковите, резултирајќи со затегната кожа

со подобрен изглед и тонус. Масирајте ја

двапати дневно, во период од еден месец и

забележете ја промената.

61
ПРИКАЗНАТА ЗАД БРЕНДОТ-МЕДУЗА

ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ОД ПРВАТА РЕВИЈА НА ВЕРСАЧЕ

Пишува: Џејлан Рустемоска

Oд шивачката работилница на неговата мајка во

Калабрија, до црвениот тепих во Лос Анџелес,

приказната за Џани Версаче е клучно парче од

мозаикот наречен made in Italy, но и важно поглавје од

историјата на модата во светски размери. Низ неговиот

концепт италијанската мода се развива во вистинската

насока: не само парчиња внимателно дизајнирана облека

туку цел универзум во кој се испреплетуваат уметност,

култура, историја и имагинација. Неговата трагична

смрт пред околу дваесет години само му додаде доза

мистериозност на неговиот лик, праќајќи го порано

од очекуваното во историјата на модните митови на

дваесеттиот век.

Џовани Марија Версаче, подобро познат како Џани, е

роден во Реџо Калабрија непосредно по завршувањето

на Втората светска војна. Уште од мали нозе се одликува

со љубопитност и желба за создавање, надминување на

границите на возможното и откривање на нови хоризонти.

Шивачката работилница на неговата мајка на улицата

„Томазо Гули“, број 3, е неговото омилено катче каде што

ја храни својата креативност и учи како да создава чуда со

своите раце. Мајка му важи за најдобра шивачка во градот

и воопшто не е загрижена кога учителките ѝ укажуваат на

неговата опседнатост со италијанските филмски диви,

чиишто силуети честопати се наоѓаат во тетратките на Џани,

наместо домашните задачи. Едноставно, тие не знаат да ја

препознаат смислата за естетика и мода на нејзиниот син.

Како што минуваат годините, Џани сѐ повеќе се оддалечува

од формалното образование, а сѐ повеќе се приближува до

остварување на сонот. Цела своја креативност ја испробува

на неговиот омилен модел, неговата помала сестра, муза

и сојузник во секој потфат, Донатела Версаче. Неговиот

префинет вкус ќе го донесе најдоброто од актуелните прета-порте

колекции на Genny, Callaghan, Florentine Flowers и

Chloé во семејниот бутик. Локалните госпоѓи опседнати со

мода го доживуваат младиот Џани како бог и безрезервно

се потпираат на неговите модни совети.

Кога има 25 години тој ја напушта родната Калабрија и

се сели на север, во Милано, градот што речиси преку

ноќ станува светска модна метропола, еволуција за која

и самиот ќе одигра важна улога. Најпрвин соработува

со најпознатите конфекциски куќи, а набрзо, заедно со

неговиот постар брат Санто ги поставуваат темелите на

семејната модна куќа. Во 1978 година се случува првата

62
Портрет мода

официјална самостојна ревија за женската колекција

на Џани Версаче во палатата на Перманенте во Милано,

а ефектот врз публиката ги надминува очекувањата на

младиот дизајнер. „Версаче“ буди восхит и го остава

светот гладен за повеќе. Кога го прашуваат за изворот на

инспирација, Џани одговара дека за сѐ е заслужна неговата

Калабрија и сведоштвата за славното минато на грчката

и римската империја. Токму слободната комбинација на

декоративни елементи од различни уметнички епохи го

дефинира неговиот единствен стил, па така во неговите

колекции можат да се најдат елементи од ренесансата,

барокот, па сѐ до поп-арт уметноста. Не само за линиите

туку и за материјалите, од преработена кожа во различни

бои, преку култната метална мрежа што и денес е заштитен

знак на брендот, па сè до свила во шарени, иновативни

дезени. За заштитен знак на брендот, „Версаче“ неслучајно

ја одбираат медузата од грчката митологија, алудирајќи на

моќта на брендот да го маѓепса и да го зароби во својот

свет секој што барем еднаш ќе се препушти на нивната

фантазија.

Производ на креативната смелост на Џани Версаче е една

поинаква жена, изразито секси и гламурозна, која остава

важен печат врз модната естетика на осумдесеттите и

деведесеттите години. За да ја претстави пред светот

ги одбира топ-моделите, дури според многумина токму

Версаче ги измислува супермоделите кои гордо ги носат

неговите колекции: Наоми Кембел, Синди Крафорд,

Кристи Тарлингтон, Линда Евангелиста, на кои подоцна

им се приклучуваат Клаудија Шифер и Карла Бруни,

сите протагонистки на револуционерните рекламни

кампањи за „Версаче“, кои го носат потписот на некои од

најславните фотографски имиња од деведесеттите. На

листата приврзаници на брендот не изостануваат и славни

имиња како Елтон Џон, Џорџ Мајкл, Стинг, Мадона, па

дури и Леди Ди, верен фан на линијата на висока мода

„Atelier“. Креативноста на Џани Версаче го премостува

светот на модата и се проширува на линии за ентериер и

декор, како и креации на костими за театарски претстави

и опера, полиња на уметноста што уште во раното детство

за дизајнерот стануваат извор на инспирација и нови

предизвици. Палатите на Џани Версаче во Милано, Комо и

Мајами се храмови во кои се слави неговата естетика што сѐ

до последните денови од неговиот живот ќе се развива во

нови форми и димензии.

И токму кога Џани Версаче се наоѓа на врвот на својата

кариера и се чини невозможно да се заузди неговата

креативна генијалност, се случува трагедија. Во едно

сосема обично сончево утро во Мајами, враќајќи се од

кратка прошетка, Џани Версаче е смртно застрелан пред

влезот на неговата вила Каза Казуарина од страна на

серискиот убиец Ендрју Каненан. По смртта на Џани, што и

понатаму останува обвиена во мистерија, целата модна куќа

ја губи рамнотежата што токму неговата сестра Донатела

Версаче ќе успее да ја воспостави повторно, најпрвин

работејќи во сенката на споменот на нејзиниот брат, а

подоцна ослободувајќи се од притисокот да биде како него

и давајќи му сопствен печат на семејниот бренд. И нејзина

заслуга е што брендот-медуза што се раѓа од малечката

шивачка работилница во Калабрија и визијата на Џани

Версаче, денес е вистинска семејна империја што, покрај

модни колекции, вклучува линија парфеми, скапоцен накит,

ентериер, па сѐ до синџир луксузни хотели.
ARTDECO Instant Skin Perfector балзам за лице за

природен финиш 1.270 ден.

BOURJOIS Metal Edition 24 h

течна сенка за очи 450 ден.

ARTDECO Luminous Skin Stick стик за

осветлување и потенцирање 830 ден.

MAC Prep+Prime Fix+ прајмер и финиш за лице 1.308 ден.

ОСВЕЖИ

СЕ!

ROSAL

Perfect You

путер за тело

Фотограф: Жарко Чулиќ

BOBBI

BROWN

All Over

Glow течен

хајлајтер

2.260 ден.

DIOR

Pump’N’Volume

маскара

64
НОВАТА МИРИСНА БАЈКА ОД

NINA RICCI СЕ ВИКА BELLA

Во секоја девојка се крие по една принцеза. Токму затоа

мирисните приказни зад Nina Ricci, Les Belles de Nina го

комуницираат хаштагот #princesslife. По мирисите Nina и

Luna, време е за доминација на новата принцеза со име Bella.

Таа е палава и заводлива во исто време, а невозможно е да се

одолее на нејзината убавина и на мирисот што ја отсликува:

женствен, сладок, но нескротлив.

ПРИНЦЕЗИ НА НОВОТО ВРЕМЕ

Трите убавици на Nina Ricci се инспирирани од новата

генерација. Nina во себе крие радосна романтика, преточена

во калабриски лимон, нежна гарденија, зелен лимон, јаболка,

кедрово дрво и бел мошус; загонетната заводливост искажана

преку карамелизираните ноти, зачинети со розови бобинки се

карактеристични за Luna. Овие два мириса, заедно со Bella, го

сочинуваат триото на модерни принцези.

МАГИЧНАТА ФОРМУЛА ЗАД BELLA

Свежиот цветен мирис е дело на парфумерката Сонија

Констант, која имала цел да креира секси мирис со карактер.

Мирисната приказна почнува со рабарбара, чијшто делумно

овошен, делумно горчлив вкус се надоврзува со свежа

мандарина и допир на ванила. Цветните ароми се должат

на масло од турска роза, фрезија и бел мошус, што создава

сензација на кашмир по кожата. Сѐ заедно резултира со

мирис што зрачи со спонтаност и смелост од една страна и

сензуалност и женственост од другата.

Знакот за препознатливост на Les Belles de Nina е, секако,

јаболкото, што стана нивен амблем. Јаболкото асоцира

на забрането овошје што евоцира искушение, страст и

насладување, што кај новиот мирис е отсликан во зелена

нијанса со златни детали, рефлектирајќи ја свежината и

живоста на Bella. По првпат на ливчињата на јаболкото се

појавува литмара во сина боја.

ПРИКАЗНАТА ЗА ПРИНЦЕЗИТЕ

Режисерот на новата кампања на Nina Ricci, Еугенио Рекуенко,

ја осмисли приказната како модерна бајка. Во неа се

појавуваат Нина, Луна и Бела, но нема простор за принцот од

бајките, ниту, пак, за зли магии. Станува збор за ултрамодерни

принцези кои можат да го вртат светот онака како што сакаат

тие. Во улога на Нина е моделот Естела Боерсма, во улога на

Луна е моделот, актерката и пејачка Сонија Бен Амар, a Бела

ја оживува моделот Барбара Палвин. Секоја од нив има тотем

што ја карактеризира – кај Нина тоа е був, кој ја отсликува

нејзината мудрост, волк кај Луна за нејзината одлучност

и срна кај Бела, која симболизира нескротливост. Трите

заедно се храбри, не се плашат да се спротивстават, ниту да

предизвикаат.

65
MAC Mineralize Charcoal

Mask маска за лице

2.000 ден.

MAC Mineralize Volcanic

Ash Exfoliator пилинг

2.104 ден.

LUSH SLEEPY лосион за

тело 1.295 ден.

DIOR SAUVAGE EDP 100 ml.

CLARINS Fix Make

Up фиксатор за

шминка 1.784 ден.

MAC Cleanse OFF Oil масло за

чистење 1.821 ден.

ESTEE LAUDER Sdvanced Night

Repair ноќен серум 6.250 ден.

LUSH Cup O’Coffee

маска за лице и тело

595 ден.

CLINIQUE Pep-Start крем

за очи 1.487 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

BOBBI BROWN ноќен

крем 4.260 ден.

66
Сезона на нови

мириси

Фотограф: Жарко Чулиќ

HUGO BOSS the scent

EDT 30 ml. 3.330 ден.

ELIE SAAB in white EDP

50 ml. 5.070 ден.

ARMANI code turquoise

EDT 75ml. 4.250 ден.

THIERRY MUGLER aura

EDP 50 ml. 5.105 ден.

BVLGARI omnia pink

sapphire EDP 50 ml.

4.067 ден.

KENZO aqua femme

EDT 50 ml. 3.420 ден.
ЗАБЛЕСКАЈТЕ ОВАА

ПРОЛЕТ СО МАС

Kонечно дојде време да бидете главна ѕвезда! Постигнете го сјајот што го

посакувате со суперхероите на MAC – кремот за стробинг и лосионот за тело

со стробинг-ефект. На рутината за убавина додадете ги хидратантните и

освежувачки спреови Fix+ во Goldlite или Pinklite нијанса, што ќе го подобрат и

ќе го одржат изгледот на вашата шминка и до 12 часа, а истовремено ќе ви ја

потенцираат блескавоста поради светкавите честички што ги содржат во себе.

Стробинг-лосионот има лесна кремава текстура и формула богата со бисерни

честички, што ќе ѝ дадат на кожата суптилен, но секси сјај. Брзо се впива и ја

прави кожата мека и мазна. Суперсекси ефект ќе постигнете доколку го нанесете

на деколтето и на нозете.

Спрејот Fix+ е омилен производ на жените ширум светот. И тој е збогатен со бисерни

светкави честички што создаваат совршена сјајност. Fix+ стробинг-формулата

ги содржи сите хидратантни и освежувачки придобивки, како и легендарниот

Fix+ спреј, што го извлекува максимумот од шминката и ја продолжува нејзината

трајност до 12 часа.

Оние што сакаат дополнителен сјај можат да ги комбинираат спрејот Fix+ и

хајлајтерот Extra Dimension. Јаболчниците и очите се само некои од местата на

кои кога ќе го нанесете спрејот и хајлајтерот дополнително ќе заблескате.

Сите производи на колекцијата Strobe, како и оригиналните Fix+ спреови со

мирис на кокос, лаванда и роза можете да ги најдете на продажното место на МАС

во „Скопје сити мол“.

68
MAC Strobe Prep

Prime Fix Plus

Goldlite спреј за

лице 1.308 ден.

MAC Strobe Prep

Prime Fix Plus

Pinklite спреј за

лице 1.308 ден.

MAC Strobe

Extra Dimension

Skinfinish Show

Gold хајлајтер

2.035 ден.

MAC Strobe

Extra Dimension

Skinfinish Whisper

of Gilt хајлајтер

2.035 ден.

MAC Strobe Body

Lotion Opalite

лосион за тело

2.200 ден.
ВРВНИ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ СО ФРАНЦУСКАТА

КОЗМЕТИКА AURIEGE PARIS ВО

Miss EN

Редовната нега на лицето е неопходна за здрав изглед на кожата, поцврст тонус, поголема еластичност, а со сето

тоа и поголема убавина. Не залудно се вели дека убавите жени се негувани жени, а еден од чекорите кон оваа

цел се третманите за лице.

Козметичкото студио „Мис Ен“ нуди мноштво третмани за лице кои одговараат на индивидуалните потреби и на

потребите на кожата според нејзиниот тип. Независно за кој третман ќе се одлучите, едно нешто заедничко за

секој од нив е што се прават исклучиво со француската органска козметика Auriēge Paris. „Мис Ен“ е единствен

застапник на оваа висококвалитетна козметика, која освен преку третманите можете да ја испробате и преку

некој од многубројните производи од богатата линија на Auriēge Paris што можете да ги купите во салонот.

Еден од најинтересните и сѐ почесто барани третмани е Oxy третманот. Со текот на годините циркулацијата

на крвта во организмот е сѐ послаба, а тоа резултира со сѐ помалку кислород до клетките поради што тие не

функционираат оптимално. Токму затоа уредот Oxy е највисоко достигнување на технологијата за примена на

кислород при подмладување на кожата.

Она што го прави Oxy уредот посебен се многуте технолошки иновации, меѓу кои и:

- директна примена на кислородот на кожата во највисока можна концентрација, од 95%;

- примена на кислородот со истовремена абразија и масажа на лицето и телото;

- благодарение на абразијата, кислородот продира во најдлабоките слоеви на кожата, што може да се

спореди со мезотерапија со кислород;

- постојано производство на свеж кислород без резервоари како другите уреди со слична примена.

Поради сите овие и уште повеќе технолошки карактеристики, Oxy уредот целосно го промени начинот на примена

на кислородот за подмладување на кожата. Воедно станува збор и за најлуксузниот третман со кислород.

70
Пред третманот потребно е кожата да се исчисти за подобар ефект. Првиот дел од третманот се состои од абразија

со вбризгување кислород. Целта е да се отстранат мртвите клетки од површината на кожата и да се отстранат

нејзините помали несовршености. Потоа се врши вакуум-масажа со кислородна инфузија, што дополнително го

поттикнува развојот на нов колаген. Следен чекор е вбризгувањето активни состојки и кислород на површината

на кожата за закрепнување на кожата и блескав сјај. На крај доаѓа посебна маска со природни состојки. Во

текот на целиот третман се нанесуваат посебни кремови и маски за хранење и дополнително обновување и

подмладување на кожата, а она што е најважно е дека третманот е исклучително релаксирачки и може да се

спореди со велнес-третман. Зависно од состојбата и од потребите на кожата, се советува да се направат 1-3

третмани во интервал од 14 до 30 дена. Освен лицето, може да се третира кој било дел од телото, но најчесто се

третираат грбот, деколтето, рацете и нозете.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Дел од резултатите се видливи веднаш и на долг рок, а опфаќаат подмладување на кожата, подобар и поизедначен

тен, намалување на површинските оштетувања и неправилности на кожата, заштита од надворешните, штетни

влијанија и бактериите, како и забрзан метаболизам на клетките, поради што кожата изгледа посвежо и

поблескаво. Испробајте го овој или некој друг третман од мноштвото различни понуди во салонот „Мис Ен“.

71
Портрет поддржува македонска уметност

„PRELUDE“

АГРОН САЛИУ

72
ПОМЕЃУ СТРАСТ И ЛУДИЛО

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА ГАЛА И САЛВАДОР ДАЛИ

Пишува: Џејлан Рустемоска

Салвадор Дали ја среќава неговата Гала – неговата муза,

љубов и опсесија (според многумина дури и пропаст)

во далечната 1929 година. Нејзиното име е Елена

Ивановна Дјаконова, Русинка по потекло, Французинка по

душа. Кога ја запознава, таа е омажена за францускиот поет

Пол Елијар, кого го сретнала во институт во Швајцарија, каде

што се лекувала од туберкулоза кога имала само 18 години.

Ги сплотила љубовта кон книжевноста и културата, а по

завршувањето на Првата светска војна се венчале и добиле

ќерка, Сесил. Немирната и неконвенционална природа на

Гала, нејзиниот цврст карактер и скриен шарм паралелно

се инспирација за уште еден сликар, Макс Ернст, нејзиниот

љубовник и третиот елемент од брачната заедница со поетот

Елијар. Нејзиниот сопруг е немоќен пред каприците на

сопругата и ја одобрува нивната авантура, само за да не го

напушти. Тој ја внесува Гала во круговите на надреалистите

во Париз, каде што ќе се најде и Дали, кој при првата

средба со Елијар го промовира краткиот надреалистички

филм „Андалузиски пес“, ремек-делото на кое работел со

режисерот Луис Буњуел. Воодушевен од енергијата што

младите интелектуалци во Париз успеваат да му ја пренесат,

Дали ги поканува да го поминат летниот одмор во Кадакес,

во неговата родна Шпанија. Токму таму првпат ќе ја сретне

Гала, средба што засекогаш ќе го смени текот на неговиот

живот. Од прв поглед е убеден дека и порано ја среќавал

во своите соништа и дека е предодредена од судбината да

биде неговата Градива, неговата водилка, неговата победа

и жената која ќе го излекува од секоја слабост. Таа ги

исполнува неговите канони за совршено елегантна жена.

Иако не е класична убавица, Гала изгледа необично млада

за нејзината возраст, има негувана кожа, грациозно држење,

мали гради и тенок струк. Но, не е изгледот, туку некоја

фатална моќ што го прилепува за неа и го тера да заборави

дека има сопруг и ќерка и е 11 години постара од него. Ја

сака за себе.

Гала со нејзината ѓаволска интуиција успева да го препознае

талентот во Дали и подготвена е да направи сѐ за да го

претвори во познат уметник. Како да поседува магнет за

прекумерно чувствителни и невротични мажи, кои се во

потрага по безбедно прибежиште и го наоѓаат токму во

нејзиното присуство. Толку талентирани, а толку кревки

што кон неа развиваат зависност, опсесија, обожавање,

преданост. Врската со Дали станува нераскинлива. Таа

набрзо ги напушта нејзиниот сопруг и ќерката и ја почнува

авантурата што ќе трае сѐ до последните денови од нивните

животи. Гала се преселува во центарот на емотивниот,

духовен и креативен универзум на големиот Дали.

Се венчаат со граѓанска церемонија во 1934 година, брак

на кој се противи таткото на Дали, сметајќи дека постарата

Русинка со неуспешен брак зад себе не е достојна невеста

за неговиот син. Но, во светот на Гала и Салвадор нема

место за мислењето на другите. Тие стануваат едно, дотаму

што Дали почнува да ги потпишува сликите и со нејзиното

74
име „Гала-Салвадор Дали“: „токму од твојата крв, Гала, ги создавам моите

слики“. Нивниот брак станува свеж извор на инспирација за неговите

дела. Таа е чест модел во неговите слики, неретко во религиозни улоги,

како во компромитирачкото дело „Мадона од Порт Лигат“. Не само негова

сопруга туку станува и негов агент и застапник на неговите права пред

сопствениците на галериите и купувачите. Агресивно се посветува на

неговата промоција како уметник, злите јазици велат дека дури користела

тарот карти за да манипулира со неговата кариера. Следуваат најплодните

години за творештвото на Дали, кој станува сѐ позрел уметник. Наскоро ја

добива наклонетоста на Едвард Џејмс, британски мултимилионер и мецена,

кој ги помагал славните надреалисти.

Со неговата сопруга стануваат поим за модерна и влијателна двојка.

Најубавите заеднички години поминати помеѓу Париз, Њујорк, Калифорнија

и Шпанија ќе бидат крунисани со венчавка во катедралата во Хирона во 1958

година, чин што религиозниот Дали долго го очекувал, но бил возможен само

по смртта на првиот сопруг на Гала. Всушност, парадоксално се работи за

почетокот на крајот. Нивната нераскинлива врска почнува да попушта, а

остатокот од животот ќе го поминат обидувајќи се да ги склопат парчињата

за повторно да ја оживеат страста. Особено Дали. Судирот помеѓу нејзината

изразена сексуалност и неговата импотентност ќе внесе многу ликови

во нивниот живот, млади уметници, љубовници на Гала, кои, иако не се

оспорувани од Дали, сепак ќе ја нарушат рамнотежата на нивната заедница.

Во 1968 година Дали ѝ го подарува на својата муза замокот во Пубол, иако

таму ќе може да ѝ се придружи само со дозвола. Најчести гости се нејзините

љубовници, кои, не можејќи да ги воодушеви со својата избледена убавина,

ги маѓепсува со богатството на нејзиниот сопруг, опсипувајќи ги со скапи

подароци, слики, уметнички дела. И Дали сака да се појавува во јавноста

со убави жени, но не наоѓајќи никакво задоволство во нивното присуство,

ваквата игра го изморува и го фрла во депресија. Состојбата на Дали ќе се

влоши кога на почетокот на осумдесеттите е принуден да се пензионира

поради парализата што му ги ограничува моторните способности, па дури

и држењето на четката. Очајот го прави помалку толерантен кон Гала и

нејзините вонбрачни афери, потребата од нејзината љубов и мајчинска

заштита на моменти преминува во насилство. Но, крајот на Гала стигнува

побрзо од очекуваното, во 1982 година таа потклекнува на борбата со

тежок грип. Нејзината смрт ќе ја однесе и надежта и смислата на животот на

Дали, кој ќе ја надживее за седум години, но години полни очај, гладување,

себеизмачување и патење по изгубената љубов.

Салвадор Дали ја љубел Гала со целото свое битие. Бил нејзин пријател,

партнер и слуга, а таа негова муза, соучесник и извор на креативна енергија.

Хемијата што настанала при нивната прва фатална средба ја одреди целата

судбина и творештвото на овој човек и гениј.
ВИРЏИНИЈА ВУЛФ

НЕПРЕКИНАТ ТАНЦ ПОМЕЃУ БРИЛИЈАНТНОСТА И ДЕПРЕСИЈАТА

Вирџинија Вулф е една од најзначајните англиски писателки, критичарки, есеистки, феминистки и интелектуалки на дваесеттиот

век. Како писателка спаѓа во модернистите, а некои од нејзините позначајни дела се романите „Г-ѓа Даловеј“, „Кон светилникот“,

„Орландо“, како и есејот „Сопствена соба“.

Родена на 25 јануари 1882 година, Аделина Вирџинија

Стивен пораснала во значајно семејство. Нејзиниот

татко сер Лесли Стивен бил историчар и автор, а

нејзината мајка Јулија Принсеп Стивен, која била родена

во Индија, била модел за уметниците од Прерафаелитското

братство, филантроп и медицинска сестра, професија за

која напишала и книга. И двајцата биле венчани и вдовци

пред заедничкиот брак. Па, така, Вирџинија имала тројца

крвни роднини – браќата Тоби и Адријан и сестрата

Ванеса, како и двајца полубраќа – Џорџ и Џералд и две

полусестри – Лаура и Стела. Осумте деца живееле под ист

покрив во областа Кенсингтон, западен Лондон. Двајца

од нејзините браќа се школувале на Кембриџ, додека, пак,

девојките биле образовани во домашна атмосфера, каде

што им биле достапни многубројни дела од богатата семејна

Викторијанска библиотека.

Од раѓањето, па сѐ до 1895 година, Вирџинија ги минувала

летата во Сент Ајвс, крајбрежно гратче на југоисточниот

дел од Англија. Семејната куќа имала поглед на заливот

Портминстер и на светилникот Гадреви, што ја инспирирале

при пишувањето. Во нејзините доцни мемоари, Вулф се

навраќа на Сент Ајвс со наклонетост и љубов, а токму ова

место е живо опишано во нејзиниот модернистички роман,

„Кон светилникот“ (1927).

Како девојче, Вирџинија била мошне љубопитна, весела

и игрива. Уште од најрана возраст почнала да пишува

семеен весник, „Хајд Парк Гејт њуз“ во кој ги документирала

фамилијарните анегдоти. Сепак, раните трауми ѝ го зацрниле

детството, почнувајќи од сексуалните злоупотреби што врз

неа ги вршеле двајцата полубраќа Џорџ и Џералд (за што

пишувала во автобиографските есеи „Скица од минатото“

и „22 Хајд Парк Гејт“), преку ненадејната смрт од ревматска

треска на нејзината мајка (1895), што ја доведува Вирџинија

до првиот нервен слом на тринаесет години, па сѐ до смртта

на полусестрата Стела само две години подоцна.

Покрај справувањето со семејните загуби, Вирџинија

ги продолжила своите студии по германски, грчки и

латински јазик на Кралскиот колеџ во Лондон. За време

на четиригодишните студии таа се запознала со неколку

значајни феминистки и со нивните образовни реформи и

идеологии.

Во 1904 година и татко ѝ умира од рак што доведува до уште

еден емоционален немир кај Вирџинија по што е сместена

во ментална установа на кус период. Нејзината интимна

осаменост и опустошеност ќе се преплетува со книжевното

творење и изразување низ целиот нејзин живот.

Во 1905 година таа почнува и професионално да пишува

како соработник во „Тајмс литерари суплемент“. Веќе

следната година од тифус починува и нејзиниот брат Тоби.

По смртта на татко им, братот и сестрата на Вирџинија,

Ванеса и Адријан, ја продале куќата во Хајд Парк Гејт и се

преселиле во областа Блумсбери во Лондон. За време на

овој период, Вирџинија се запознала со неколку членови

од групата Блумсбери, друштво сочинето од интелектуалци

и уметници кои преку претстави, игри и слично изразувале

општествена критика и ги изнесувале своите модерни

ставови кон феминизмот, пацифизмот и сексуалноста. Токму

по една ваква претстава во која глумела и Вирџинија, се

продлабочува пријателството меѓу неа и еден од членовите,

Леонард Вулф, со кого стапува во брак на десетти август

1912 година. Вирџинија и Леонард развиваат страсна љубов

еден кон друг што ќе трае до крајот на нивните животи.

76
Неколку години пред бракот со Леонард, Вирџинија

почнала со пишување на својот прв роман со оригинален

наслов „Мелимброзија“, што по девет години и многубројни

измени излегува во 1915 година под насловот „Крајот на

патувањето“. Таа во делото експериментира со неколку

книжевни алатки, како необични, нелинеарни наративни

перспективи, околности и состојби како на сон и спонтаност

при пишувањето. Две години подоцна, Вирџинија и Леонард

купуваат машина за печатење и ја

основаат „Хогарт прес“, нивната

издавачка куќа, управувана од нивниот

дом од која ќе излезат многу нивни

изданија, како и дела од Зигмунд Фројд,

Кетрин Менсфилд и Т. С. Елиот.

Една година по крајот на Првата светска

војна, Вирџинија го издава романот

„Ноќ и ден“ (1919), временски сместен

во ерата на едвардијанската Англија.

Третиот роман „Собата на Јакоб“ (1922)

е инспириран од брат ѝ Тоби, во кој

по првпат внела модерни елементи

при пишувањето. Истата година се

запознава со авторката, поетесата и

градинарка на дворови, Вита Саквил-

Вест, сопруга на англискиот дипломат

Харолд Николсон. Вирџинија и Вита

почнуваат да се гледаат како пријателки

што подоцна се развива во романтична

врска. Иако по некое време ќе ја

прекинат врската, двете остануваат

пријателки сѐ до смртта на Вирџинија.

Во 1925 година, Вулф добива позитивни

критики за „Г-ѓа Даловеј“, нејзиниот

четврти роман. Фасцинантната

приказна се преплеткува со внатрешни

монолози што поттикнале разни дилеми

и прашања на теми како феминизам,

ментални болести и хомосексуалност

во поствоена Англија. Романот доби

своја филмска адаптација во 1997

година со актерката Ванеса Редгрејв

во главната улога, што подоцна ќе биде

инспирација за романот „Часовите“ на

писателот Мајкл Канингем, што, пак,

беше отелотворен во филм во 2002

година во кој Никол Кидман маестрално

ја отслика Вулф за што беше наградена

сo „Оскар“. Романот „Кон светилникот“

(1927) бил еднакво успешен поради

модернистичкото истражување и

нурнување во релациите меѓу луѓето преку животите на

членовите од семејството Ремзи додека го поминуваат

одморот на островот Скај во Шкотска.

Саквил-Вест е музата-инспирација за романот „Орландо“ во

кој Вулф го конципира дејството околу англиски благородник

кој мистериозно станува жена на триесетгодишна возраст

и живее преку три века. Овој роман е нејзиното ремекдело

за кое Вулф доби пофалби од критиката и достигна

нови нивоа на популарност. Во 1929 година, Вирџинија го

издава „Сопствена соба“, феминистички есеј базиран на

предавањата што ги одржувала пред жени на колеџ, во кои

се задржувала на женските ролји во литературата. Во есејот

„ВИСТИНА Е ДЕКА ЧЕСТО

МИ СЕ ДОПАЃААТ ЖЕНИ.

МИ СЕ ДОПАЃА НИВНАТА

НЕКОНВЕНЦИОНАЛНОСТ.

МИ СЕ ДОПАЃА НИВНАТА

КОМПЛЕТНОСТ. МИ

СЕ ДОПАЃА НИВНАТА

АНОНИМНОСТ“

таа ја искажува идејата дека „За една жена да може да

пишува фикција таа мора да има пари и своја просторија“.

Во нејзиното следно дело „Бранови“ (1931) таа ги турка

книжевните граници, создавајќи драма-поема напишана за

изведба на шест различни лика. Во 1937 година го издава

последниот роман пред нејзината смрт „Години“, за една

семејна историја разгледана низ генерациите, а следната

година го издава есејот „Три гвинеи“, што е своевидно

продолжување на феминистичките

теми од „Сопствена соба“, адресиран

против фашизмот и војната.

Во текот на својата кариера, Вулф

честопати држела предавања на

колеџи и универзитети, имала

драматични преписки, пишувала

моќни есеи и издала куси приказни.

Кон средината на четириесеттите

години од нејзиниот живот веќе била

докажана како интелектуалка во

општеството, иновативна и влијателна

писателка која го пробивала патот

на феминизмот. Дотогаш невидените

книжевни способности ѝ донеле

успех кај критичарите, колегите и

публиката, но и покрај успесите во

кариерата, таа постојано патела

од долгата и исцрпувачка борба со

депресијата и драматичните промени

на расположението.

Сопругот на Вирџинија, Леонард,

кој секогаш бил покрај неа, бил

свесен за знаците што укажувале на

сѐ подлабоката депресија во која

запаѓала. Тоа било забележливо

особено додека таа работела на

последниот манускрипт „Помеѓу

чиновите“, што е објавен постхумно, во

1941 година. Во тој период во Европа

беснеела Втората светска војна, па

двајцата сопружници се договориле

дека ќе извршат самоубиство во исто

време доколку Германија ја нападне

Англија, особено стравувајќи поради

фактот што Леонард бил Евреин.

Во 1940 година нивниот лондонски

дом бил уништен кога Германците го

бомбардирале градот.

Не можејќи да се справи со

разочарувањата и константната

безнадежност, на 28 март 1941 година,

Вирџинија го облекла својот капут, ги наполнила џебовите

со камења и влегла во реката Уз, дозволувајќи да ја однесе

водената струја. Властите го нашле нејзиното тело по три

недели, а нејзините останки се кремирани и растурени на

нивниот имот Манкс хаус, во селото Родмел, југоисточно од

источен Сасекс, Англија.

Иако нејзината популарност спласнала по Втората светска

војна, нејзиното дело доживеа ново откривање и слава со

новите генерации читатели за време на феминистичкото

движење во седумдесеттите години на 20 век. Сепак, Вулф до

ден-денес останува втемелена како една од највлијателните

автори на минатиот век.
ИНТЕРАКЦИЈА

Контактирајте нѐ:

contact@portretmag.com

facebook.com/portretmagazin

instagram.com/portretmagazin

#portretmagazin

#портретмагазин

#portretstreetstyle
Ч А С О В И З А П И Е Њ Е В И Н О

ПЕНЛИВИ ВИНА

На пиедесталот на секоја свеченост

За пенливите вина, нивното добивање, карактеристики и начинот на консумација

поразговаравме со м-р Петар Петров, асистент на Универзитетот МИТ – Скопје, при Факултетот

за менаџмент на еколошки ресурси, катедра за безбедност на храна.

ШАМПАЊОТ – СИНОНИМ ЗА ПЕНЛИВИ ВИНА

Производството на пенливи вина почнало уште во XVII век, а два века подоцна шампањот

станува синоним за пенливи вина.

Иако производството на пенливи вина е во постојан раст и се стреми кон постигнување

на униформен квалитет, сепак досегашните произведени пенливи вина многу варираат во

квалитетот, карактерот и стилот.

На пазарот поим за квалитетно пенливо вино е францускиот шампањ, кој води потекло од

најсеверниот француски вински регион Шампањ. Неговото производство е имитирано речиси

низ целиот свет.

СУВИ ВИНА СО ПОЛН ВКУС

Добриот и квалитетен шампањ секогаш се одликува со фина структура, најчесто е сув со полн

вкус што личи на потпечен двопек, кремави ароми и е многу освежителен. Овие благодатни

својства шампањот го ставаат на пиедесталот на секоја свеченост.

Другите пенливи вина варираат од блиски натпреварувачи со шампањот, направени од исто

грозје и иста технолошка постапка, па до вина што се поблиску до пенливите пијалаци, полни

со јаглеродни меурчиња, понекогаш овошни ароми, па и без вкус. Сепак, мора да се истакне

дека оригиналното благородно буке на шампањот е условено токму од климатските услови во

производниот реон.

ДВА ВИДА ПЕНЛИВИ ВИНА

Во зависност од квалитетните својства, генерално пенливите вина се поделени во две групи:

• Лесни, суви пенливи вина;

• Пенливи вина со долготраен вкус, најфини ароми и јасен стил.

Пенливите вина од првата група го истакнуваат регионалниот идентитет и индивидуалноста.

Најголем дел се произведени од грозје со понеутрален вкус од шампањот, па затоа се

одликуваат и со помала киселост. Овие вина се многу освежителни и најчесто се консумираат

како млади вина послужени на многу ниски температури.

Вината од втората група претставуваат сериозни конкуренти на изворниот шампањ. Како млади

вина се со благо помеки својства од класичниот шампањ, но со нивно соодветно дозревање во

шише стануваат речиси идентични на шампањот.

Пенливите вина најчесто се сервираат без присуство на храна, а исто така можат да се

комбинираат и со лесни предјадења, како и со овошни и зеленчукови салати.

80
Кула од зеленчук

Рецептот е фантастичен.

Многу лесен, многу економичен и сериозно маркантен. Овој рецепт едноставно ги

добива сите 5 ѕвездички за оригиналност и вкус.

Сите сакаме лесни и вкусни оброци кои не се тешки за време на топлите денови и

ги консумираме со леснотија. Послужете го ова прекрасно предјадење во

комбинација со добро оладена Coca-Cola. Трпезата со својот изглед ќе ги

воодушеви сите гости на начин кој конзумирањето ќе се одвива со сласт.

За една порција ви е потребно да исечете две крукчиња од модриот патлиџан, две

парчиња од тиквичката, две коцки исечени од доматот, две моцарела парчиња,

еден шери домат и малку крупно рендана моцарела за топинг.

Сите состојки се сечат со дебелина од еден сантиметар.

Ги премачкувате со ладно цедено маслиново масло, ги посолувате, наросете малку

црн бибер и ставете ги да се печат на 185° со вентилатор, околу 20-на минути.

Додека се печат овие кули од зеленчук, оладете шишенца Coca-Cola или Coca-Cola

Zero и бидете спремни за комплименти од уживањето.

Послужете го ова прекрасно предјадење во комбинација со добро оладена

Coca-Cola. Трпезата со својот изглед ќе ги воодушеви сите гости, а

консумирањето ќе се одвива со сласт.

Филип Поповски

Зеленчук и Coca-Cola

е стил на живот!

Скоро и да не постои шанса некому да не му се допадне овој рецепт.

Поздрав екипа и се читаме во нареден број.

Доколку сакате повеќе вакви рецепти

посетете го мојот блог www.gotvimesofico.mk
НАШ НУТРИЦИОНИСТ

Со здрава и

правилна

исхрана

против

несоницата

Доколку се фаќате себеси како бесцелно се излежувате или

шетате низ домот среде ноќ, бидејќи претходно се откажавте

од идејата да спиете, можеби не е лошо да појдете до

кујната. Ако кога бевме мали бабите или мајките ни велеа

пред спиење да се напиеме шолја топло млеко, современата

медицина денес покажува дека тие веројатно биле во право.

Најновите истражувања откриваат дека во кујната се кријат и

други „лекови“ за добар сон. Храната што најдобро дејствува

против несоница го помага излачувањето супстанции што го

опуштаат организмот што овозможува полесно заспивање

и закрепнувачки сон. Во комбинација со редовна физичка

активност и со намалување на стресот, таа може да ве одведе

во царството на слатките сништа.

Тања Турунџиева,

нутриционист во

„Вита диет клуб“

ПРОИЗВОДИ СО БЛАГОТВОРНО ДЕЈСТВО

Широк спектар на хранливи производи ќе ви помогнат во

намерата да остварите цврст и квалитетен сон. Сепак, кај

хроничните случаи на несоница или при случај на заболувања

или нарушувања во организмот, што, покрај другите симптоми,

можат да јават и несоница, потребно е да се консултирате со

стручно лице што ќе ви помогне при справување со проблемот.

Посегнете по:

- Топло млеко со мед, мисиркино месо, сирење, кикиритки и

банани

Мисиркиното месо и другата набројана храна содржи обилно

количество триптофан, аминокиселина што организмот ја

користи за производство на серотонин, што, пак, служи како

некој вид средство за успивање. Серотонинот ја забавува

активноста на нервите, го смирува мозокот и испраќа порака

на добро чувство во целото тело. Кога ќе падне мрак, мозокот

го претвора серотонинот во друга супстанција, мелатонин,

што, пак, го регулира сонот.

Според едно ново канадско истражување, кога луѓето

кои пателе од хронична несоница јаделе храна богата со

триптофан (доволно се 250 мг триптофан во две парчиња

проволоне сирење на пример), заедно со одредено количество

јаглехидрати, поминале двојно помалку време будни во текот

на ноќта.

Причината, пак, поради која се препорачува топло млеко со

мед е поради содржината на јаглехидрати, како и во случајот

со проволоне сирењето, а тоа е затоа што јаглехидратите

што брзо се варат, како медот или пирето од компири, го

поттикнуваат ослободувањето инсулин во организмот, што,

пак, за возврат овозможува поголемо количество триптофан

да стигне до мозокот.

Постигнете ја целта што подразбира ноќ помината во цврст

и квалитетен сон така што ќе испиете чаша топло млеко

со мед пред спиење (топлината го зголемува дејството на

триптофанот) или ќе изедете парче мисиркино месо со
Мисли здрави мисли

интегрален леб, банана, една рака јатки, малку печен грав или

парче до две сирење.

- Интегрални житарки

Овесната каша, интегралните житарки и лебови го

поттикнуваат производството на серотонин, како и другата

храна што е богата со сложени јаглехидрати.

Три од вашите дневни порции на јаглехидрати нека бидат

сочинети од интегрални житарки (една порција е една мала

чинија интегрални житарки, едно парче интегрален леб,

125 грама интегрален ориз или јачмен, на пример). Некои

истражувачи препорачуваат пред спиење да се изеде малку

храна со сложени јаглехидрати, за да не дојде до опаѓање на

шеќерот во крвта во текот на ноќта, што може да го наруши

сонот кај некои луѓе.

- Чај од камилица

Понекогаш сѐ што е потребно за да заспиете е да легнете

со уверување дека ќе заспиете. Иако науката не потврдува

дека чајот од камилица е делотворен против несоницата,

многумина тврдат дека ги опушта, па доколку сметате дека

шолја од овој пријатен, топол чај пред спиење ќе ви помогне

да заспиете, тогаш веројатно и ќе биде така. Доволна е една

шолја чај пред спиење.

РИБАТА КАКО РЕШЕНИЕ

Рибата не е добра само за срцето, омега 3 масните киселини

што ги содржи (што во големи количества се наоѓаат во

мозокот) можат да го поправат расположението, бидејќи

го поттикнуваат излачувањето на хормонот серотонин.

Подоброто расположение обично значи и подобар сон.

Испитувањето на делотворноста на омега 3 масните киселини

при лекувањето на несониците дало двострани резултати,

но со сигурност нема да си наштетите доколку во исхраната

внесете повеќе лосос, ленено семе и ореви за да утврдите

дали ви помагаат или не.

- Риба, мешунки, тофу, леќа и други производи богати со

железо

Ако т.н. синдром на немирни нозе не ви дава да заспиете,

можно е да станува збор за еден вид анемија што настанува

поради недостаток на железо. Направете соодветни лекарски

испитувања за да проверите дали ова е случајот кај вас.

Лекарот може да ви препише суплементи или храна богата со

многу железо за да го решите овој проблем.

За да внесете колку што е можно помалку заситени масти,

јадете риба наместо месо, и тоа за ручек наместо за вечера,

бидејќи протеините од рибата можат да го намалат дејството

на серотонинот што го поттикнува сонот.

На жените до 50 години им е потребно околу 18 мг железо

дневно, додека, пак, на жените по педесеттата и на возрасните

мажи им е потребно 8 мг железо. Порција од шест остриги

содржи 14 мг, во 250 грама леќа има 7 мг, а во 200 грама

зготвен лосос 0,7 мг железо.

За да внесете повеќе железо од растителната храна, што, пак,

може потешко да се ресорбира во организмот, консумирајте

ја заедно со протеинска храна што содржи железо (на пример,

риба) или витамин Ц, што исто така помага при полесно

апсорбирање на железото.

СУПЛЕМЕНТАРНО НАДОПОЛНУВАЊЕ ВО НЕКОИ СЛУЧАИ

Кога важните нутритиви што треба да се внесуваат во

организмот се на многу ниско ниво, лекарот може да ви

препише додатоци во исхраната, односно суплементи.

- Мултивитамин /во кој има и железо и витамин Б

Минералите и витамините што ги содржат мултивитамините

можат да помогнат при несониците, особено витаминот Б

и железото. Недостатокот на железо или фолна киселина

може да предизвика појава на синдром на немирни нозе.

Витамините од групата Б се важни за работата на мозокот,

регулирањето на сонот и расположението. На пример,

витаминот Б6 директно учествува во производството на

серотонинот. Не внесувајте повеќе железо од она што го

содржи мултивитаминот, освен доколку не ви е препорачано

поинаку од страна на лекар, бидејќи премногу железо може

да биде штетно и да се контраиндицира во организмот.

Доколку почувствувате дека мултивитаминот ви дава енергија,

внесувајте го порано во текот на денот.

- Магнезиум

Овој минерал учествува во производството на серотонинот

што го подобрува сонот, додека, пак, неговиот недостаток

исто така може да предизвика синдром на немирни нозе.

Магнезиумот-глицинат и магнезиумот-малат поретко можат

да предизвикаат стомачни тегоби и дијареја отколку

магнезиумот-цитрат и магнезиумот-хидроксид. Доволни се

100 до 300 мг магнезиум, пред спиење.

ПРОДУКТИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВААТ

Покрај препораките за храна и пијалаци што благотворно

дејствуваат при справувањето со несоници, постојат и неколку

состојки што треба да се избегнуваат, барем во периодот на

константни или хронични состојби на несоница. Такви се:

- Алкохол

Иако алкохолот дејствува како седатив, можете да се

разбудите по неколку часови, кога најголемиот дел од

алкохолот метаболизира – т.е. откако ќе пројде неговото

смирувачко дејство. Алкохолот исто така може да го влоши

ноќното рчење и ноќната апнеа, бидејќи ги опушта мускулите

на дишните патишта.

- Кофеин

Кофеинот е последното нешто што му треба на организмот

навечер. Доколку сте исклучително чувствителни на кофеин,

се препорачува да престанете да го внесувате во целост. Едно

истражување покажа дека дури и 200 мг кофеин (колку што се

наоѓа во две шолји кафе) наутро е доволно да го наруши сонот

во текот на ноќта. Чајот, газираните пијалаци и чоколадото

исто така содржат кофеин.

- Обилна вечера со многу масти

Масната храна исто така може да предизвика проблеми со

варењето, како и жиговина, што дополнително го отежнува

заспивањето.

83
НИСКОКАЛОРИЧЕН ОБРОК

РАТАТУЛИ

ЗА 6 ПОРЦИИ

1 или 2 поголеми кромида,

исечкани

4 големи чешниња лук,

исечкани

½ шолја маслиново масло

1 зелена пиперка, тенко

исечкана

1 црвена пиперка, тенко

исечкана

1 голем модар патлиџан,

исечкан на коцки

4 или 5 мали тиквички, исечкани на лентички + 8 до 10 зрели домати, излупени и исечкани + 1 супена лажица

сечкан свеж босилек (или 1 кафена лажичка сув) + 1 и ½ кафена лажица сол + свежо мелен црн бибер

Пропржете ги кромидот и лукот во тенџере со загреано масло. Штом станат стаклести, додадете ги пиперките, модриот

патлиџан и тиквичките и измешајте заедно сѐ. Намалете ја температурата, покријте го тенџерето и оставете да се готват околу

десет минути, протресувајќи го тенџерето два до трипати за зеленчуците да се зготват рамномерно. Додадете ги доматите,

зачинете и продолжете да готвите уште 10 до 12 минути. Откријте го тенџерето и дозволете вишокот течност да испари,

постојано мешајќи. Гответе додека зеленчукот не е добро зготвен, но без да се распадне.

Нутритивни вредности за една порција: 228 калории, 19 г масти, 16 г јаглехидрати, 3 г протеини.

84
НИСКОКАЛОРИЧЕН ДЕСЕРТ

КОЛАЧ СО ПРАСКИ И БОРОВИНКИ

ЗА 10 ПОРЦИИ

3 супени лажици несолен

путер

3 супени лажици масло за

готвење

1 шолја интегрално брашно

1 шолја млеко со ниска

масленост

1 кафена лажица ванила

екстракт

3 зрели, но цврсти праски,

исечкани на месечинки

2 шолји свежи или замрзнати боровинки + ½ шолја шеќер + ½ кафена лажица сол

1 и ½ кафена лажица прашок за печиво

Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени. Во плех за печење (23 x 33 см) ставете го путерот и оставете го

да се растопи пет до седум минути. Во меѓувреме, измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта во длабок

сад. Додадете ги млекото, шеќерот и ванилата, па измешајте за да се соедини заедно сѐ. Додадете го стопениот

путер на смесата и уште еднаш промешајте ја. Истурете ја смесата во загреаниот плех, а врз неа рамномерно

распоредете ги праските и боровинките. Вратете го плехот во рерната и печете додека горниот дел од колачот

не добие златно-кафеава боја, околу 50 минути до еден час. Извадете го колачот да се олади барем 15 минути, па

послужете го уште топол, посебно или со топка сладолед од ванила.

Нутритивни вредности за една порција: 196 калории, 9 г масти, 29 г јаглехидрати, 3 г протеини, 18 г шеќер.
ТРЕНИНГ ЗА

ЦЕЛОТО ТЕЛО

Не сме поборници на тоа дека сега, пред летото, мора да се почне да се вежба за да се покаже телото на плажа.

Вежбањето и внесувањето на каква било физичка активност треба да биде дел од секојдневието во текот на целата година.

Нема изговори – со тренингот што ви го предложуваме, во соработка со инструкторките од „Тринити“, Катерина Попева и

Јована Пенева, можете да вежбате и во вашиот дом, не ви се потребни посебни справи, бидејќи станува збор за тренинг со

сопствена тежина, а доволни ви се околу триесетина минути за да ги комплетирате сите вежби. Почнуваме!

1. ДИЈАГОНАЛЕН ИСЧЕКОР

Застанете исправено со стапалата отворени во

ширина на колкови, задржете ја тежината на левото

стапало, направете длабок исчекор назад со

десното стапало, поставувајќи го веднаш зад левото.

Полека свиткајте ги колената и спуштајте го телото,

клекнувајќи сѐ додека предното бедро (левото) не

дојде паралелно со подот и двете колена под агол

од 90 степени. Држете го стомакот стегнат и грбот

исправен. Стапалото на предната нога треба да биде

насочено напред.

2. ПРОПАЃАЊА ЗА ТРИЦЕПС

Поставете го задникот блиску до столчето така што дланките ќе ги поставите на столче,

лактите исправени со внатрешната страна обратно од столчето. Колената се исправени,

а стапалата потпрени на подот. Лизгајте го задникот надолу блиску до столчето и

виткајте ги лактите насочени точно зад вас (внимавајте да не излегуваат странично).

Спуштете се колку што можете подлабоко, задржете две-три секунди и вратете се во

почетната позиција.

Фотограф: Жарко Чулиќ

86
2. ВОЈНИЧКИ СКЛЕКОВИ

Рацете поставете ги каде што ви е најудобно во природна

положба, а телото треба да следи права линија од рамената до

глуждовите. Стапалата можат да бидат и споени и малку одвоени.

Почнете да ги виткате лактите и да го спуштате телото речиси

до подот сѐ додека лактите не се паралелни со подот, а градите

речиси го допираат подот. Потоа следува потешкиот дел, односно

враќање на телото во почетната позиција. Туркате со дланките

од подот сѐ додека лактите не се исправат целосно. Телото

задолжително треба да остане право, ригидно (вкочането) и

цврсто, за да се задржи правилната форма на склекот.

4. КЛЕКОВИ

Телото држете го исправено, стапалата се отворени во

ширина на колковите, целата тежина е во петиците, грбот е

исправен. Спуштете го задникот длабоко кон подот, како да

треба да седнете. Кренете се нагоре во почетната позиција,

притиснете ги колковите нанапред и стегнете го задникот.

Направете 15-20 повторувања во три до четири серии.

5. ВЕЛОСИПЕД – ЗА СТОМАК

Легнете на земја, поставете ги рацете зад главата,

стапалата над земја, наизменично спојувајте ги спротивниот

лакот и коленото, држејќи го стомакот постојано стегнат.

Направете 15-20 повторувања во три до четири серии.

6. СУПЕРМЕН

Легнете на земја на стомак, со раце испружени напред.

Истовремено кренете ги и рацете и нозете од под и

задржете се во таа позиција. Со секој милиметар обидете

се колку што е можно повисоко да ги кренете и рацете и

нозете. Држете по 20-30 секунди во три до четири серии.

87
Филмски предлози

Летото е за уживање! Затоа во првиот летен месец имате можност да се опуштите и да се насмеете со комедиите и

авантурите на репертоарот во Cineplexx. Не пропуштајте го и настанот Ladies night за незаборавна вечер со вашето

омилено женско друштво.

ОСУМТЕ НА ОУШН (OCEAN’S 8)

акција, комедија, крими – од 14.06.2018

Деби, отуѓената сестра на Дени Оушн, се обидува да ја

изведе најголемата кражба на векот за време на годишната

„Мет Гала“ во Њујорк. Нејзиниот прв чекор е да собере

совршен тим: Луи, Роуз, Дафне Клугер, Најн Бол, Тами, Амита

и Констанс.

СВЕТОТ ЈУРА: ПАДНАТОТО КРАЛСТВО

(JURASSIC WORLD: FALLEN KINGDOM)

акција, авантура, сај-фај – од 07.06.2018

Кога вулканот на островот почнува да

оживува, Овен (Крис Прат) и Клер (Брајс Далас

Хауард) почнуваат акција за спасување на

преостанатите диносауруси од истребување.

Овен сака да ја најде Блу, главниот грабливец

кој е исчезнат во дивината, а Клер почнува да

ги почитува овие суштества, кои сега станаа

нејзина мисија. Доаѓајќи на нестабилниот

остров додека лавата почнува да тече,

експедицијата открива заговор што може да

ја доведе нашата планета до опасен поредок

што не е виден уште од праисториско време.
БАШ СУМ УБАВА (I FEEL PRETTY) комедија – од 31.05.2018

Рене Бенет, која ја игра Ејми Шумер, е млада жена која

секојдневно се бори со чувството на несигурност и недостаток

на самодоверба. Таа добро знае како е кога си просечен во

светот во кој владеат тие со совршен изглед и со совршена

генетика. Нејзината обична приказна станува несекојдневна

кога повреда на главата ќе ѝ го смени животот на потполно

необичен начин. По пад од велосипед во фитнес-центар

и повреда на главата, Рене верува дека одеднаш станала

неодолива. Благодарение на сигурноста во себе што ја

немала досега, почнува да реди и професионални успеси во

козметичката компанија за која работи, а нејзината шефица,

нејзин идол и пример, почнува многу да ја почитува. На крајот,

Рене ќе сфати дека магијата престанала, но и дека вистинската

убавина не е на површината на кожата, туку длабоко во човекот.

НЕВЕРОЈАТНИТЕ (THE INCREDIBLES 2)

анимација, акција, авантура – од 21.06.2018

Омиленото семејство суперхерои се враќа

во „Неверојатните 2“, но овој пат Хелен е во

центарот на вниманието, оставајќи го Боб дома

со Виолет и Даш да ги поминува секојдневните

херојски обврски во еден „нормален“ живот.

Ова претставува тешка транзиција за сите, уште

потешка знаејќи дека семејството сѐ уште не е

запознаено со фактот дека бебето Џек-Џек има

супермоќи. Кога новиот негативец изведува опасен

заговор, семејството, заедно со Фрозон, мораат

да најдат начин повторно да работат заедно – што

е полесно да се каже отколку да се направи, и

покрај тоа што тие се неверојатни.

КЛУБОТ НА ЗАДОВОЛНИ ЖЕНИ (BOOK

CLUB) комедија – од 31.05.2018

Даен (Даен Китон) останува вдовица по 40

години брак. Вивијан (Џејн Фонда) сѐ уште се

забавува со мажи без никакви обврски. Шерон

(Кендис Берген) сѐ уште е во долг процес на

развод. Бракот на Керол (Мери Стинберген) е

во пад веќе 35 години. Животот на четирите

доживотни пријателки се свртува наопаку

кога во нивниот литературен клуб ќе се појави

книгата „Педесет нијанси сиво“. Од откривањето

на нова романса до повторно разгорување на

старите пламени, тие меѓусебно се инспирираат

да го направат следното поглавје, најдобро.
Летен водич

Иако во текот на летниот период настанува затишје кога се премиерите на филмовите и сериите во прашање, сепак

најдовме два интересни наслова што веруваме дека ќе ви се допаднат – една драма/вестерн серија и еден трилер/хорор.

Апликациите, пак, ги посветивме на добрите фотки и видеа од сѐ подолгиот престој во природа, уживајќи во прекрасното

време. Овековечете ги моментите на најдобар начин!

Rain

Yellowstone

Откако моќен вирус ќе ја збрише речиси целата популација,

преживеаните брат и сестра се во постојана потрага по

безбедност. Тие излегуваат надвор од засолништето по

шест години откако вирусот пренесен преку дожд ја уништи

Скандинавија, за да проверат дали постојат други преживеани.

Возбудлива трилер, сај-фај, на моменти и хорор-серија од

Данска.

Дејството се врти околу семејство ранчери од Монтана кои

се спротивставуваат на сите што се обидуваат да ја присвојат

нивната територија. Кевин Костнер дебитира во оваа нова

телевизиска серија сместена во жанрот вестерн. Костнер

е современ ранчер кој се справува со различни проблеми,

меѓу кои и со повремени насилни конфликти со локалните

земјоделци, како и со соседниот резерват со Индијанци.

90
Facetune 2

Оваа апликација ќе ви помогне при средување на вашите (селфи)

фотки. Некои од многуте можности се и алатките за избелување

на забите, измазнување на дамките од лицето и вишокот

сјај. Покрај нив корисниците можат да ја приспособуваат

сатурацијата, осветлувањето и сенките. Алатката „пред и

потоа“ овозможува да се забележат сите промени што се

направени. Дополнително апликацијата има и „magic camera“

што овозможува коригирање видеа во живо со филтри и други

алатки.

Quik

Уште една одлична апликација за видеа е Quik развиена од

GoPro. Преку неа лесно можете различни снимки да ги споите

во едно видео, да селектирате до 200 фотографии и видеа

од вашиот клауд, да внесувате визуелни ефекти, текстуални

пораки и титлови врз видеата. Можете да избирате и од преку 80

бесплатни песни што ќе ги додадете на видеото или, пак, ваша

музика. Зачуваните видеа во големина 1080 или 720p можете да

ги споделувате на социјалните мрежи и други сервиси.
РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

„ВРЕМИЊА НА ИГРА. ДЕТСТВО ВО ТРАНСИЛВАНИЈА“ – КЛАУДИУ М. ФЛОРИЈАН [АНТОЛОГ]

Ова дело, опиено од мирисите на детските игри и на убавите спомени, ги опишува настаните поврзани со

едно мешано германско-романско семејство што живее некаде близу градот Брашов во седумдесеттите

години на XX век, видени и пренесени преку очите на едно шестгодишно дете.

Живеејќи помеѓу два различни менталитета, на германските Саси и на романските Олтенци, момченцето се

обидува да ги опише и да ги разбере премрежињата низ кои минале неколку генерации од двете семејства,

притоа опишувајќи ги парадоксите на различните идеологии, култури и религии конфронтирани на различни

нивоа.

За него сите настани се само игри што ги играат, не само децата туку и возрасните, и тоа во домот во кој

живее, на улицата пред куќата, во маалото каде што го поминува времето.

Романот е добитник на престижната награда за литература на Европската унија за 2016 година.

„ТРНЛИВА ВИСТИНА“ – ЕЈЛИН ГОУЏ [КУЛТУРА]

Од авторката на книгата ЖЕНА ВО ЦРВЕНО

Книга исполнета со непредвидливи ситуации и епилог што никој не може да го замисли.

Рејчел и Роуз, сега жени со возрасни деца, конечно се соочуваат со судбината што ги прогонува речиси

половина век кога беа заменети во болницата. Она што сега им се заканува може целосно да им го загорчи

животот и да ги открие длабоко скриените тајни: претстојниот брак на способниот и грижлив син на Роуз

и проблематичната ќерка на Рејчел. Уште еднаш двете жени и нивните семејства се спротивставени едни

наспроти други.

Рејчел дознава дека нејзината мајка, Силви, умира. Само Роуз знае дека Силви е всушност нејзина мајка – и

таа копнее да биде признаена како ќерка на Силви, пред да биде доцна. Роуз ѝ се обраќа на мајка си за

помош. Со изнемоштеното здравје, а сепак силна по дух, Силви мора да избере помеѓу комплицираната

мрежа од лаги... и вистината што ќе ги уништи животите на двете нејзини ќерки – како и на нејзината кревка

внука – пред да почне да се лекува.

„ВЕШТЕРКИТЕ ДЕНЕС“ – КАЛИА ДИМИТРОВА [ТЕМПЛУМ]

„Вештерките денес“ е книга жизнена, силовита, продорна, свежа, нежна, приемчива, заводлива, самосвесна

и нималку климоглава – баш како самата Калиа. Освен тоа, книгата има јасна дикција, непосреден израз и

неприкриен активистички (општествен) ангажман.

Лирскиот субјект во „Вештерките денес“ е самосвесната (горда на својата женскост) млада девојка, бунтарка,

сугестивна, духовита и шармантна – но идентификацијата на читателот сепак не оди толку мазно, зашто Калиа,

склона кон провоцирање и „нарушување на јавниот ред и мир“, на својата почва поставила нагазни мини.

Стилот на Калиа е емотивно реалистичен, со нежни ретки преплетувања на фантастични слики и евокации.

Нејзиниот јазик на моменти е колоквијален и „баналистички“, но интересно е што зад често слаткавата

површина се кријат бруталистички замки. Дражеста наеднаш станува вражесна.

Книгата е прва во новата едиција „300 ветрила!“ на издавачката куќа „Темплум“, посветена на Огнен Чемерски.

„ДЕВОЈКАТА ШТО ПИШУВАШЕ НА СВИЛА“ – КЕЛИ ЕСТИЗ [ТРИ]

На островот Оркас штотуку дипломираната Инара Ериксон го истражува имотот на својата неодамна почината

тетка, која ѝ го оставила во наследство. Случајно наоѓа внимателно скриено, извезено парче свила. Додека ги

разоткрива слој по слој тајните што ги крие тоа, животот почнува да ѝ се испреплетува со животот на Меј Лиен,

младата Кинеска која пред повеќе од еден век била протерана од својот дом. Низ приказните што Меј Лиен

ги раскажува везејќи ја свилата, Инара ја дознава трагичната вистина што длабоко ќе го потресе нејзиното

семејство, а неа ќе ја натера да се осмели на незамислив чекор...

Инспириран од вистински настани, брилијантниот историски роман на Кели Естиз е потресна приказна за

две жени поврзани со времето и судбината. Жени со силен дух и достоинство, цврсто решени да постапат

правилно, независно од цената што треба да ја платат. Зашто додека не се каже вистината за минатото, не

може да се најде спокој во сегашноста.

92

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.
Портрет поддржува македонска поезија

СОБА ВО БЕРЛИН

мапата на Фабиан

спие на сини бранови

кои проаѓаат низ неговата

растурена соба.

неговите сни цутат

од стар цветен килим,

кој ја носи пролетта

назад во Берлин.

неговото огледало

ти се смее со лик

на минат љубовник.

не успеваш да го видиш,

само можеш да преспиеш

на неговиот тврд кревет.

Калиа Димитрова од

збирката „Вештерките

денес“, 2018

93
ШЕСТИОТ ВИКЕНД НА ГОРДОСТА

КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ НАСТАН

ОД СВЕТСКИ РАНГ

Месецов ќе го почнеме со шестиот викенд на гордоста, што веќе прерасна

во сериозен и високопрофилиран културен настан, на кој публиката

секоја година има можност да ужива во современите и професионалните

продукции на регионални и светски уметници. Разговаравме со неколку луѓе

кои со својата работа и со своето залагање направија овој настан да изгледа

навистина светски.

Пишува: Ружица Антиќ

СЛАВЧО ДИМИТРОВ, куратор на фестивалот,

Коалиција „Маргини“

Во јуни по шести пат се одржува „Викендот

на гордоста Скопје 2018“, организиран од коалицијата

„Маргини“ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот

комитет на РМ. Чувствувате ли дека за овие шест години има

промена на свеста кај македонската јавност?

Овие последни шест години беа исклучително динамични

и турбулентни, исполнети со насилство, дискриминација и

понижување, од една страна, и борба, упорност, истрајност

и креативност од друга. Мислам дека промените неизбежно

се случија, колку и да изгледаат како мали победи и

поместувања, и ќе продолжат да се случуваат. Нови

линии на солидарност, нови алијанси на поддршка, нови

пријатели, луѓе од најразлични области, генерации и статуси

што застанаа во одбрана на правата на ЛГБТИ-луѓето.

Но, останува и фактот дека сè уште огромен процент од

македонската јавност е хомофобична и трансфобична, тоа

го покажуваат многу истражувања. Особено е загрижувачки

дека ваквите ставови се високозастапени помеѓу младата

популација. ЛГБТ-луѓето сè уште секојдневно се соочуваат

со дискриминација, срам и понижување, живеат двојни

животи, во страв од насилство и исклучување, а властите,

институциите и медиумите срамежливо или исклучително

малку зборуваат за овие проблеми. Сепак, охрабрувачки за

нас е дека секоја година бројот на публиката и интересот

за уметничките и културните содржини што ги нудиме на

Викендот на гордоста расте, а со тоа и сè поголем број

луѓе се вклучува во процесот на себетрансформација низ

интеракција со уметничките содржини.

Оваа година носечката идеја е НАСТРАНО.ПОЛИТИЧКО,

како фигуративен статус на „настраноста“ во рамки на

доминантните културно, политички простори. Која е

пораката што сакате да ја испратите оваа година?

На прво место сакаме да ги преиспитаме главните политички

категории што, како што нè учеа феминистичките филозофи,

се устроени согласно прерогативите на маскулинизмот и

потребите на хетеронормативната желба и животни форми.

Од друга страна, сакаме да ги промовираме формите на

соживот, интимност, социјализација и културни практики

што произлегуваат од заедниците и супкултурите на

сексуалните и родовите малцинства и токму од нив самите да

понудиме имагинација за алтернативни и утописки можности

за бидувањето заедно, интимност и политички и социјален

живот. Конечно, сакаме да го зграпчиме „фигуративниот

статус на настраноста“ во општеството, односно

понижувачките претстави на привилегираните и оние што

се прокламираат за „нормални“, да ги трансформираме и да

ги превреднуваме во извор за демократска трансформација.

Односно, „настраноста“, онака како што е замислена со страв

во ограничениот и насилен ум на хетеронормативноста, како

радикално различното и чудното, како формите на живот

што „мораат да се отфрлат за доброто на нацијата“, како

пркос кон сите легитимни и човечки признаени идентитетски

рамки, како ексцесивност во однос на сите калапи на

нормализација, како сопка за репродукција на „стариот

добар“ и банално зол живот е токму она што е нужно, што

е неопходно, што е услов за демократското политичко

живеење и етичкиот живот. За да биде демократијата можна,

воопшто, политиката мора да биде настрана!

И годинава имате организирано навистина интересна и

квалитетна содржина. Може ли да ни кажете што точно ќе

се случува?

Без скромност, можеме да кажеме дека годинава имаме

исклучителна програма, со уметници од светски ранк и имиња

што оставија свој белег во историјата на уметноста, како и

уметници кои се водечки во моментов во културната квирпродукција

во светот и во регионот. Фестивалот го отвораме

со ретроспективна изложба на антологискиот фотограф Дел

Лагреј Волкено, насловена како „Корпус квир: тела на отпор“.

Следува концерт на еден од најзначајните перформансуметници

на денешницата, Иво Димчев, чиишто концерти

во последниве години ги полнат театрите на сите светски

метрополи и ја доведува публиката до солзи и екстаза. На

наше огромно задоволство, со претставата „Дијамант“ ќе ѝ

го претставиме на македонската публика Дејвид Хојл, едно

од најзначајните имиња на авангардниот и кабаретски

театар, со специјално гостување на театарската дреггрупа

од Лондон, The Lipsinkers. Фестивалот го затвораме

со перформанс на родово небинарниот трансуметник во

Европа, Травис Алабаназа, чиишто емотивниt изведби се

бележат како „иднината на квир-перформансот“ и диџеј-сет

на трансуметницата и музичарка од Белград, Соња Сајзор,

во придружба на три белградски дрег-кралици, кои ќе ни

приредат, сигурен сум, незаборавно дрег-шоу.
За жал, ЛГБТ-заедницата сè уште е мета на постојани

напади и секојдневно се загрозуваат човековите права на

сите членови. Што сметате дека е најважно да се промени

во нашето општество за секој член да се чувствува сигурно

и слободно?

Јавни и бескомпромисни заложби на сите политички

актери за заштита и промоција на правата на ЛГБТ-луѓето,

сензитивизација и проактивен пристап на медиумите,

ослободување на образованието од хомофобичните и родово

стереотипни содржини, остро одвојување на влијанието на

религиозните актери од политичкиот живот и поинтензивна

културна продукција со родово и сексуално еманципаторски

примеси. Социјалната правда и борбата против економската

експлоатација и искоренувањето на класната нееднаквост

се исто така нужен услов за искоренување на хомофобијата

и патријархатот. Конечно, поголема солидарност и емпатија

од сите општествени слоеви и групи, затоа што, без разлика

на сè: „We are queer, we are here, deal with it!“

БИЉАНА ТАНУРОВСКА ЌУЛАВКОВСКИ,

програмска уредничка на „Кино Kултура“

Биљана, вие сте истакната културна

работничка и силна поборничка за

независната културна сцена во нашата

земја. Каква е улогата на културните

центри и зошто е важно тие да даваат

помош и поддршка на ЛГБТ-заедницата?

Културните центри имаат примарна улога да бидат места за

вклучување на различните заедници, односно простори каде

што се премостуваат анимозитетите, каде што се говори

отворено, каде што се слуша гласот на другиот, каде што

се омоќуваат оние што се обезмоќени или оние чијшто глас

нема продор пошироко во општеството. Тие треба да бидат

социјални генератори на културни и уметнички изразности

што вклучуваат различни теми од заедниците. ЛГБТ е една

од тие заедници, која, за жал, сè уште е маргинализирана кај

нас и чиишто теми и проблеми, сметам, се блиски или сродни

со другите заедници, на пример жените, возрасните групи и

други заедници од „маргините“. Лицата од оваа заедница се

мои колеги, пријатели и се автори кои со своето творештво

го исцртуваат современиот културен јавен простор, кој

е отворен, слободен, свесен, инклузивен, нов, разнолик,

односно кој е дел од пошироките нови културни современи

светски простори.

„Кино Култура“ ќе ги отвори своите врати и неколкумина

раскажувачки од јавната сцена ќе зборат за настани

во кои биле посрамени поради својата општествена

ненормативност. Може ли културата и слободата што ја

носи, да помогне да се подигне свеста и луѓето да станат

отворени и толерантни кон идентитетските рамки?

Опасноста е што културата се користеше кај нас

за инструментализација на граѓаните, наместо за

редефинирање на нашата граѓанска свест. Мислам дека

сега е тоа време кога можеме да ја зајакнеме улогата на

културата, односно да стане централен дел од јавната сфера.

Јавната сфера и јавниот простор преку културата можат да

градат нови простори на слобода и на ослободување, каде

што прифаќањето на разликите во заедницата ќе јакне и ќе

стане една од најважните вредности на градење на идниот

општествено-релевантен свет. Секако, ова без политичка

волја и континуирана поддршка не е можно. Но, верувам, или

сакам да верувам, дека поддршките од сите страни допрва

ќе доаѓаат и верувањата во цврст, еден и непроменлив

идентитет ќе бидат минато.

ИГОР ДЕЛОВ, графички дизајнер

Игор, вие сте автор на креативниот

дел на „Skopje Pride Weekеnd 2018“

и веќе имавме можност да го видиме

дизајнот на постерите. Од што бевте

инспирирани оваа година и која е

пораката што ја праќате преку вашата работа?

Ми претставува огромно задоволство што имам можност

да работам на проекти со кои директно учествувам во

создавањето на културниот живот во мојот град. Отсекогаш

предизвик ми биле темите поврзани со општествена

одговорност, при што целам да ги инспирирам луѓето

накратко да се прашаат за убедливоста на нивниот став

кон одредена тема. Од друга страна, чест ми е да помагам

на малите и средните бизниси во нашата држава, со

создавањето бренд-идентитети, што се од голема важност

за нивната работа, како и визуелната култура во нашиот

град. Славчо Димитров, со кого соработуваме веќе повеќе

години, секогаш ги поместува границите на нашите

можности, задавајќи комплексни теми и задачи, што на

прв поглед изгледаат како тешки математички равенки

со многу непознати, но кои сепак треба на лесен начин

да се пренесат и да се објаснат кон крајната публика.

И покрај тоа што процесот е долг и тежок, сепак ние со

ваквите проекти растеме како професионалци, заедно со

моите соработнички, Бисера Крцковска и Ема Наумоска.

Во овој случај, инспирирани бевме од ригидноста и од

структуралноста на обрасците за пополнување што можат да

се најдат низ шалтерите на јавната администрација, познати

по нивната темнорозова, евтина хартија. Образецот, што

е симбол за политичкото, наеднаш ги изместува и ги крши

своите граници. На тој начин, ние го доловуваме настраното

во општеството, што, и покрај тоа што е дел од него, е во

постојан конфликт со политичкото, односно ригидното.

Дизајнерите се изразуваат преку, бои, форми и облици.

Дали знаете како би изгледал вашиот дизајн на постер што

би ја опишал моменталната состојба на членовите на ЛГБТзаедницата

во нашата земја?

Како што веќе наспоменав, нашиот пристап на изработка

на постер би го опишал како еден тежок процес, каде

што постерот поминува низ повеќе фази на истражување,

развивање идеи, дигитално и рачно скицирање, изведба,

како и повеќекратно модифицирање и коригирање. Според

тоа, за да можам да дадам скромен одговор на вакво сложено

прашање, би морал да поминам низ делови од истиот

процес за развивање постер. Како и да е, за финалниот

постер би кажал дека тој мора да ги задоволува естетските

и концептуалните критериуми на нашето студио. Накратко,

би рекол дека моменталната состојба воопшто не е црнобела,

туку претставува цел спектар на идеи и ставови, што во

принцип е и главната суштина на таа заедница.
кул ту

НИКОЛА

УЗУНОВСКИ

УМЕТНИК

ра

Подготвуваат: Ружица Антиќ & Душан Стојковиќ

Фотографија: Жарко Чулиќ

96

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста
ID

Имам поминато дванаесет години во формално,

специјализирано образование, од кои вторите шест

години од ова образование билe убедување дека сѐ што

ме учеле првите шест години било тотално погрешно. Оваа

контрадикција ме наведе по трипати да се преиспитувам и да

ги проверувам фактите пред да ги прифатам нештата.

„МОЕТО СОНЦЕ“

„Моето сонце“ е проект во развој, не е завршен и не знаеме

дали ќе се заврши некогаш. Но, идејата е да се покаже дека

група луѓе се обидува да создаде утопија како сонце за некој

што го нема. Проектот од еден аспект е истражување што

следи научни методи што се користат на слични проекти од

аероинженерството, но бидејќи овој проект нема да може да

се користи масовно, неговата главна цел е да пренесе порака

и да инспирира други луѓе да реализираат слични проекти.

Проектот дава пример како луѓе со ист интерес од разни

страни од светот можат да соработуваат преку мрежи на

краудсорсинг и краудфандинг и да реализираат вредности

или продукти на начин што не бил претходно достапен. А

главната метафора на проектот е важноста на употребата на

сончевата енергија, односно големата економска промена

во современото општество, што се стреми да го замени

производството на енергија од горива, со одржливите извори

на енергија како сонцето.

ЖЕЛБИТЕ СЕ ОСТВАРУВААТ...

„Желбите се остваруваат“ е изложба што се состои од

реконструкција на работилницата на Дедо Мраз, што се

наоѓа во Лапонија, соба полна со маси, а на масите писма

со желби од целиот свет. Посетителите можат да седнат и

да ги читаат желбите на децата од целиот свет, но на масата

стои и книга со статистичко истражување на желбите, каде

што може да се види дека желбите кои децата ги посакувале

се создадени или наметнати од контекстот во кој живеат.

Изложбата и истражувањето се наменети за да ја подигнат

свеста, за тоа како општеството влијае врз нашите лични

избори и желби и како нашите желби се рефлектираат во

општеството.

СНЕГ

„Снег“ е серија фотографии од снег, фотографирани на

над сто различни локации низ светот. Од големи градови

како Стокхолм, Хелсинки, села во Лапонија, до познати скицентри

како Кортина, Инсбрук. Фотографиите се намерно

фотографирани со подолга експозиција за филмот да биде

тотално бел, така што при принтање хартијата излезе од

принтерот иста каква што била и пред принтање. Проектот

содржи процес на продукција како нормален фотографски

проект што следи одредена тема, но визуелно не претставува

ништо. Проектот е да се пренесе вредноста од уметничкото

дело, на личното искуство на гледачот. Главниот дел од

делото да биде имагинацијата и субјективната вредност

што ја создава гледачот. На пример, ако некој го поминал

детството скијајќи на Маврово, во белата фотографија

од снегот од Маврово го гледа сопственото искуство и

сеќавањето на Маврово.

ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА

Земајќи ја дефиницијата на љубов од енциклопедија јас само

го ставам гледачот во контекст да си ја преиспита својата

дефиниција на љубовта. Додека ја чита дефиницијата

гледачот автоматски се сеќава на своите најемотивни

искуства и така тие стануваат дел од делото, па затоа делото

е насловено „Една и единствена“, зашто секој има свое

незаменливо искуство. Токму ова сакав да го пренагласам

и да го претворам во уметничко дело. Ова дело е и некаков

вид критика или надополнување на концептуалните дела

на Џозеф Косут, кој со делото „Еден и три стола“, каде што

зема еден стол, фотографија од истиот стол и дефиниција

од речник што е стол, кажува дека важен е концептот за кој

се зборува, а не како е претставен. Ова дело кажува дека

и работите што не ги кажуваме имаат исто значење како

тие што ги кажуваме, но важно е да си ги преиспитуваме

вредностите и да ги редефинираме, ако е потребно.

НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК

Кога го почнав проектот „Моето сонце“ прво отидов во

скандинавските земји, за кои овој проект е наменет, но во

две години, чукајќи на врати, речиси секаде го добивав

истиот одговор: „Супер идеја, ама тука никој нема да ти даде

пари за тоа“. Во Скандинавија луѓето се многу рационални

и штедливи и не се навикнати да трошат пари и време на

утопии. Тогаш размислував да се откажам од проектот, но

кога се вратив во Италија и ме прашаа каде сум бил и што

сум правел, им кажав, а некои куратори и колекционери

препознаа одлична идеја и вложија пари за да почнеме да

работиме. Тука, на луѓето би им било подраго да трошат пари

за утопии отколку да штедат. Подоцна проектот го поделив на

низа работилници и секоја работилница беше во соработка

со друга институција или друг универзитет и проектот одеше

нанапред, но секој стадиум беше покомплициран и поскап

од претходниот. Последните неколку години не можам

да најдам доволно буџет да се направи некое значајно

унапредување, но не значи дека нема шанси тоа да се случи

во иднина.

УМЕТНОСТА Е СЛОБОДА

Уметноста е ослободување, ослободување од идеите

што ни се вртат низ глава и барање истомисленици кои се

борат за истите идеи што ни се вртат низ глава. Уметноста

е борба, борба за изгубените вредности и можните иднини.

Уметноста е крик, искажување на идеите на пренагласен

начин, да бидеме колку што е можно подалеку слушнати и

појасно разбрани.

НИКОЛА, ГРАЃАНИН НА СВЕТОТ

Роден сум во држава што денес не постои, а имам живеено во

градови и држави што се толку различни едни од други, што

се речиси неспоредливи, така што сигурно имам изгубено

каков било национален идентитет. Секаде се чувствувам

како странец, бидејќи не се вклопувам во локалната култура,

но секаде низ светот имам пријатели кои ми прават чувство

дека секаде сум дома. Проектите што ги работам се најчесто

во соработка со луѓе од целиот свет, се продуцираат или

комуницираат на разни локации и во различни контексти.

Наменети се да отворат дискурс на актуелни теми

што продолжувам да ги обработувам, преиспитувам и

редефинирам.

97
AДОЛЕСЦЕНЦИЈА

СООЧУВАЊЕ СО

РАЗВОЈНИТЕ

ПРЕДИЗВИЦИ

Адолесценцијата е период од животот кој побудува впечатлив интерес во

психолошките истражувања, посебно во областа на развојната психологија.

Почетокот и крајот на овој период различно се определуваат во зависност

од културата, општеството и очекувањата од оваа возрасна група. Оттука, во

индустриските земји таа почнува во периодот меѓу 10 и 13 години, а завршува

од 18 до 20 години. Целиот овој период е поделен на три потпериоди: а) рана

адолесценција (од 10 до 14 години), б) средна адолесценција (од 15 до 19 години)

и в) доцна адолесценција (од 20 до 24 години, со што станува и составен дел

од преминот кон рана зрелост – прва потфаза која трае од 18 до 25 години).

Секој од овие потпериоди има свои специфики во однос на исполнувањето на

развојните задачи. Така, раната адолесценција е главно насочена кон стекнување

биолошка зрелост и во овој период се завршуваат пубертетските промени.

Средната адолесценција е насочена кон натамошен развој во интелектуалниот,

емоционалниот, социјалниот и доменот на формирањето на идентитетот и развој

на себството. Конечно, во доцната адолесценција или младоста сите развојни

задачи би требало да бидат завршени или да се привршуваат.

Пишува: Проф. д-р Ана Фрицханд

Во адолесценцијата се јавуваат промени во сите развојни домени. Се менува

влијанието на некои од агенсите на социјализација (на пр., во детството родителите

имаат поголемо и посилно влијание врз развојот, за разлика од адолесценцијата

кога посилни се влијанијата од врсниците); се менува и контекстот во кој

адолесцентите се развиваат (на пр., стекнуваат нови пријатели, заминуваат во друго

училиште, добиваат нови работни задачи, воспоставуваат нов квалитет во односите

со врсниците, влегуваат во романтични врски итн.). Во адолесценцијата се развива

способноста за решавање проблеми (кои стануваат побројни и посложени, но и

вештините за нивно решавање стануваат поквалитетни и поефикасни), за заземање

туѓо гледиште, за разбирање на себеси и слично. Според најновите истражувања

од доменот на еволуциската психологија, како и од когнитивната развојна

невронаука, постојат докази дека во периодот на адолесценција се одвиваат

интензивни промени во мозокот кои подразбираат раскинување на старите и

создавање на нови синаптички врски (процес наречен синаптогенеза), што се

манифестира во однесувањето на адолесцентите. Ваквите промени значително
Мисли здрави мисли

влијаат врз нивниот морален развој. Како последица од

созревањето на претфронталниот кортекс, во периодот на

адолесценција донесувањето одлуки главно се одвива во сè

уште несозреаниот систем на амигдалата, кој се фокусира

на моменталната ситуација. Оттука, доколку сите врсници

постапуваат на одреден начин во дадената ситуација,

најверојатно и адолесцентот ќе се однесува исто. Во

возрасниот период, пак, претфронталниот кортекс дејствува

со иста брзина како и системот на амигдалата, што им

овозможува на возрасните многу повеќе да ги осмислуваат

моралните одлуки пред да ги донесат.

Меѓу најважните развојни задачи во периодот на

адолесценцијата спаѓаат оние што се насочени кон

стекнување физичка зрелост, постигнување интелектуална

компетентност, градење личен

идентитет, напредување во

моралниот развој кон повисоките

стадиуми на морално расудување и

покомплексен морален идентитет,

создавање емоционална независност

од родителите, воспоставување

поблиски и потрајни пријателски

врски, влегување во романтични врски,

професионална ориентација и избор

на идната професија, како и многу

други. За време на адолесценцијата

пријателствата се релативно стабилни

и најдобро се одржуваат кога

пријателите имаат слични ставови,

аспирации и интелектуален капацитет.

Пријателите од ист пол зафаќаат

поголем дел од перципираната

социјална мрежа на адолесцентите, а

пријателите стануваат еднакво важни,

па дури и поважни од родителите,

како извори на поддршка и совети во

многу значајни домени. Еден белег на

пријателството во адолесценцијата е

акцентот на блискоста и доверувањето.

Имено, адолесцентите покажуваат

поголема блискост во нивните пријателства отколку децата.

Во адолесценцијата когнитивните процеси се на повисоко

ниво отколку во детството, врз што влијае и поголемото

искуство. Адолесцентите мислат за алтернативните

можности, кои не се дадени непосредно и сетилно,

размислуваат низ хипотези, насочени се кон иднината, а за нив

е карактеристично и метакогнитивното мислење (мислење

за сопствениот мисловен процес). Во текот на развојот

на мисловниот процес ги преиспитуваат општествените

вредности, правила и норми, а неретко и ги негираат и

„уриваат“ бунтувајќи се отворено против авторитетите и

општеството. Основен дострел во когнитивниот домен е

развојот на апстрактно-логичкото мислење, што подразбира

способност за користење различни видови мислење, и на

дедуктивна логика. За периодот на адолесценција, исто

така, карактеристичен е изразениот егоцентризам, кој се

препознава преку три карактеристики. Првата се однесува на

неможноста адолесцентот да разликува помеѓу привремени

и подлабоки случувања (па затоа мисли дека некои лични

случувања, кои не се толку важни, ги запомниле и другите,

како што е, на пример, сопнување на скали во присуство

на сведоци). Второ, адолесцентот не прави разлика меѓу

субјективното и објективното (оттука, смета дека и другите

луѓе се исто толку заинтересирани за него/неа колку и тој/

таа самиот/ата). Третата карактеристика на егоцентризмот

во адолесценцијата се однесува на неможноста да се

разликува универзалното од посебното (поради што, на

пример, адолесцентот мисли дека радостите и маките од

неговата прва љубов се само негова/нејзина посебност и

возрасните не можат да го/ја разберат).

Еден исклучително важен развоен

процес кој се одвива во периодот

на адолесценција е процесот на

индивидуација, во кој адолесцентот

се ослободува од емоционалната

зависност од родителите, но ја

задржува врската со нив. Овој процес

се одвива во четири фази. Најнапред

има нагласена диференцијација

од родителите, што се гледа низ

критичкиот став кон нив, одбивање на

сè што тие му кажуваат и доживување

на себеси на начин различен од нив.

Потоа следува фазата на вежбање

на независноста од родителите, кога

адолесцентот ги одбива нивните

предупредувања и мисли дека сè може

самиот да испроба. Третата фаза е

повторно зближување со родителите,

но сега како самостојна личност,

при што се воспоставува соработка

и нема апсолутна послушност како

во детството. На крајот од овој

процес се воспоставува независност,

чувство на сопствен идентитет, т.е.

индивидуалност. Адолесцентите во овој период честопати

експериментираат со различни можни слики за себе,

го преиспитуваат и го критикуваат однесувањето на

родителите, чија дотогашна слика на идоли се деидеализира,

па некогаш дури и се обезвреднува. Неретко се јавува

изразен отпор кон крутиот авторитет, чести конфликти

и спротивставеност на мислењата. Па, сепак, она во што

адолесцентите најмногу се разликуваат од своите родители

е животниот стил што го претпочитаат, додека конфликтите

околу суштинските вредности се поретки. Оттука, гледано

низ призмата на односот родител–адолесцент, во периодот

на адолесценција всушност се одвива процес на двонасочна

социјализација каде што родителите и адолесцентите

заемно влијаат едни врз други и учат едни од други, што е

особено важно за квалитетен премин во периодот на рана

возрасна доба.

Доколку имате прашања и теми од развојната психологија за кои сакате да читате во некои од следните

броеви, пишете ни на contact@portretmag.com

99
ИВО СЕКУЛОВСКИ

КРЕИРАЊЕ НА ФЛУИДНА ВИЗУЕЛНА МЕШАВИНА

ПРИ ФОТОГРАФИРАЊЕТО

Доколку треба да се наврати на своите почетоци,

фотографот Иво Секуловски би ги сместил нив уште во

периодот на основното училиште, кога првпат зел апарат

во рака. Неговиот брат бил љубител на фотографијата и

купил фотоапарат DSLR, што Иво почнал да го користи на

тринаесетгодишна возраст. „Благодарение на брат ми,

кому фотографијата му е хоби и денес, мене ми прерасна

во професија“, вели Секуловски. Бил самоук и учел со

испробување и експериментирање, до 19-годишна возраст,

кога запишува студии по фотографија во Милано. За

време на студиите бил асистент на неколку фотографи, а

по студиите почнува да работи самостојно како независен

фотограф. Денес, најчесто фотографира едиторијали

за модни списанија и издавачки куќи, лични проекти и

комерцијални фотографирања.

„Кога не фотографирам, чувствувам огромно незадоволство

и празнина. Фотографијата за мене претставува медиум

преку кој можам да го искажам и да го пренесам тоа што го

мислам и тоа што го чувствувам. Претставува идеален процес

што ми овозможува да го анализирам она што е околу нас и

да дадам нови визуелни предлози и видувања, а ме тера да

видам работи и нешта што инаку никогаш не би ги видел или

забележал“, вели тој.

Особено обожава да работи на „биполарноста“ на

фотографирањето што се крие меѓу тоа што е вистина и лага,

факт и фикција и играта меѓу двете. „Со други зборови, мојата

работа се состои во интересот за истражување на она што се

смета за фотографски реализам, интуиција и конструирана

фикција. Со комбинации од мртва природа, лични опсесии,

сеќавања и понекогаш автопортрети се обидувам да

создадам еден вид флуидна визуелна мешавина“, додава

Секуловски.

Тој вели дека инспирацијата доаѓа од секаде, од

секојдневните навики, па дури и стереотипи, книги, текстови,

изложби, музеи, истражувања... „Сакам кога нешто навистина

ме вознемирува или ме интригира, така знам дека тоа е она

што сакам да го фотографирам“, завршува тој.

Досега, Секуловски има учествувано на повеќе групни

изложби, но ја издвојува како една од позначајните

изложбата организирана од дизајнерот JW Anderson

минатиот месец во Лондон на која учествуваше и Секуловски

со свои фотографии. Негови фотографии се објавени на

голем број интернет-страници и во многу комерцијални, но и

независни списанија, меѓу кои се: „Хангер ТВ“, проектот „The

Photographic Dictionary“, „Der Greif“, metalmagazine.eu, „Вог“

(Италија), „Ел“ (Британија), „Ел“ (Хрватска), „Флер“ (Италија),

„Факинг јанг!“, дигиталниот магазин „Кактус“ и други.
Македонска фотографија
МАРКО „GP“ МАРКОВИЌ, ЈУТЈУБЕР И ВЛОГЕР

„МОЈАТА ПУБЛИКА МЕ

НАПРАВИ ПОДОБАР ЧОВЕК“

Вистинска ѕвезда на

македонската „Јутјуб“ сцена

Ако пред неколку години децата пред спиење гледаа цртани филмови, денес од најмала

возраст гледаат видеа што на „Јутјуб“ и на другите мрежи, преку своите канали, ги

прикачуваат други деца и млади луѓе. Тие најчесто се приспособени за возраста што

се таргетира, често се многу гласни и колоритни, придружени со различни помагала.

Па, затоа кај децата предизвикуваат голем интерес и со внимание ги гледаат, бидејќи

овие визуелни дразби навистина е тешко да се постигнат со играчки, книги и другите

традиционални начини за детски развој, што ги користевме досега. Неодамна и кај нас

се одржа настан од светски вид, најпознатите македонски јутјубери со здружени сили

го имаа своето прво шоу пред својата публика. Масовноста на овој настан, возбудената

публика која со часови чекаше да влезе, ни покажа дека и кај нас има квалитетни млади

луѓе кои со својата креативна работа влијаат на своите врсници. Затоа сакавме да го

запознаеме младиот Марко Марковиќ или многу повеќе познат под своето корисничко

име „GP“, 19-годишен јутјубер и влогер, кој има сериозна публика и може да се пофали

со висококвалитетна продукција и содржина, што ја пласира редовно.

Пишува: Ружица Антиќ

Фотографија: Жарко Чулиќ

Предводник сте на новата генерација влијателни млади луѓе,

кои се појавија како резултат на развојот на технологијата и

на социјалните мрежи. Кога првпат забележавте дека сакате

да оставите свој печат на најмасовната мрежа „Јутјуб“?

Никогаш немаше единствен момент. Се работеше за долг

период на раст на џиперите и како тие оставаа сè повеќе

коментари од типот на: „Чекаме ново видео, сакаме уште

од ова и слично“. Поради непрекинатото зголемување на

публиката и нивните коментари и желби за повеќе видеа,

сфатив дека има сè повеќе луѓе на кои им се допаѓа мојата

содржина што ја објавувам на својот канал на „Јутјуб“ и

решив оваа работа да почнам да ја работам сериозно и

континуирано.

Во моментов се водат агресивни кампањи децата да

се оддалечат од електронските уреди и постојано се

посочуваат негативните страни на интернетот. Кои се

придобивките од глобализацијата на социјалните мрежи и

масовноста на интернетот?

Секако дека со развојот на социјалните мрежи

комуникацијата помеѓу луѓето се смени засекогаш. А со

масовноста на интернетот, сметам дека на секој поединец

му се овозможи пристап до буквално секоја информација

и многу лесно може да дојде до секој податок што го бара.

Со ова многу луѓе сами учат и истражуваат за тоа што ги

интересира и, глобално, младината денес е понапредна од

кога било. Морам да дополнам дека да не беше интернетот
развиен како што е развиен денес, никогаш немаше да ги

знам вештините за креирање видеа што ги знам сега.

Неодамна одржавте спектакуларен настан во организација

на „Јутјуб“ Македонија, што беше посетен од илјадници

деца и млади. Задоволен ли сте од насоките во кој се

развива македонската влогерска сцена?

Секако дека и јас и сите други македонски креатори на

сцената на „Јутјуб“ сме презадоволни од нејзиниот развој.

Никогаш не претпоставуваме дека ќе стигнеме до овде, но

секако тоа е плод на нашиот труд и на нашата креативност.

Како што постојат огромен број следбеници на мрежата

на „Јутјуб“, така има и различни видови јутјубери – некои

снимаат влогови, други снимаат игри, предизвици, лајвстримови,

филмови, песни и уште многу други работи. Секој

ја споделува својата пасија и љубовта кон тоа што го снима

и со тоа мрежата нуди огромен избор на видеа и буквално

секој од гледачите може да си најде по нешто интересно за

гледање.

Најважно за еден влогер е да биде влијателен и гледан, а

неговата содржина да биде квалитетна и интересна. Колку

често снимате влогови, го апдејтувате својот канал и каде

наоѓате инспирација за нив?

Поретко снимам влогови, за разлика од некои други јутјубери,

поради тоа што на мојот канал снимам повеќе гејминг-видеа.

Се обидувам да бидат колку што е можно поквалитетни и

за време на училишната година на мојот канал да закачам

по три видеа неделно. Имам практика за време на летниот

распуст или поради други прекини во текот на училишната

година да ставам ново видео секој ден. Инспирација наоѓам

на најразлични места, некогаш ќе видам нешто ново на

интернет, некогаш нешто ново ќе ми се случи во реалниот

живот, некогаш ќе добијам интересен предлог од страна на

публиката – но најмногу од љубовта што ја имам кон мојата

омилена мрежа „Јутјуб“.

Секој што редовно ги гледа вашите видеа, веднаш ќе го

забележи вашиот напредок. Која технологија најчесто

ја користите за снимање и како се едуцирате за нејзино

користење?

До неодамна користев обична веб-камера за компјутер, а

сега користам ДСЛР-апарат со кој го снимам мојот „facecam“,

односно моите реакции на играта. Играта ја снимам директно

на компјутер, а видеата ги спојувам и ги обработувам во

софтвер за видеомонтажа. Како што споменав претходно,

интернетот најмногу ми има помогнато за да се едуцирам за

користење на целата техника – од хардвер до софтвер, како

и самото искуство.

Неодамна објавивте и ваше музичко видео, што за многу

кратко време имаше милионски прегледи. На музиката

гледате како нов предизвик или уште еден начин да ја

изразите својата креативност?

Пред сè, огромно благодарам до џиперите и до сите што

ја слушаа мојата песна и навистина сте неверојатни за

огромниот број прегледи! Кога станува збор за музиката

– отсекогаш сум сакал да слушам музика, а понекогаш и да

создадам некоја своја музика. Сепак, не се гледам себеси

во професионалниот музички свет и иако можеби некогаш

повторно ќе објавам песна – тоа повторно ќе биде уште еден

начин да ја изразам својата креативност.

Светските влогери и јутјубери многу млади заработуваат

сериозни суми пари, а брендовите и компаниите плаќаат за

да ги пласираат своите производи во влогови и видеа. Каква

е свеста кај нас, имаат ли македонските влогери помош од

партнерски компании?

¬Засега, кај нас тоа не е многу развиено. Имавме среќа тројца

јутјубери, односно јас, BobiBeatbox и Winncoot неодамна

да бидеме одбрани да изработуваме видеа за „Фанта“,

кои во нас препознаа момци чијашто енергија одговара на

нивниот бренд и почнаа да нè поддржуваат. Па, така, сега

ни е полесно зашто добиваме голема помош за нашите и

нивните видеа, секако дека ни помогнаа и за остварување

на нашиот прв настан „Јутјуб шоу Македонија“. Секако, сме

соработувале и со други поголеми и помали компании кои

поддржуваат јутјубери или влогери, но најчесто тоа биле

еднократни проекти.

Од неодамнешниот настан можевме да забележиме дека сте

омилен кај многу деца, млади луѓе и сте вистинска ѕвезда.

Што се измени во вашиот живот откако станавте популарен

и на кој начин најмногу комуницирате со својата публика?

Иако не сакам себеси да се гледам како „популарна личност“,

сепак многу работи се сменија во мојот живот. Многу ме

радува тој факт и сум благодарен, бидејќи „популарноста“

многу ми помогна во својата одговорност, издржливост,

како и во самодовербата. Затоа најмногу си ја сакам својата

публика, со која најчесто комуницирам преку моите видеа и

преку коментарите под секое видео. „Популарноста“ сама

по себе носи одговорност и свесен сум за тоа, моите чекори

можат да влијаат на многу други луѓе и тоа најчесто се млади

луѓе, што се во развој. Но, во реалниот живот секогаш се

обидувам да бидам добра личност и да бидам праведен пред

сите и пред себеси. Мислам дека токму тоа се рефлектира и

во видеата на мојот канал на „Јутјуб“, така што чест ми е што

можам на толку многу луѓе да оставам насмевка на нивните

лица.

За крај, многу е важно да испратиме заедничка порака за

правилна употреба на интернетот. Можете ли да ни кажете

кои се најважните услови за едно дете да биде безбедно во

светот на социјалните мрежи и целиот интернет-криминал?

Доколку се работи за помало дете, многу е важно родителот

да знае што прави неговото дете и кои сајтови ги посетува.

Никогаш не треба да се посетуваат сомнителни страници

или, пак, да се разговара со непознати личности, исто како

и во реалниот свет. Исто така, многу треба да се внимава

каде се оставаат личните податоци, бидејќи на интернетот

тоа може многу лесно да биде злоупотребено. Сметам дека

и во училиштата треба да се обрне внимание на правилното

користење на интернетот, бидејќи децата се најранливите

жртви кои можат да потпаднат во опасности поврзани со

интернетот. Затоа, пак, „Јутјуб“ е една од најбезбедните

страници на кои можат да се забавуваат децата!
Дизајн и декор

ПОИНАКВА ГРАДИНА

ВО ДОМОТ

Одгледувањето растенија во домот освен што носи задоволство и на многумина им преоѓа во хоби, па и во

опсесија, воедно го надополнува декорот, го освежува и го прави просторот за домување поубав. Ви нудиме

неколку поинакви предлози за саксиски цвеќиња, растенија и дрвја што ќе ви го направат домот катче за

уживање.

Можеби изборот за одгледување дрво во домот ви се чини премногу смел, но лимоновото дрво, на пример,

е многу лесно за чување и не расте многу големо. Постои и во џуџеста верзија, но онаа оригиналната е

особено привлечна. Внимавајте при одбирањето на локацијата да го поставите на место што има доволно

сончева светлина.

104
Дизајн и декор

Растенијата поставени на полици или на

постаменти во различни висини можат да

создадат своевиден параван кој може да

служи како разделник што визуелно ќе ги

подели собите без да го затвори просторот.

Висечките растенија закачени на таванот

можат да бидат навистина декоративни

поради нивното лежерно разгранување

во форма на ползавец. Прицврстени или

обвиткани околу парчињата мебел ќе бидат

навистина уникатен растителен декор.

Понекогаш повеќе е подобро. Мноштвото

растенија во различни големини, сместени

во различни, впечатливи саксии, можат да

придонесат за бохо дух при уредувањето на

домот.

Не плашете се да ставите билки во спалната

соба. Изберете ги оние што испуштаат

кислород навечер и што придонесуваат за

подобар сон, како алое вера, арека палма,

гарденија, сансеверија (индијанско перо),

јасмин, лаванда и слични.

Свежите зачински билки ќе наидат на

широка примена во кујната. Засадете ги

во тегли, конзерви, керамички садови –

онака како што најмногу ќе ви се вклопат

во останатиот кујнски декор и уживајте во

секогаш свежите ароми.

Кактусите и сукулентите се хит во последно

време, веројатно поради многуте различни

видови, како и поради лесното одржување.

Издвојте катче од домот што ќе биде

наменето токму за овие растенија.

105
ИДЕМЕ НА ЖУРКА! 1.0

Го обожаваме летото! За време на најопуштените и најубави месеци во годината се одржуваат и концертите на отворено што,

освен уживање во одлична музика, гарантираат и незаборавни искуства. Изберете дестинација што најмногу ви одговара, како

и програма што соодветствува на вашиот музички стил, спакувајте го ранецот и подготвени сте за уште едно супер лето.

SZIGET

Задолжителен за сите хардкор-концертџии. Еден од

најголемите концерти во Европа со повеќе од 60 официјални

бини на кои можете да уживате во рок, метал, инди, панк,

поп, синтпоп, реге, хип-хоп, world music и електронска

музика. Се одржува на остров на реката Дунав, а претставува

повеќе од фестивал – во програмата влегуваат и театарски

шоуа, циркуски точки и различни уметнички проекти.

Сместувањето е во различни видови кампинг, а достапни

се и пакет билети со влезници и кампирање. За пасовите од

седум, пет или три дена, кампирањето е бесплатно.

Кога: од 8 до 15 август

Каде: Остров Обуда, Будимпешта, Унгарија

Како да стигнам до таму: Лет до Будимпешта (1 час и 35

минути) и уште 20-тина минути со јавен превоз до Обуда.

Влезници: За сите седум дена влезницата е 310 евра.

Хедлајнери: „Арктик манкис“, Дуа Липа, Кајго, Лана Дел Реј,

Кендрик Ламар, „Горилаз“, Мамфорд & санс, Шон Мендес,

Бастиј, Лики Ли, Зара Ларсон, Финк и др.

TOMORROWLAND

Еден од најзначајните фестивали за електронска музика што

ги пречекува посетителите во атмосфера како карневал.

Секоја година фестивалот има носечка тема, а годинешната

е мистичната The Story Of Planaxis, што се поврзува со

магиски и морски мотиви. Сместувањето е во составот на

фестивалскиот кампус во кампот, „Дримвил“, во кој има

продавници, маркети, тушеви, па дури и салони за убавина.

Кога: од 20 до 22 јули и од 27 до 29 јули

Каде: Бом, Белгија

Како да стигнам до таму: Со авион до Брисел (2 часа и

45 минути), па со воз или автобус до Бом (уште 1 час и 30

минути).

Влезници: Дневните билети за еден фестивалски ден

почнуваат од 91 евро.

Хедлајнери: Карл Кокс, Армин ван Бурен, Димитри Вегас,

Соломон, Бен Клок, Свен Вет, Пол Калкбренер, Мартин

Гарикс, Алесо, Паул ван Дајк, Шарлот де Вите и др.

106
ULTRA EUROPE

Фестивалот за електронска музика „Ултра“ е присутен на

глобалната сцена, а како „Ултра Европа“ почнува да се

одржува од 2013 година во Хрватска. Можете да го посетите

во рамките на трите дена во Сплит (од шести до осми јули)

или за најавантуристичките посетители постои и опцијата

„Дестинејшн ултра“, што почнува на петти јули во Сплит,

па следуваат трите официјални вечери на „Ултра Европа“

(шести, седми и осми јули), „Ултра регата“ на Брач на деветти

јули, „Ултра бич“ и „Ултра бич афтер парти“ на Хвар на

десетти јули и „Клоузинг парти“ на Вис на 11 јули. Достапни

се пакет билети за влез и сместување во камп, хотел, хостел

и апартмани.

Кога: од 6 до 8 јули

Каде: Сплит, Хрватска

Како да стигнам до таму: Лет од Скопје до Загреб (1 час и 15

минути), па со воз/автобус (околу шест часа) или уште еден

лет (45 минути) до Сплит.

Влезници: Тридневните билети за „Ултра Европа“ почнуваат

од 129 евра.

Хедлајнери: „Афроџек“, „Чејнсмоукерс“, Дејвид Гета, Алесо,

Армин ван Бурен, Карл Кокс, Диџеј Снејк, Маршмело и др.

WAY OUT WEST

Шведската сцена е домаќин на различен тип изведувачи–

почнувајќи од меѓународни суперѕвезди до локални

музичари, претежно од рок-сцената, изведувачи на

електронска и хип-хоп музика. Петте сцени се поставени во

паркот Слотскоген, каде што, покрај музика, се прикажуваат

и филмски проекции, поставени се и уметнички изложби и

инсталации, како и киосци со храна. Целиот фестивал е во

екоконцепт, па така можат да се купат само вегетаријанска

храна и органски промо-материјали.

Кога: од 9 до 11 август

Каде: Гетеборг, Шведска

Како да стигнам до таму: Со авион до Гетеборг (три часа) и

со јавен превоз уште 20-тина минути до паркот Слотскоген.

Влезници: Блок-билетот за сите три фестивалски дена е 202

евра.

Хедлајнери: „Аркејд фајр“, „Арктик манкис“, Пети Смит, Оги

Поп, Рај, Кендрик Ламар, Бонобо, Зигрид, Фивер Реј, Џорџа

Смит и др.

107
ГРАДСКИ

РИТАМ

108

SKOPJE STREET FESTIVAL

08-10 јуни од 17:00 ч.

ГРАДСКИ ПАРК

НИНА БАДРИЌ

09 јуни од 20:30 ч.

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

ELECTRIC UNIVERSE

09 јуни од 23:00 ч.

СКОПСКО ЛИЗГАЛИШТЕ

NIKOLA VEMIC

09 јуни од 23:00 ч.

ЕПИЦЕНТАР

ФЕСТИВАЛ НА УЛИЧНИ ИЗВЕДУВАЧИ

„БАСКЕРФЕСТ“

12-17 јуни од 19:00 ч.

ПЛОШТАД, СКОПЈЕ

DJ GREGORY/UZUN BABA

14 јуни од 23:59 ч.

СЕКТОР 909

МАВРОВСКИ МАРАТОН

17 јуни од 09:00 ч.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК „МАВРОВО“

AXWELL/INGROSSO НА SKOPJE

CALLING

21 јуни од 21:00 ч.

СТАДИОН НА АРМ

MORCHEEBA И NOUVELLE VAGUE НА

SKOPJE CALLING

22 јуни од 20:00 ч.

СТАДИОН НА АРМ

MARKO NASTIC

22 јуни од 23:59 ч.

ЕПИЦЕНТАР

TEXAS И ДАРКО РУНДЕК НА SKOPJE

CALLING

23 јуни од 21:00 ч.

СТАДИОН НА АРМ

TAKASI NAKAJIMA/UZUN BROTHERS

23 јуни од 23:59 ч.

СЕКТОР 909

ПЛАНИНАРСКИ ВЕЛОСИПЕДСКИ

МАРАТОН „ШАРСКИ ВОДИ“

24 јуни од 08:00 ч.

ПЛАНИНАРСКИ ДОМ „СМРЕКА“,

ПОПОВА ШАПКА

ALAN WALKER НА SKOPJE CALLING

24 јуни од 20:00 ч.

СТАДИОН НА АРМ

DEJAN DEX/JOSS/BERRYQYAT/SASHO

UZUNOVSKI

29 јуни од 23:59 ч.

СЕКТОР 909

KIKO NAVARRO

30 јуни од 23:59 ч.

ЕПИЦЕНТАР
Се зборува за...

КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ПРИЧИНИ ЗА ОПАЃАЊЕ

НА КОСАТА КАЈ ЖЕНИТЕ?

Растењето на влакното минува низ природен процес што

може да биде нарушен од физичка и ментална нерамнотежа.

Кај жените, меѓу најчестите причини за опаѓање спаѓаат:

генетика, бременост, стрес, медицинска состојба (анемија,

проблем со тироидната жлезда; автоимуна болест;

полицистични јајници; хормонални нарушувања), лекарства,

загадување на воздухот и агресивни третмани (фарбање и

трајни фризури).

Добрата вест е што можете да дејствувате кај дифузното

опаѓање (при што косата опаѓа рамномерно на целата глава).

Решението е Парусан – шампон и тоник што ја стимулираат

циркулацијата и внесувањето на хранливи материи на

кожата на главата, го запираат опаѓањето на косата и го

поттикнуваат нејзиниот раст. Со користењето на Парусан во

фазата на растење повторно се наоѓаат значително повеќе

фоликули на влакна – резултат што се одразува на густината

на косата. Освен тоа, преостанатите состојки во Парусан го

зајакнуваат коренот на влакното, ја хидрираат и ја негуваат

косата, правејќи ја здрава и сјајна. При нивна редовна

употреба, резултатот е видлив веќе по три месеци. Клинички

докажано!

ПРОИЗВОДИ ОД

РОСАЛ

ЗА СОВРШЕНА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ

Познатата хрватска козметичка компанија Росал ја претстави

линијата Perfect You, што нуди комплетна нега за усни, лице,

тело и раце, за негуван изглед, со трендовски призвук. Секој

од производите нуди длабинска нега, ефикасна заштита

и брза примена со неодоливи ароми, врвни состојки и

практични и атрактивни пакувања.

Rosal Lip Balm Perfect You е сјај за нега на усните. Ги заштитува,

навлажнува и хидрира со богатата формула сочинета од шеа

путер и масло од авокадо, а воедно овозможува висок сјај и

нежна боја. Не ги лепи усните и лесно се нанесува.

Rosal Face Perfect You е крем за лице што е практичен и

едноставен за користење, а се разликува според типот на

кожа за која одговара – нормална, сува или мрсна. Со еден

потег дава нега, хидратација, заштита од сонце и изедначен

тен.

Rosal Body Perfect You е путер за тело што негува како путер,

а се размачкува како крем. Овозможува длабинска нега и

инстантно ја прави кожата совршено мазна.

Rosal Hands Perfect You е лосион за раце што ја храни и ја

заштитува сувата кожа, брзо се апсорбира, а доаѓа во три

неодоливи мириси на јагода, ванила и камилица.

ИГРА СО БОИ ВО НОВАТА КОЛЕКЦИЈА

DIORSHOW

Кога е играта на бои во прашање, не постојат граници за

Диор. Креативниот директор на Christian Dior makeup,

Питер Филипс ги осмисли новите производи од линијата

Diorshow: тушот за очи Diorshow On Stage Liner, маскарата

Diorshow Pump ‘n’ Volume и тушот за веѓи Diorshow All-

Day Brow Ink. Течниот туш се нанесува лесно, овозможува

совршено исцртување, а неговите пигменти се постојани и

водоотпорни со трајност до 24 часа. Достапен е во црна,

бела, розова, зелена, тиркизна, црвена, сина и жолта нијанса

за уникатно креативно изразување. Маскарата, пак, создава

инстант-волумен во различни, екстравагантни бои. Доаѓа

во флексибилно пакување, а со едноставно притискање

на еластичната туба, густата формула на Diorshow Pump

‘N’ Volume ќе се пренесе на четкичката во неопходното

количество. Покрај стандардните бои, достапна е во

четири нови, лимитирани неонски нијанси: виолетова, сина,

корална и розова, како и во водоотпорна верзија. Тушот за

веѓи креира совршено дефинирани веѓи со интензивен или

природен изглед. Неговата формула е богата со интензивни

пигменти и водоотпорни полимери што гарантираат

беспрекорен изглед и до 36 часа, а апликаторот е совршен

за лесно нанесување. Лесно се отстранува со средство за

чистење, а е достапен во три нијанси.

109
Колумна

АНА ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

КОРЕНОТ НА ЗЛОТО

НЕ МИ Е ВАЖНО ДА БИДАМ ПОДОБРА ОД ДРУГИТЕ, ТУКУ ВАЖНО МИ Е

ДА БИДАМ НАЈДОБРА ВЕРЗИЈА НА СЕБЕСИ

Ви благодарам на вниманието, бевте одлична публика!

Го исклучувам микрофонот, станувам од модераторското столче, слегувам од сцената и посакувам најбрзо

што може да се скријам од рефлекторите. Камен ми стои во грло. Пијам вода од шишето на екс, како да

сум дехидрирала. Ги барам со поглед моите блиски луѓе низ толпата, за побрзо да ме снема меѓу нив. Ги

излажав дека беа одлична публика. Никакви беа! Повеќето од луѓето во публиката беа дојдени за крв, а

не за да слушнат различни мислења и да научат нешто ново. Сепак, низ насмевка ги поздравив по три часа

биење битки во дебатата што ме истошти како да сум трчала маратон. Психичкиот напор често е потежок

од физичкиот, а модераторот мора да ги балансира зовриените страсти. Морав да ја спуштам топката.

110
Колумна

Немаше друг начин да ја смирам тензијата што владееше во

просторот, освен да им речам дека сите имаат право на свое

мислење, иако нивните ставови беа одраз на една грозна

реалност што ја живееме години наназад. Насилството, во

која и да е форма, вербално, психолошко, структурно... може

да се дисциплинира само со добар збор. Немав намера да

играм „чикен“ со зборови со публиката, која им се нафрли

на говорниците како да сакаше да ги линчува, иако на

моменти ми доаѓаше да им ја плеснам вистината в лице и да

им одржам кратка лекција по цивилизирано и аргументирано

дискутирање. Притисокот сигурно ми беше 200, но решив да

дишам длабоко, изброив до десет и продолжив со умерен

тон на гласот и со блага нарав. Јавните настани или настапи,

сеедно, те тренираат да станеш зен-мајстор. Барем така се

тешам што одамна веќе не вежбам јога. :) Како модератор

треба да умееш да ги препознаеш чудните енергии на

луѓето и секогаш да си подготвен дека ситуацијата може

да излезе од контрола. Сум имала многу такви искуства. И

сè ова немаше да ми остави толку силен впечаток, ако не

продолжев да размислувам зошто младите луѓе денес се

однесуваат толку агресивно. Не се агресивни во барањето

на своите права (тоа сосема би можела да го разберам,

па и да го оправдам), туку во потребата да го деградираат

другиот и да го распарчат туѓото мислење. Иницијацијата на

насилничкиот тон почнува со немањето трпение вистински

да се слушне другиот и да се почитува и оној што размислува

различно од нас. Паланечката филозофија – или мислиш

како мене и си со мене или си против мене, длабоко ни го

осакатила општествово. Имав цел пат до дома пеш да мислам

за коренот на проблемот... За коренот на злото... Плус бев

со штикли (високи потпетици) :) па одот ми беше неизбежно

бавен. Имав долго време за размислување.

Ние бевме деца на топката. Овие денес се деца на

тастатурата. Игравме на улица, под сенките на крошните

на дрвjата. Децата денес рефлектираат на сината светлина

од мониторот на компјутерот. Ние се валкавме во кал,

додека тие, денешните деца, голтаат валкани информации

на социјалните мрежи. Развивавме фантазија како да

„изградиме“ куќи и дворци од ливчиња и песок, а ним денес

сè им е достапно на тацна. Овие партитури не се патетичноносталгична

песна по старото време, туку потреба од

преиспитување како растат децата денес. Како овој современ

ѕвер нè голта во капиталистичката челуст?

Младите се робови на технологијата, а до каде тоа може

да ескалира нè предупредуваат фрапантните стории за

злоупотреба на деца и млади преку интернет. Неодамна

слушнав дека има нов тренд каде што тинејџери од цел свет,

поврзани преку разни групи на интернет, се сечат себеси,

натпреварувајќи се кој подлабоко ќе продре со ножот под

својата кожа. Ужасно! Боли уште на самата помисла! САД и

Русија водат во бројот на жртвите од овој болен синдром.

Сечењето по (или под) кожата, психолозите го објаснуваа

како патолошка потрага по загубената смисла, длабоко во

себеси. Некој ќе рече дека и во „наше“ време имаше разни

секти, што вешто и подмолно ги заведуваа младите да

изградат култ околу некоја личност или кауза (најчесто без

никаква логика и рацио), но денес моќта на заведувањето е

многу поразорна заради лесната достапност до информации

и заради големата изложеност на личните податоци.

Денес, заведувањето, маскирано во модерните технолошки

болештини, носи свилени ракавици. Далеку од тоа дека сум од

оние луѓе кои интернетот го сметаат за бизнисот на ѓаволот,

но опасностите од неговата неконтролирана употреба од

страна на децата и адолесцентите се многубројни. Примеров

со заведувањето на деца, кој ескалира и со голем број

самоубиства меѓу младата популација, можеби е екстремната

страна на технолошкиот вампир кој нè голта сите, а сепак не

сме далеку ни од домашните нус ефекти од прекумерната

злоупотреба на социјалните мрежи. Локалните ситуации

секако дека се побезопасни по физичкиот интегритет на

младиот човек, но разорни се за духовниот интегритет.

Социјалните мрежи често ги споредувам со канализација

по која површно пловат разни валканици (избегнувам

подегутантен збор, а би го употребила!). Отвораш

„Фејсбук“ или „Твитер“ и лавина од зли коментари, полни со

фрустрација, а празни од аргументација, се шират на разни

теми актуелни во државава. Луѓето имаат потреба виртуелно

да го истурат својот гнев. Едни се жедни за сензации, други

се гладни за шпекулации. Па, така, додека една информација

стигне до својата вистина, по пат ќе се закити со милион

предвремени заклучоци од сезнајковци, дежурни мрчатори

и експерти за сè и сешто. Изгледа дека сме општество

со најголем број експерти по глава на жител. :) Да не се

разбереме погрешно, јас сум голем „фан“ на критиката, но

кога таа е конструктивна и мотивирачка. Кога аргументира, а

не кога етикетира. Кога зборува со факти, а не со впечатоци.

Кога сплотува, а не кога прави нови поделби. Кога укажува

за да ги подобри состојбите или луѓето и кога се обидува

да направи промени, а не само кога се празни од гнев, без

грам одговорност да понуди решение или да преземе акција.

Со таквиот тип на злонамерна критика имам проблем, оти

отвора нов круг на зло, наместо да понуди идеи за решенија.

Таквите дежурни мрчатори најчесто се малициозни во своите

намери. И можеби и нема толку да ми бодат очи, ако во исто

време на социјалните мрежи има и по нешто убаво. Зрак

светлина во тунелот. Некој добар совет, некаква животна

филозофија што ќе те инспирира и ќе те натера да размислиш

како живееш, каде движиш и како можеш да придонесеш

кон подобар свет. Нешто што ќе те натера да имаш повеќе

разбирање, повеќе трпение, повеќе емпатија, повеќе

одговорност за животната средина, за културата, за другиот,

за сè... Нешто што ќе те мотивира да направиш добро дело,

без притоа да калкулираш што ќе добиеш за возврат. Нешто

што ќе го надмине синдромот „козата на комшијата“ и ќе те

поттикне секој ден да бидеш подобра верзија на себеси.

Јас конечно решив дека не ми е важно да бидам подобра од

другите, туку важно ми е да бидам најдобра верзија на себе.

Се разбира, сè почнува од својот круг, во своето маало, со

своите луѓе, за своите колеги и (со)граѓани. Само треба да си

доволно свесен (или освестен) :) за да почнеш камче по камче

да поместуваш планини. „Биди ти промената која сакаш да

ја видиш во светот“. Постојано го цитирам Ганди, оти во оваа

реченица се крие тајната на мудриот и на одговорниот живот.

Секое празно плапотење на „Фејсбук“ и секое удирање по

тастатурата во револуционерен ритам е „млатење празна

слама“ ако не си подготвен со промените да почнеш од

себеси. Од денеска, не од понеделник. :) Од СЕГА!

111
#PORTRETMAGAZIN

#OOTD

#NATURE

@teonamango

@macaparket

@ksenijadespotoska

@kiril.ambar

@dekovelevski

@irenateodora

112
LOVES

INSTAGRAM

#BIKE

#PORTRETMAGAZIN

@nik.vuk

@victory__

@gorddk9

@mkovacheska

@drenkacrochet

@gj_mihaela

113
STREET & STYLE

ИМАТЕ СУПЕР СТИЛ И САКАТЕ ДА НИ ГОСТУВАТЕ ВО РУБРИКАТА STREET STYLE?

ФОТОГРАФИРАЈТЕ СЕ И ТАГИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ФОТКИ СО ХАШТАГОТ #PORTRETSTREETSTYLE.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Сања Симоска

Марко Симовски

Бранкица Јордановска

Ефимија Мановска

Григорија Гулевска

Михаела Петровска

114
ПРИВЛЕЧНО, УДОБНО И СЕКСИ

115
116